- 17 февруари 2012
- 5,085
- 7,019
- 1,683
Океј океј признавам, иако сум 20 и кусур годишно детиште, пак си гледам понекогаш детски филмчиња. Моите топ 3 омилени филмови за деца се:
Jumanji (1995)

Станува збор за една игра налик на Монопол, која 2 деца ќе започнат да ја играат без да ја знаат нејзината магична природа. Со првото вртење на коцките, го "пуштаат" магичниот свет на Џуманџи во реалноста, а со него и еден заробен човек со кој ќе се спријателат, но и разни опасни појави и суштества. За да се спречи и "затвори" овој магичен свет, треба да ја завршат играта.
E.T. the Extra-Terrestrial (1982)

Станува збор за едно момче кое ќе најде изгубен вонземјанин во неговиот двор и ќе се реши да го чува и да му помогне да се врати дома.
The Little Rascals (1994)

Во клубот на малите палавковци наречен "He-Man Woman Haters Club" се случуваат пријателски и љубовни драми откако еден од основачите, Алфалфа, ќе се вљуби во слатката Дарла. They're so cute!
Кои се вашите омилени филмови кои сте ги обожавале како мали?
Кои филмови би ги препорачале за мали дечиња?