Најдоброто чувство во животот

Blueberry

Староседелец
12 февруари 2012
210
158
1,043
Скопје
Апропо оваа статија http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/17923-22-najdobri-cuvstva-vo-zivotot кога најдобро вие се чувствувате во животот?

Јас би додала:

Чувството кога ќе си легнеш и си мртов уморен.
Чувството кога добро ќе се најадеш откако си испил бајаги алкохол вечерта.
Чувството кога патуваш во нови земји, места, градови...
Чувството кога си тажен и ќе те прегрне некој што навистина те сака
Чувството кога ќе дојде безгрижно лето
Чувството кога си направил нешто за што си вложувал многу труд
Чувството кога ќе влезеш во море на 30 степени...и ќе се напиеш ладно пивце...
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
чувството кога ќе се разбудиш во 6сабајле и не можеш да заспиеш
чувството кога ти е жешко и влагаш под ладен туш
чувството кога ќе видиш згодно момче со многу грда девојка(и обратно)
чувството кога ќе успееш во нешто што си го замислил
чувството кога ќе ти се оствари нешто што долго го посакуваш
чувството кога си прегрнат од оној што сакаш
чувството кога мислиш на него/неа
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Чувството кога ќе те прегрне некој за кој ништо не знаеш и таа прегратка буди во тебе милион други скриени чувства.
Чувството кога некој непознат ти е поблизок од луѓе со кои си секој ден.
Чувството кога тишината кажува повеќе него илјада зборови.
Чувството кога ја чувствуваш магијата на моментот.
Чувството кога топлиот ветар ја милува твојата кожа..

Би можела да напишам уште десет страни со најдобрите чувства,зашто ги има многу:)
 

crvenkapa

Староседелец
15 јануари 2013
235
593
1,093
Чувството кога наутро вдишуваш воздух со мирис на море.
Чувството кога пиеш кафе на плажа.
Чувството кога новороденче ќе ти се насмее.
Чувството кога се возиш сам вкола и пееш на цел глас.
Чувството кога ќе си купиш нови чевли и мислиш дека се најубави на цел свет. :)
Чувството кога се разбудуваш со насмевката на драга личност.
 

the.boy

Истакнат Член
11 јуни 2013
68
72
318
42
Чувството кога се плашиш од височини, а забораваш дека си на карпата на Канео...
Чувството на прегратка од човек, кој го среќаваш еднаш, и те маркира засекогаш.
Чувството кога ти се одбива барање за бакнеж, а кај тебе само расте љубовта...
Чувството кога странец доаѓа да ти побара слика, а ти го зафркаваш дека ваква слика нема никаде...
Чувството на немоќ да се качиш по планините низ Канео, а нејќеш да се предадеш за да не го загубиш моментот на магија...
Чувството на анализа на некои непознати кои поминуваат пред вас :)
Чувството на тишина за да не ја попречиш девојката карши тебе која чита книга...
...
Цела вечност можам да пишувам, а не траеше повеќе пд три часа...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,927
1,133
некаде во длабочините на темнината
чувството кога седиш со блиските другари а некоја друга личнст ти недостига
чувството кога со другарите ги споделуваш најубавите моменти
чувството кога некоја непозната личност ти ја брише солзата од лицето
чувството кога некоја личност што не си ја видел ти подава рака
...
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Чувството кога прв пат го зедов синчето во раце...неговата кревкост, неговиот мирис, неговата топлина...незаменливо...
 

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,258
1,133
30
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
Чувството кога го јадеш омиленото јадење..
Чувството кога ќе се разбудиш одморен...наспан
Чувството кога ќе го добиеш посакуваниот подарок..
Чувството кога ќе те погоди некоја песна
Чувството кога тој/таа ти недостига
Чувството кога на вагата ќе видите цифри кои ги посакувавте....:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin