Зошто го викаш ова? Доказ?Вистинската љубов не постои. Ние можеме да мислиме дека таа е таа но секогаш грешиме.
не секогаш грешиме....но грешиме сите не викам неВистинската љубов не постои. Ние можеме да мислиме дека таа е таа но секогаш грешиме.
искрено...го глеам како коментар а не доказЗошто го викаш ова? Доказ?
Зошто го викаш ова? Доказ?
Види... јас не верувам во една вистинска љубов.Види вака, сите живееме во свет на илузија со што и мислиме дека сето она што го поседуваме е совршено. Но совршенството не постои исто како и вистинската љубов. Секогаш се среќаваме во ситуации каде ќе речеме дека некој е оној вистинскиот за нас... но ајде да се сетиме за колку личности пред тоа го имаме речено истото(па макар и да сме помислиле само на тоа) - сигурно не е една личност во прашање.
За вистинска љубов можеме да го сметаме оној што е до нас, пред нас, зад нас, но тоа не мора да значи дека тоа е тој вистинскиот.
Види... јас не верувам во една вистинска љубов.
Постојат многу вистински љубови...
Јас сум бил вљубен безброј пати, и ќе бидам уште толку....
Јас сум сакал жена, девојка, мајка, дете, другар, пријател...познајник....
Ако сум престанал не значи дека не сум го сакал вистински.
Од самата причина што темава е сместена во љубов и секс,мислам дека е доволно јасно за каква љубов овде збориме.Тогаш никогаш не си почувствувал љубов од родителите?
Љубов од пријателите?
Љубов кон себе си?
Никогаш не си сакал некоја девојка?
Не си рекол никогаш „Те сакам“?
Нечии животи се навистина празни...
Ќе се самоцитирам, зошто јас немам друг начин да ви објаснам зошто ги спомнувам сите видови љубов.Е ме испровоциравте
Додека сте мали, на мајка ви и викате „Мамо, Те сакам“. И ја сакате со сето свое срце и душа. И тука нема место за дискусија, затоа што навистина ја сакате, и најлошите работи на свет да и’ ги кажувате, пак во вас се крие чувство на љубов.
Поминуваат години, таа умира, вие се чуствувате дезориентирано без неа.
Тоа било поради навиката на неа?
НЕ, тоа било поради тоа што ви треба нејзината подршка, нејзината љубов, нејзината прегратка.
- ете еден доказ дека постои вистинската љубов.
Растете со текот на времето запознавате некого, му кажувате дека ви е се’, и буквално така чуствувате. Правите што се што е можно да бидете подолго со него. Ве смее од срце. Ве нервира до степен што ви доаѓа да го убиете. НАВИКНУВАТЕ на неговиот ритам, го терате и тој ДА СЕ НАВИКНЕ на вашиот. Почнувате да живеете заедно, станувате зависни еден од друг. Ако не се видите еднаш дневно скренувате. Како потреба ви е. Ви требаат бакнежи, телесна близина, ви треба се’ со него/неа.
Помислувате на разделбата(смрт) и колениците ви се тресат.
Потоа од таквиот однос се создава нов живот - дете, го гледате и исто колениците ви се тресат, од радост од убаво чуство ОД ВИСТИНСКА ЉУБОВ, од потреба да го заштитите и него и тој што ви го подарил него. Очите ви светат од волја да бидете со нив, да живеете со нив.
Им кажувате дека ги сакате најмногу на светот, дека без нив сте ништо, дека не можете да опстоите без нив(тоа и го мислите)
- и после доаѓате на Форум ве прашуваат дали постои вистинска љубов и вие филозофирате дека не, дека е само навика.
Ахам да... ви поверував