Критики за администрацијата

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Интересен податок - членот lady_blue последен пост имал на 29 октомври, па пауза до вчера (5 декември), кога реши да се вклучи во дискусија на форумот, баш во темата критики за администрацијата. Во дискусија „зошто сум кликнал лајк“. Мислам молимте.

Очигледен е недостатокот на инспирација за квалитетна дискусија на некои членови, па се вклучуваат само каде што можат „да потплукнат“ и тие, типичното македонско.

Не знам по кој пат да повторам, немам време да ги следам сите дискусии. Кога доделувам опомени, доделувам по пријави. Ако се случи во иста дискусија некој да добие опомена, а друг да не добие, тоа не е зашто едниот го неќам, а другот го сакам, туку затоа што за едниот пост имало пријава, за другиот немало.

Во иднина ќе се дистанцирам од делење опомени, баш од овие причини и ќе ги делегирам тие активности на супер модераторите.
Точно, пауза од месец и нешто сѐ до вчера и баш до тој пост. И?

Требаше да премолчам, мислејќи првенствено - леле, шо ќе си помислат сега другите ако реагирам?
Поентата е - кога читаш текст, разбираш ШТО читаш?

Кога стиснуваш „ми се допаѓа“ ( а тоа во вревод значи - поддржувам, се согласувам, така е, така треба....), а имаш улога на некој кој колку-толку треба да дава некаков пример за пристојно однесување, немаш ли 5 секунди време да се запрашаш, не што ќе си помислат другите, ами каква порака им испраќаш на другите?

Ако типичното македонско „потплукнување“ значи да се истапи и да се каже јасно и гласно - „ова ги преминува сите граници на пристојност и човечност“, тогаш виновна сум, а богами и горда.

п.с. магичното копче „пријави“ има некоја аномалија во однесувањето, оти го стиснав вчера два пати,
и мислев дека нема да има потреба да се вклучувам во дискусијата.
Можеш да го замислиш моето изненадување кога наместо соодветната реакција од надлежните, под текстот забележав „ми се допаѓа“.

п.п.с. True_Blood доволно си интелигента да ме разбереш и шо зборувам и зошто истото го зборувам.
 
$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
ipopovski тогаш дај им ја твојата функција на некој кој што мислиш дека знаат/разбираат админ панел на XenForo. Тогаш времето се ќе дозволи.
 
ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Дечки дај средете го форумов... Што е ова, крш, да не знаеш кај пишуваш, да не знаеш дали Македонски или Англиски пишува....
Па да не зборам за мобилната верзија... 20 сати се трудев да отворам порака преку мобилен нејќе па нејќе кликаш на „пораки“ те носи на почетна.
Ужас.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево

Дечки не е до дечките : D До админот е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Дечки не е до дечките : D До админот е.
До кој и да е треба да се среди и да се реагира брзо... оти ова сивава боја на местото каде што пишувам ме нервира,
„drop files here to upload“ ми ги кине живците,
и така :)
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
До кој и да е треба да се среди и да се реагира брзо... оти ова сивава боја на местото каде што пишувам ме нервира,
„drop files here to upload“ ми ги кине живците,
и така :)
Само тоа? А оние блокчињата со броеви на страните што се изместени? Статистиките под имињата? Draft saved Draft deleted : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Дечки дај средете го форумов... Што е ова, крш, да не знаеш кај пишуваш, да не знаеш дали Македонски или Англиски пишува....
Па да не зборам за мобилната верзија... 20 сати се трудев да отворам порака преку мобилен нејќе па нејќе кликаш на „пораки“ те носи на почетна.
Ужас.
Се прави надоградба, ќе средиме во текот на денот.