Ancient Aliens е серија документарци во која неколку истражувачи споредуваат, кажуваат, раскажуваат, докажуваат за наводни посети на земјата од вонземјани во некои дамнешни времиња. Нивната теорија е дека се она мистично што се случило, изградило или направило кај нас, а немаме логично објаснување е дело на вонземјани кои дошле да ја споделат својата интелигенција со нашите предци и редовно не посетувале, помагале, истражувале па дури и се размножувале.
Темата ја отворам пошто баш ме занима кое е вашето мислење за серијава ако сте ја гледале. Верувате ли во она што го кажуваат?
Јас ја изгледав по стотина препораки, некој мислам и ја има спомнато низ темите за вонземјани, ама некако сум скептик во врска со фактите што ги даваат. За секоја теорија имаат како доказ некој цртеж или статуетка што личела на марсовец, а се разбира дека не мора да значи ништо, нив им личи на вонземјанец. Патем нив се им изгледа на летачка чинија и на вонземјани. Ок, има и некои логични работи, ама уствари испаѓа дека се, ама баш се е дело на вонземјани.
- Исус бил зачнат од вонземјанец, Арката на Ное била уствари банка на ДНК и се разбира тука помош имал од вонземјани, сите фараони биле дојденци од друга планета, или бар мешани од земјак и вонземјанец, ангелите се вонземјани, боговите исто така, вонземјаните ги изградиле пирамидите, оставиле 13 черепи кои ги знаат точните информации за нив, летале со авиони 10000 год п.н.е, користеле атомски бомби, патувале и истражувале...Сите се вонземјани и се е дело на вонземјани.
Па имаше и една теорија дека уствари нема вонземјани, него патници низ времето и дека се она што денес го истражуваме а ни е мистично и нелогично да е направено во одредено време со одредена технологија, т.е без технологија е ни помалце ни повеќе него потшепнато и потпомогнато од нас самите кои сме се вратиле во минатото за сами да си се збуниме во иднина. Кој пресврт
Иначе сигурно знаете еден од типциве што зборат од мемето во спојлерот.