Ајде пишувајте нешто! Па досадно ми е...
Гледај аниме!
Ајде пишувајте нешто! Па досадно ми е...
Зошто луѓе не се ослободите од таа огорченост што си ја носите со себе и не седнете да разговарате со луѓе и како луѓе?
Форум е, не се замарај толку ќе рече некој, а сум рекла и јас, ама претерано е навистина.
Негативна енергија на тони. И чудете се зошто сме само тројца тука и зошто умрела активноста и членовите заминале.
Е зошто заминале де? Не ви текнува?
Зошто потценување и упорно водење контра? Зошто вечно незадоволни, намуртени и критички настроени кон се?
Може еднаш ли некој да пише нешто без да го нападнете со сарказми, паметни досетки или изречици од западот?
Мора на секоја тема да кажувате колку не сте задоволни од изборот на било што во темата, ама ај ќе коментирате колку да се зезне понатамошниот тек на дискусија...
Воопшто не ви е гајле бе луѓе што пишувате и какви впечатоци оставате?
Така се понашате и со пријателите?
Се има граница, имам и јас нерви челични, ама што е претерано претерано е навистина!
Кој мил Бобо сака да коментира со некој кој на секое ќе му го прави ова како ти мене погоре?Ова е као онака скриен пост „Ај ќе постирам и ќе се надевам дека нема да го виде Бобо“ или што? Обрати ми се мене директно де, нема потреба цел форум да го ставаш во тој кош зашто стварно ете 99% од членовите не се такви какви што опишуваш ти. Еве јас ќе ти одговорам бе Надежда.
Ај сеа јас тебе да ти поставам неколку прашања, може?
Објасни ми што е дискусија? Кои се тие паметни изречици од западот? Каде има правило за забрана на сарказам?
Објасни ми ја дискусијата без спротиставени страни. Еве јас не можам да замислам такво нешто и ми е претерано одбивно да видам такво нешто. Па и да нападнам некој, јас не напаѓам личност туку нечие изнесено мислење, нечиј став и немам воопшто против некој да ми се сконтра се` додека ми се контра на моите постови, а не да ми анализира каква ќе ми биде иднината зашто сум гледал се` црно.
Сарказам спомна. Треба да ги барам твоите постови кога ти употребуваше или било па поминало, ај сеа ќе хејтам хејтери и ќе бидам најјачи и најподржан оти хејтам хејтери. Кажи бе Надежда, што те смени така одеднаш? Фукнцијата и можноста да бришеш мислења во некои теми на виртуелно место? WOW!!! Ти чинам метанија за ова. Не заебавам, стварно еве.
Кој мил Бобо сака да коментира со некој кој на секое ќе му го прави ова како ти мене погоре?
OMG, WOW какво мислење, хахах кое мислење еј, врска немаш сега ќе ти кажам јас која е вистината. Па веќе стварно ми се смачи нон стоп тоа па тоа.
И ми се смачи да ми кажуваш откако сум станала модератор каква сум станала.
Функција? Која функција пријателе?
Престани те молам така да комуницираш со мене.
Воопшто не ви е гајле бе луѓе што пишувате и какви впечатоци оставате?
ММЕ кој прв почна?
Извини што се дрзнав да те наречам пријател.
Ме погоди да, не сакам таква комуникација со мене. И воопшто не ми е гајле за сателити, соѕвездија, ѕвезди и комети, ни што кажал Хаус и кое било неговото најголемо достигнување.
Тоа што ме засега мене е кој како ми се обраќа.
А во врска со последното прашање, не, воопшто не ме засега што мислиш за мене и кој впечаток го оставам кај тебе и не ми ни треба да знам.
Кое хејтање хејтери?А како очекуваш некој друг да го засега каков впечаток остава? И на што се сведува ова? Ај ќе исхејтам хејтери и ќе сум највечи фраер у маало. Ќе трескам таму нешто иако не го мислам тоа.
Ах празна сламо колку само те млатат.