IMDb-генерална дискусија

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Кој го посетува форумов, знае што е ИМДб (да не лепам дефиниции од Википедија) и од колкава помош ви е, и која улога ја игра (или не) во вашиот избор кога се работи за филм/серија/емисија.

Оцените мене лично ми вршат голема работа, пошто одамна не гледам филмови кои таму се оценети под 6 (освен се разбира ако не ми се даде добра препорака) од причина што скоро секогаш се согласувам со проценките на филмови на кои им е доделена оцена од -6 и се согласувам со оценувањето општо, скоро во повеќето случаи. Ќе ме искритикуваат многу сега знам...
Но не дека некогаш и немам забелешки. Има преценети (посебно во листата топ 250), а и потценети филмови.

Тука пишувајте општо за ИМДб, или за филмови/серии кои ви биле досадни и ве изненадиле која оцена ја уживаат, или обратно, знаете филмови/серии кои заслужуваат многу повеќе од скромната оцена доделена таму.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
IMDB е реално добар сајт, ама што се однесува до оцените, не секогаш се реални. Доста често гледам предлози за филмови од таму, секој изгледан филм си го оценувам и така.
Пример за потценет филм ми е Mr. Bones што реално заслужува барем 6ка, а има 3.9. Добра комедија е. Реално за комедии такоџе едни се потценуваат, други се уважуваат. Најјаката комедија Airplanes! мене ми беше тапа, па сега види колку е реална оцената.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence and Saladin

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
IMDb ми е еден од најпосетуваните сајтови. Првенствено поради серии, така следам кога искача нова епизода или општо, нова серија. Си имам профил така да, супер ми доаѓа и опцијата "watchlist" за "зачувување" на филмови и серии кои сакам подоцна да ги погледнам.

Што е до оцената, до одреден степен влијае врз мојата одлука дали ќе го погледнам филмот/серијата. Пробувам да бидам објективна, но сепак кога ќе видам висока оцена дополнително ме тера, а понекогаш и е единствена причина за да го погледнам филмот/серијата. Секако дека не секогаш се согласувам со оцената, се случува некој со висока оцена не испаднал по мој вкус, и обратно.

Исто така, кога правам муабет за одреден филм/серија или пак добијам препорака, веднаш одам на IMDb за да ја прочитам кратката рецензија и да видам кои глумци играат. И уште нешто, многу ми се допаѓа она "People who liked this also liked..." каде што добиваш линк од сличен филм/серија, кое обавезно го проверувам и често добивам идеја што следно да гледам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Хоуп*

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Се што е под 6,5 се прашувам во себе си дали треба или не да го гледам. (еци-пеци-ец)
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
IMDB е реално добар сајт, ама што се однесува до оцените, не секогаш се реални. Доста често гледам предлози за филмови од таму, секој изгледан филм си го оценувам и така.
Пример за потценет филм ми е Mr. Bones што реално заслужува барем 6ка, а има 3.9. Добра комедија е. Реално за комедии такоџе едни се потценуваат, други се уважуваат. Најјаката комедија Airplanes! мене ми беше тапа, па сега види колку е реална оцената.
Еј баш е јак филмот и си ја заслужува оцената.
Кои комедии се потценети, Американска пита ли?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
IMDb...

Праисторија и историја
За сајтот знам уште од време на Dial up конекцијата - кога освен во Аеродром имаше кабловски на поедини места. Уште од тогаш си вршев еден вид на прегледи за рецензии, предлози... Пошто повеќето филмови ги изнајмував од ДВД-тека или ги начекував на тв, секогаш однапред се информирав збор-два за филмот. Па и да кажам, тоа итекако ми помагаше некои од комплексните европски полесно да ги сварам.

