Во Новата година!
Да ги вкусите сите спротивности што ги пружа животот.
Среќата и тагата,љубовта и гневот,радоста и болката,немирот и мирот.
Почуствувајте го животот со сите негови убави и лоши страни.
Дозволете во вас да расте секоја спротивност,додека не се соединат во едно.
Љубете како да ви е последен ден од животот,гневете се како цела вечност ќе живеете за да се одмаздите.
Ништо што ќе ве снајде не отфрлајте,тие се тука за ваше оформување,тие ќе бидат ваш чекан и наковална,
вжарете се во печјката наречена љубов и нека удираат по вас силно,ќе боли многу,ќе капат солзи и летаат искри.
Бидете силни и пред се верувајте во себе.
Нека новата година ви биде последна од оние кој ги броите,последна од оние по кој се качувате и симнувате,паѓате и станувате,
место во бројка во вечноста да зачекорите и на престолот од времето да седнете,но не како бог или ѓавол,туку како Човек.