Турет синдром

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Турет синдром претставува пореметување со движењата поради одредено наследно невролошко нарушување
на мозокот. Луѓето кои боледуваат од овој синдром прават одредени гласови и движења кои не можат да ги контролираат.
Турет синдром нема никакво влијание врз самата интелигенција или рок на живeење.

Во овие движења наречени ‘тикови’ спаѓаат следниве:

Физички движења
  • жмиркање со очите
  • кревање на рамениците
  • нагли движења на главата
  • гримаси со лицето

Вокални звуци
Звуците што луѓе со Турет синдром ги имитираат се:
  • шмркање
  • чистење на грлото
  • кашлање
  • лаење
  • врескање
Некои луѓе со ТС ги повторуваат своите или зборовите на другите луѓе или дури велат вулгарни или навредливи зборови без да сакаат.

Понекогаш луѓето со Турет синдромот непрекинато ги имитираат движењата на другите луѓе.

Дали познавате некој со Турет синдром?
Далли воопшто познавате некој кој боледува од било кој синдром?
Дали доколку ви бил пријател и одненадеж се појави овој синдром(бидејќи е можно да се појави покасно) би останале до него?
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Какво е тоа последното прашање дали би останале со некој ако му се појави овој синдром?
Дали тоа значи дека пријателите се само за во добро?
Се разбира дека ќе останам покрај човек додека е ЧОВЕК па макар од него и само увото да останало од болести, а не некои ситни пореметувања...

За синдромот искрено прв пат слушам, можеби и познавам некој, ама немам врска пошто обично не анализирам недостатоци и маани кај луѓето, така да ако мене не дај боже ми се појави некогаш ќе се заинтересирам што е, сега за сега таман си е!

Едит: Сега разлистав малце на нет, знам за овој синдром, само не знаев дека вака се вика.
Обични луѓе, нормални, со недостаток (а сите ги имаме, само кај нив за жал се поочигледни) кој мене лично не ми смета воопшто ако сакам некого!
И да, познавам таксист со ваков синдром и како што кажав нормален човек како сите нас, си заработува за леб поштено и нема потреба да го одвојуваме од толпата поради некои небитни работи.
Еве и нешто повеќе...
А и нешто заприметив додека барав повеќе за синдромот, дека обично тоа што не можат да го контролираат дури зборуваат се пцовки...
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Убаво кажа Хоуп* . Ако јас со мојот пријател/мојата жена/девојка сум тука за само во добро... Тогаш срам да ми е.
Овој синдром не ми е познат, не знам како настанува и како се одвиваат точно тие „неконтролирани движења“ ама со сигурност знам дека не би ми биле пречка за да се дружам или да бидам со некоја.
Се ставам прво себе си во таа положба. Откако ми се појави дискус хернијата требаше жена ми да ми даде развод, пријателите да ме шутнат и да останам сам?
Но, да не бегам од темата.
Не познавам никој со ваков синдром, а би те замолил да се обидеш да ни објасниш нешто повеќе за синдромот... да не биде само една реченица како некоја скромна дефиниција.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Еве и најискрена дефиниција за Турет синдромот.
Стварно си можела да најдеш нешто повеќе од тоа што е Турет синдром и дали би оставиле некој со тој синдром...
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Убаво кажа Хоуп* . Ако јас со мојот пријател/мојата жена/девојка сум тука за само во добро... Тогаш срам да ми е.
Овој синдром не ми е познат, не знам како настанува и како се одвиваат точно тие „неконтролирани движења“ ама со сигурност знам дека не би ми биле пречка за да се дружам или да бидам со некоја.
Се ставам прво себе си во таа положба. Откако ми се појави дискус хернијата требаше жена ми да ми даде развод, пријателите да ме шутнат и да останам сам?
Но, да не бегам од темата.
Не познавам никој со ваков синдром, а би те замолил да се обидеш да ни објасниш нешто повеќе за синдромот... да не биде само една реченица како некоја скромна дефиниција.

Ако не ти е проблем англискиот, повели читај.
http://en.wikipedia.org/wiki/Tourette_syndrome
http://www.ninds.nih.gov/disorders/tourette/detail_tourette.htm
http://www.mayoclinic.com/health/tourette-syndrome/DS00541
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Турет синдром претставува пореметување со движењата поради одредено наследно невролошко нарушување
на мозокот. Луѓето кои боледуваат од овој синдром прават одредени гласови и движења кои не можат да ги контролираат.
Турет синдром нема никакво влијание врз самата интелигенција или рок на живeење.

Во овие движења наречени ‘тикови’ спаѓаат следниве:

Физички движења
  • жмиркање со очите
  • кревање на рамениците
  • нагли движења на главата
  • гримаси со лицето
Вокални звуци
Звуците што луѓе со Турет синдром ги имитираат се:
  • шмркање
  • чистење на грлото
  • кашлање
  • лаење
  • врескање
Некои луѓе со ТС ги повторуваат своите или зборовите на другите луѓе или дури велат вулгарни или навредливи зборови без да сакаат.

Понекогаш луѓето со Турет синдромот непрекинато ги имитираат движењата на другите луѓе.

Дали познавате некој со Турет синдром?
Далли воопшто познавате некој кој боледува од било кој синдром?
Дали доколку ви бил пријател и одненадеж се појави овој синдром(бидејќи е можно да се појави покасно) би останале до него?
Ако сакав да читам за Турет синдром од македонската Википедија ќе си отворев...
Страшно. Или се копира од друг форум или од Википедија.
Ќе звучам како првокласна шмизла ама:
Што ви е бе луѓе алоооо? Кај ви е креативноста?
Зошто одите во школо бе? За една реченица да не знаете да составите. Да ве прашаат како се чувствувате, и тоа да треба да го копирате од друг „извор“?
Па ич не одете бе. Седете си дома.
 
True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Да, познато ми е ова, не од лично искуство, туку што сум читала, и гледала некои документарци.
Голем процент од луѓето кои го имаат овој синдром се повлечени, не се склони кон социјализација, што е грешка, ама кога би се ставил во нивна кожа, сигурно дека не би ти било сеедно.
Луѓето (не сите) се толку злобни и мизерни, што осудуваат се што не се вклопува во нивниот нормален, удобен, совршен свет ( дали вишок килограми, хомосексуалност, физичка неатрактивност...).
Баш гледав една емисија, за еден момак кој го има овој синдром. Физички изгледаше преубаво, од муабетот што го направи јасно беше дека има познавање од многу работи, ама не можеше да си најде работа ниту пак девојка.
Такво ни е општеството, полно со предрасуди, колку и да се лажеме, едноставно светот така функционира.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars

Потполно се согласувам со тебе.Полни се луѓето со предрасуди,и гледаат само кој колку пари има,од каде го купил ова,каква кола вози итн. Баш ова ''прекрасно дело'' го најдов случајно на некој портал.
И се додека се воодушевуваме на вакви работи,мислам дека ништо нема да постигниме.
 
violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Еве едно прекрасно филмче во кое е опишан животот на еден дечко кој има Туретов синдром.
Меѓутоа и покрај тоа,и покрај сите предрасуди и препреки од општеството тој успева да ја оствари својата желба да стане наставник и тоа еден од најдобрите.
Топло препорачувам да го погледнете.