Заљубени во другар/другарка што понатаму?

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Се имаме видено, но онака пријателски.. сме биле во исто друштво, имаме една заедничка организација каде се сретнуваме, ама и онака низ град понекогаш неговото и моето друштво имаме седено заедно неколку пати, а сами јас и тој не. Благодарам на советот, ќе пробам некако.. иако не сум баш сигурна како да започнам таков разговор, да не ги згрешам зборовите, да не бидам смешна во неговите очи :/
јас пак би ти рекла да ги оставиш работите да се одвиваат сами
оти љубовта не доаѓа тогаш кога ја бараш, ами тогаш кога таа ќе посака да те најде
а ќе посака
можеби денес, можеби утре, можеби некој друг ден
и скршените срца имаат свое место и свое значење во животот
а ако нешто треба да се случи, ќе се случи
да, можеби ќе пропуштиш некоја прилика, но можеби така треба
нека си тече сѐ спонтано
енергиите се препознаваат во моментот кога треба да се препознаат
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
јас пак би ти рекла да ги оставиш работите да се одвиваат сами
оти љубовта не доаѓа тогаш кога ја бараш, ами тогаш кога таа ќе посака да те најде
а ќе посака
можеби денес, можеби утре, можеби некој друг ден
и скршените срца имаат свое место и свое значење во животот
а ако нешто треба да се случи, ќе се случи
да, можеби ќе пропуштиш некоја прилика, но можеби така треба
нека си тече сѐ спонтано
енергиите се препознаваат во моментот кога треба да се препознаат
И јас ова го мислев... се додека не се изгорив длабоко. Но тоа сум јас. Нема за се` време, но точно, не треба ни да се форсира. Но ако ти се укаже прилика, не избегнувај туку делувај.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: She and The_melnicanecot

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
И јас ова го мислев... се додека не се изгорив длабоко. Но тоа сум јас. Нема за се` време, но точно, не треба ни да се форсира. Но ако ти се укаже прилика, не избегнувај туку делувај.
тебе како на машко би ти рекла - делувај, не чекај
старомодна сум јбг
никогаш не сум сакала да освојувам
дури и кога тоа значело дека ќе губам
оти стално си велев вака
ако му значам, ќе се потруди, ако се потруди значи има храброст да ризикува, ако има храброст да ризикува значи ќе можам да се потпрам на него тогаш кога ќе ми треба
ако пак тој чека јас да ја почнам приказната, значи и не му е толку важно
ако пак нема доволно храброст и треба јас да бидам храбрата, тогаш поарно да бидам сама
оти и покрај него веројатно би била сама
кој е маж - нека е маж :D
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Веруј, делував. Тоа и беше проблемот. Премногу доцна според мои подоцнежни проценки. Но настрана тоа. Инаку да, во право си дека треба мажот да превземе чекор. Но во случај коа девојката се измачува, зошто она не би?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_melnicanecot

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Се случува, логично е.
Што те спречува во низата од толку заеднички интереси да не се закачи и она што ќе ги оконча сите тие заедно со лупање на срцето и емотивно дразнење?

Овде зборам за пријателство кое вклучува повеќе од задолжително здраво пред локална пекара или испиено сокче во едно тромесечие...
И мислам дека кога сфаќаш дека почнуваш да гаиш нешто повеќе од милина дека те насмеал со виц за Обама, всушност почнуваш да го доживуваш низ изобличена призма.
Зошто?
Затоа што веќе секој негов потег, секоја насмевка, допир, реплика...ги доживуваш поразлично, упорно убедувајќи се и барајќи скриена метафора која ќе те маѓепса со откритието дека взаемно се чувствувате така.
Најчестата дилема е дали другарството ќе остане на исто ниво како претходно, ако му признаеш дека неговото присуство освен душевните ти ги размрдува и гениталните области?
И одговорот е -НЕ!

Не во случај да не ве доживува онака како што сте се надевале.
Колку и да се трудите и двајцата да се правите на Тошо и да го гледате филмот на ист начин како претходно, веќе се испречува оној факт, онаа совест дека овојпат испружената рака преку рамо и случајно фатената рака може да се протолкува поинаку.

Се ситскате и двајцата.
А со тоа полека се потиснуваат и сите претходни лајт варијанти на нешто што го имавте крстено ДРУГАРСТВО!
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Веруј, делував. Тоа и беше проблемот. Премногу доцна според мои подоцнежни проценки. Но настрана тоа. Инаку да, во право си дека треба мажот да превземе чекор. Но во случај коа девојката се измачува, зошто она не би?
зашто ако тој не почнал ништо, а времето си минува, значи или толку му стиска или нема намера ни да почне нешто
не дека имам добра причина за или против
оти сите сме различни
и секој треба сам да си процени колку нешто му вреди
имаше време кога се каев и пукав од мака зашто не реагирав на време и не му ги ставив на знаење чувствата на типот од приказната погоре
ама па после, кога љубовта не ми беше ни на крај на паметот, дојде тој што требаше да дојде
и имаше доволно храброст да ризикува и да реагира
оттогаш силно верувам дека секоја искористена и секоја пропуштена шанса имаат свое место во збиднувањата
имам моменти кога си велам ако тогаш и тогаш направев тоа и тоа, можеби сега сѐ ќе беше поинаку
оти таа приказна ми беше одредена пресвртница во животот
и ме однесе на поприлично тежок и комплициран пат
но, ако беше поинаку, поинаква ќе бев и јас
ќе го немав тоа што го имам сега
а имам две златни деца кои ми се сѐ во животот
и ако таа, а и сите пропуштени или можеби можни шанси, било љубовни, било поинакви, биле она поради што денес сум нивна мајка, тогаш и да можам да се вратам назад и да сменам сѐ, верувај не би променила ниту една секунда, ниту една реакција, ниту еден избор
 

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Постои.
Имам многу машки другарчиња, со кои се дружам 9 години и никогаш не сум помислила на нешто вакво. ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048

Blondie

Староседелец
19 февруари 2012
612
1,085
1,093
И јас мислам дека постои само треба да се внимава и да се постават некои граници помеѓу тоа пријателство