десет минути се думав дали да ја ставам во Општо здравје или во Социјологија, и на крај реков, тука па шта буде нека буде.
Поимот Алкохолизам не би можел да кажам медицински точно како е дефиниран, ама јас ќе го дефинирам вака:
Алкохолизмот е болест, која што покрај што ве уништува вас, ги уништува сите околу вас.
Ајде вака постапно да искажам како одат фазите за да стигнеш до „алкохоличар со тапија“.
1. Тинејџер си, и си во години кога е „шема“ да се вратиш дома пијан, добро е што се пијаниш од две чаши пиво.
2. „Шемата“ станува она во што уживаш.
3. Проблемите ти се причината поради која пиеш.
Ќе речеш„Девојка ми ме изнервира“ и фрк ракијата.
Ќе речеш „Дома моите пари немаат“ и фрк коњакот.
Ќе речеш „Дечко ми ме остави“ фрк мартинито.
4. Е тука е поозбилна работата и тогаш пиеш затоа што ти се пие, ама се’ уште бараш причина. Па ти се виновни комшиите што плачат за нивното починато маченце, потоа работата си ја изгубил и одиш го земаш шишлакот и пиеш( наместо парите да ги чуваш затоа што веќе немаш извор на пари).
5. Е оваа фаза е веќе крајна и тука нема назад. Таа е фаза кога причината не ти треба. Пиеш затоа што ти се пие и пиеш од утро до мрак. Себе си, си кажуваш дека ти е тешко. Дека животот ти забива ножеви од сите страни. Дека ти е толку тешко што веќе не знаеш кој пат да го фатиш. А ако се’ е средено тогаш се нервираш зошто Сонцето изгреало од исток.
Од оваа фаза може да те врати само силна волја. А ако волјата е мала, тогаш рехабилитацијата.
Не постои „лесно пијанство“. Ниту пак постои „добар пијаница“. Можеби во првото пијанство човек е весел. Во второто пак е весел. Подоцнежните пијанства веќе влијаат на мозокот, и веќе ти се губат и нерви и се’. Веќе почнува агресијата, и тешко оние што се околу тебе.
Рехабилитацијата е фатална. Всушност, добро е ако некој откако ќе сфати дека згрешил отиде на тоа, ама излегува од таму пола човек. За девојките немам информации, ама од доверливи извори знам дека, после тие месеци минати под седативи потешки од сопствената тежина остануваш „сакат“ на неодреден период. Т.Е. Импотенцијата чука на врата и не прашува дали смее да влезе, туку влегува.
Е сега, сакам да зборуваме од сите аспекти. Кои се органите што се оштетуваат. Колку мислите дека е лоша оваа појава за организмот.
Сакам да збориме колку е лоша оваа појава за семејството, за пријателите, за самиот оној кој го внесува алкохолот.
Исто сакам да зборуваме и за општеството, колку тоа придонесува за оваа појава, и кој се начините да се среди(намали) појавата на алкохолизам во овие општества.
се извинувам на големината на воведот, се обидов да бидам најкраток ама не ми успеа.