Примена општо
Го користам сајтот исто како што и низ годините - да се информирам за некој филм. Прво читам каков е филмот и кој е режисер (ова итекако ми игра многу важна улога). Потоа плејадата на актери. Ако забележам дека има огромен број на познати, секогаш филмот го гледам со резерва. Го ставам во листа за гледање (watch list). На крај откако филмот е изгледан, му давам оценка. Ако е комплексен и некои делови не му ги имам сфатено, кликам линкот на plot synopsis да сврзам нешто ситно но клучно.
Сеа за оценките. Влијаат но не се клучни. Неретко се случива филм со оценка над 7ца да ме има комплетно разочарано додека филм со оценка на просек (5) ми се има итекако допаднато. Најчесто комедиите се underrated пошо нели, многу има сличности од една на друга. Постарите се многу потценети (исклучок на монти пајтон).
Друго што имам забележано е терањето на претензии кон IMDb како мерило за апсолутно се`, а со тоа и губењето на сопствен вкус. Рецимо многу пати кога ќе седнам со друштво на кафе, муабети околу филм кој-што гледал и некои имаат некакво клањање кон одреден филм со изговорот дека филмот имал висока оценка на IMDb, што ме фрапира. Да речеме еве V for vendetta. Добро филмче, има и добра порака но да бидам искрен и неговата преценетост на сајтот има голем удел за да биде гледан и обожуван. Имало и подобри.
Од топ 10ката по оценка на IMDb, изгледани ми се сите, но мислам дека филмовите на Тарантино се преценети. Разбирам Rage & that crap но нема некое голема уметничка вредност во тие исфилувани амерички зборови. Повеќе пцовки има во некој српски филм. Исто важи и за Fight Club, кој ете е на последното 10то место. Но нека.
Општо сум задоволен од страната, прегледна е доста, до сега имам некоја бројка од 700 филма во листата (која нормално не е комплетна, земено на некои филмови што ги имам гледано пред да го направам профилот). Но препораките најчесто не ме промашуваат, ако се стави во спој режисерот, типот на филмот и плејадата на актерите.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Единствена комедија која мислам дека е потценета и тоа мнооогу потценета е RRRrrrr.
Француска комедија.

Години и години и години пред нашата ера, нашите предци се соочуваат за прв пат со убиство.
После натегања како да ја наречат за нив до тогаш непознатата појава, ќе оформат за прв пат полиција и детективи кои ќе истражуваат што се случило.
Паралелно со тоа, се случува и романса и битка за шампон меѓу две племиња.

Ако обрнете внимание на ситниците, тие се оние кои ќе ве насмеат најмногу.
Мене ми е една од омилените комедии, заедно со Airplane и не знам зошто оцена од 5.5, кога заслужува барем една јака 7ка, ако не и повеќе.
 

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Многу ретко го посетувам имдб, ги преферирам rottentomatoes. Го гледам соодносот на просечната оценка на критичарите и оценката на публиката. Ако разликата е помала од 15-20 проценти, а филмот има солидна оцена (над 70 проценти) тогаш го даунлодирам филмот. До сега немало промашај, а истото не можам да го кажам за имдб.
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Еј баш е јак филмот и си ја заслужува оцената.
Кои комедии се потценети, Американска пита ли?

Може бил јак пред 30 и кусур години, ама денес не е воопшто јак.
In the army now e потценет филм со 4.3 и има доста други што се со доста пониски оцени од тоа што би требало да имаат (ме мрзи сега да ја листам листата со филмови), а за Питата не ја ни сметам за комедија, мислам тинејџерски филм со секс елементи е пригодно име за тој тип на филмови.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Може бил јак пред 30 и кусур години, ама денес не е воопшто јак.
In the army now e потценет филм со 4.3 и има доста други што се со доста пониски оцени од тоа што би требало да имаат (ме мрзи сега да ја листам листата со филмови), а за Питата не ја ни сметам за комедија, мислам тинејџерски филм со секс елементи е пригодно име за тој тип на филмови.
Која е разликата од тогаш до сега, па да се изгуби квалитетот на филмот?
Ни се усоврши смислата за хумор, а тогаш ни била во фаза на усовршување, па сме прифаќале се што е сервирано како комедија? Или во меѓувреме се појави Џим Кери?
In the army now може бил добар пред 10 год, денес воопшто, кога зборуваме веќе така...