Град Скопје по Одлуката донесена од Советот, спроведе јавен повик за доделување на право и издавање на одобрение за поставување на урбана опрема за вршење на угостителска дејност на Кејот на реката Вардар.
По огласот, пристигнаа понуди за два сплава, додека за останатите два не пристигнаа понуди за идејни решенија.
Овие идејни решенија се на друштвото за промет со стоки и услуги „Фаланга Дим“ ДООЕЛ-Скопје.
За останатите, јавниот повик се поништува и Град Скопје наскоро ќе реши дали ќе ја повтори постапката со нов јавен повик.
Градот во натамошниот тек на постапката ќе ги регулира правата и обврските во согласност со правилата предвидени во Одлуката и конкурсот и понудата на избраниот оператор.
Според замислата на градската власт, два сплава ќе се постават од десната страна, а два од левата, но сите на просторот меѓу мостот „Гоце Делчев“ и мостот „Слобода“ кај „Холидеј ин“.
По еден од лева и десна страна ќе се наоѓа кај градската плажа „Камени мост“, а останатите кај новиот театар кој е во изградба.
Дозволено ќе биде сплавовите да работат како кафулиња или да вршат друг вид угостителска дејност.
Извор: www.kurir.mk
Како ви се допаѓа идејава?? :rolleyes