Не налетав на соодветен подфорум за отвартање на темава, па модераторите слободно нека ја преместат.
Читајќи статија на српската Рускареч за 12-те руски откритија кои го промениле светот си реков да отворам тема во која би се дискутирало за откритија без кои современиот човек не би можел да опстане.
1. Гасеница
Капетанот во руската армија Дмитриј Загрјашански во 1837 г. направил нацрт за гасеничен систем на движење и се обратил во министерството за финансии за издавање на патент за возило со гасеници. Го добил истиот ама руските индустријалци не биле заинтересирани за истиот, па по две години патентот бил анулиран.
Дури во 1877 г. рускиот селанец Фјодор Блинов, го довршил изумот на Загрјашански. направил возило на гасеничен погон. Тој пронајдок овозможил да се произведуваат трактори, а подоцна и тенкови.
2. Вагон на електричен погон
Појавата на вагон на електричен погон напавила услову за вистинска сообраќајна револуција која го забрзала развојот на градовите и индустриските центри. Се започнало во 1874-76 кога рускиот пронаоѓач Фјодор Пироцки испробувал начини за пренос на струја на далечина, во која една шина служела како директен проводник, а друга како повратен проводник. Така проработил електромоторот кој бил оддалечен 1 км од изворот на ел.струја. По неколку години Пироцки направил проба во Сестрорецк со вагон во кој имало 40 луѓе. Првата електрифицирана трамвајска линија во светот е отворена во 1881 г. во Германија, во едно берлинско предградие по нацртите на рускиот пронаоѓач.
3. Видео рекордер
Ученикот на основачот на руското воздухопловство Николај Жуковски, рускиот инжинер Александар Поњатов, работел во 50-тите години во САД во компанија Ampex кој сам ја основал. Таму успеал да сними видео сигнал. Неговата компанија станала светски лидер во областа на просеионалното снимање и репродукција на слика и тон на магнетна лента, а светските електронски гиганти биле приморани да го користат патентот на Поњатов во производството на куќни видео апарати.
4. Радио врска
На своето предавање на Петроградскиот универзитет во април 1885 професорот по физика - Александар Попов соопштил дека прв пронашол систем на бежична врска на далечина, и на лице место го демонстрирал пронајдокот - прв радио приемник на светот. Меѓутоа не можел да го објави својот пронајдок бидејќи работел за Армијата. Во исто време слични екперименти правел и Гуљермо маркони, чиј пронајдок е објавен во 1897 г. На запад сеуште се води спор кој прв го пронајде радиото прв.
5. Хеликоптер
Игор Сикорски е уште еден руски пронаоѓач чиј потенцијал во целост е реализиран во странство. Тој во 1910 г. направил прототип на ротокоптер кој успеал да се подигне во воздух. Во 1912 г. го направил првиот хидроавион, а потоа и првиот авион со повеќе мотори (Тешкиот бомбардер на руската царско возено воздухопловство - Иља Муромец). По оОктомвриската револуција емигрира во САД. Таму со познатиот руски композитор Сергеј Рахмањинов вложуваат средства за основање на компанијата Sikorsky Aeroengineering Corp.
Првиот експериментален хеликоптер на Сикорски полетува во септември 1939 а со него управува Сикорски. Нацртот на овој хеликоптер е актуелен од тогаш. На истиот принцип се направени 95% од хеликоптерите во светот. Сикорски во 1942 г. го направил и првиот хеликоптер-двосед.
6. Фото ќелија
Појавата на телевизијата ни е овозможена благодарејќи на откритијата на рускиот физичар Александар Столетов. Тој во 1880-тите по експериментален пат дошол до теоретско објаснување назаконот за фото-ефект. На основата на фотоефектот се направени фото ќелии кои денес имаат голема практична примена. Столетов ја направил првата фото ќелија основана на надворешен фотоефект и ја открил зависноста на фотострујата и интензитетот на светлината.
7. Трансформатор
Невозможно е да се замисли енергетскиот систем без трансформаторите. Првите трансформтаори биле конструирани и воведени во употреби до русите: Јаблочков и Усагин. јаблочков уште во 1870-тите смислил решение кое во историјата влегло под името: поделба на светлината. Неговиот изум подразбирал примена на трансформатор и кондензатор. Јаблочкол го демонстрирал во Парис и Петроград (денешен Санкт-Петербург), а веќе во 1882 г. пронаоѓачите Голар и Вилард во Франција го патентирале трансформаторот со отворено железно јадро.
8. Јогурт
Ферментираните млечни производи постојат одамна, ама првата теорија за нивното благотворно влијание на долговечноста ги формулирал рускиот научник мечњиков. Тој во 1910 г. изнесол идеа дека животот се продолжува ако човекот користи ферментирани млечни производи кои ги редуцираат процесите на труење во цревата. Мечњиков утврдил дека најмногу долговечни луѓе има во Бугарија од каде потекнува јогуртот. поточно во Тракија за прв пат биле додавани бактерии кои предизвикувале ферментација.
9. Телевизија
Зворикин е уште еден руски инжинер чии изуми се појавиле во САД. Него му припаѓа изумот на 20-тиот век - електронскта телевизија. Тој уште во 1923 г. го пријавил својот патент на Заводот за патенти на САД. 6 години подоцна го направил високовакуумски тв приемник (кинескоп), а по две години и предавателот (иконоскоп).
10. Кинење на нафтата
Невозможно е да се замисли денешниот свет без автомобили, а со тоа и без бензин. Толку големи количини горива можат да се добијат со раскинување (фракцвија) на нафтата. Со тој процес се добиваат околу 70% од бензинот, додека од обичната преработка само 10-20% бензин. Рускиот инжинер Владимир Шуков прв ја открил фракцијата во 1891 г.