Многу пати не сме ни свесни колку боите може да влијаат на нашето расположение. Пред да се одлучите да обоите просторија во вашиот дом или да купите некое парче на облека, добро проучете што ви говорат и како на вас делуваат боите.
ЖОЛТА
Жолтата боја претставува оптимизам и среќа. Тоа е боја на енергијата која ги стимулира менталните процеси и нервниот систем. Поттикнува комуникација и памтење.
ЗЕЛЕНА
Зелената е боја на природата, мирот и екологијата. Оваа боја делува многу смирувачки, па затоа се препорачува во уредувањето на ентериерот. Ги ублажува напнатоста, нервозата и депресијата, а дава чувство на самоконтрола и хармонија.
СИНА
На многумина омилена боја и тоа со причина. Сината е боја на довербата, одговорноста и преданоста. Оваа боја е толку моќна што го стимулира телото на производство на хемикалии кои делуваат смирувачки. Таа опушта, одмара и дава чувство на интуиција.
ВИОЛЕТОВА
Виолетовата е комбинација на црвената боја која стимулира и сината боја која смирува. Потемните тонови може да делуваат вознемирувачки додека оние посветлите делуваат мистично и го сакаат креативци. Оваа боја подига, го смирува умот и нервите и дава чувство на спиритуалност.
РОЗЕВА
Младешка и забавна боја. Посветлите тонови се врзуваат за романтика. Таа е боја на безгрижноста. Го зголемува крвниот притисок и го забрзува работењето на срцето. Поттикнува на акција, но истовремено ја намалува агресивноста.
ЦРВЕНА
Стимулирачка, боја која ја крева возбудата и привлекува внимание. Го зголемува ентузијазмот, дава енергија и го зголемува крвниот притисок. Таа ги забрзува пулсот и отчукувањата на срцето. Поттикнува на акција и штити од стравови и напнатост.
ПОРТОКАЛОВА
Портокаловата е боја сродна на црвената. Со неа често е врзана силна позитивна или негативна енергија, така да или ја обожавате или ја мрзите. Оваа боја зрачи со топлина и енергија, поттикнува на активност, на социјализација и го отвара апетитот.
КАФЕАВА
Ова е боја на стабилноста, доследноста и приступачноста. Таа е боја на земјата, па со тоа не поврзува со природата, дава чувство на исполнетост, стабилност и ред.
БЕЛА
Белата е боја на чистотата и неутралноста. Таа е воедно симбол на сигурноста. Оваа боја го чисти умот, не ослободува од стрес и овозможува чувство на нов почеток.
СИВА
Боја на интелектот, знаењето и мудроста. Сивата е боја на гордоста, авторитетот, но и компромисот. Таа е потполно неутрална боја и одговара на сите други бои. Може да делува и вознемирувачки.
ЦРНА
Црната е боја на авторитет и моќ и може да предизвика силни емоции. Ова е класична боја која дава чувство на незабележителност и празнина. Таа е мистична боја која поттикнува на создавање потенцијали и нови можности.
Што мислите вие дали може боите некако да влијаат на нашето расположение и дали ви се има случено тоа?