(Вистинска) Љубов, постои ли?

Дали постои љубов


  • Вкупно гласале
    42

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
„Ветувам дека ќе ти помагам да го сакаш животот, секогаш ќе те држам со нежност, и ќе поседувам трпение такво какво што љубовта бара. Ќе зборувам кога зборови се потребни, а ќе споделувам тишина кога тие не се. Ќе живеам секогаш во топлината на твоето срце, и ќе го нарекувам мој дом “
-(The Vow)

Вистинската љубов постои, да не постоеше немаше да бидам на светов.
Само што сега луѓето почесто чекајќи тоа да го слушнат и прочитаат од нивниот потенцијален или постоечки партнер, помалку се препуштаат да го почувствуваат.
Свесно Дозволуваме зборовите да ги заменат чувствата, а потоа сме повредени кога не се вистински.
Зборовите можат да кажат и лага, ама чувствата никогаш.

За некои работи едноставно непостои дефиниција, туку само интензитет на енергија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Ја прочитав приказнава и мајке ми солзи ми потекоа (facepalm)
Ајде ќе сфатам дека на 22 години биле млади, несериозни немале појма кај сакаат да бидат. Ама после 12 години, ни таа има маж ни тој има жена и не можат да бидат заедно. Bullshit (facepalm)
Од што сакале да направат романтична приказна направиле патетика до болка.
Јас верувам во вистинска љубов, и претходно се имам изјаснето... Ме мрзи да се самоцитирам сега, ама... дајте луѓе....
Од вакви патетики луѓево престануваат да и’ веруваат на вистинската љубов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Caci

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Не можев да го допрочитам клипот од превртување со очиве...(facepalm)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
Во последно време доста размислував на оваа тема(Љубов- вистинска љубов).
Доста долго време ја сметав љубовта за кич
реклама или нешто што е створено само како тема за романтични филмови, книги, песни итн.
Сите тие романтични филмови раскажуваат неверојатно убави приказни за вистинската љубов кои по толку порази и падови најчесто завршуваат со Happy end.
Така, во нашите глави се ствара една представа -слика од тоа како една "Вистинска љубов" треба да биде.
Но, реалноста е сосема друга.
Вистинската љубов во реалниот живот е најчесто многу поинаква од таа во филмовите, најчесто( не велам секогаш)
е некоја неисполнета љубов.
Така да дефиницијата за вистинската љубов не се базира на медиските идоли,
туку од нашите сопствени искуства.
Едни ја гледаат вистинската љубов како,
магично место на сопствените задоволства и потреби,а други пак
се спремни комплетно да му се посветат на партнерот и неговите очекувања и потреби,
ставајќи се себе и своите потреби во позадина
само да би ја докажале љубовта кон истиот.
Љубовта би ја дефинирала како меѓусебно давање и примање, како свесно и исполнето недефинирано нешто.
Или како што прочитав еден пост погоре или во некоја слична тема
"Љубовта не се дефинира, љубовта се чувствува".
Вистинската љубов не се дефинира, таа се чувствува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nightmare_f and Lena

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Првпат се сретнаа на автобуската станица.Беа студенти,тој учеше медицина,а таа-архитектура.За да можеа да се гледаат често,секој ден и двајцата одеа на истата станица,во едно исто време и се качуваа во истиот автобус.
Беа млади,многу млади...
Помина доста време додека соберат храброст да си прозборат,но на крај успеаа.Всушност не живееа ни во истата населба во која се качуваа секое утро на автобусот.Тој претходната вечер останал да преспие кај свој пријател,а таа беше на гости кај сестра и.И по извесно време,кога веќе беа доволно билизки еден со друг,се смееја и си признаваа еден пред друг,како секое утро станувале уште во темни зори и оделе на другиот крај на градот,само за да дојдат навреме на таа станица...Нивната станица,со нивниот автобус...

Се оженија веднаш по дипломирањето.Беа среќни,многу среќни.
Се случуваше да останат без работа,без пари,да имаат тешки моменти...Но така здраво и цврсто беа ги преплеле рацете и срцата,што ништо не успеваше да ги сломи.И кога крпеа крај со крај,и кога едвај крајот на месецот го чекаа и платата,и кога веќе беа познат лекар и архитект...беа среќни,како на почетокот.Не беа од ние семејства,кои пропаднуваа духом од рутина и навика,кои доаѓаа со годините...
Не ги срушија ниту празните банковни сметки,ниту пак беа горди на високите доходи откако успеаа...Се нижеа денови,месеци,години...а нивната љубов мислиш растеше и беше се посилна,се поголема...

Единствено што им фалеше беше детенце.
И покрај,сите напори,обиди,тешки процедури на кои подлегнаа...не успеаа да добијат своја рожба.Тогаш си рекоа,дека е премногу егоистично да бараат да имаат се во овој живот.Ја прифатија мирно таа одлука и продолжија напред.Наместо дете,ја одгледуваа и се грижеа за својата љубов...
-Би умрела за тебе!-викаше често таа,додека го гушкаше силно.
-Не,јас ќе умрам за тебе!-и одговараше тој и ја гушкаше уште посилно...
Понекогаш,кога се прибираше дома таа често наоѓаше понекоја белешка оставена на огледалото...
“Погледни на масата во кујната и не заборавај,колку многу те сакам!“

Од масата во кујната одеше до шкафот во дневната или до бирото во спалната.Кружеше до соба во соба,читајќи нежни зборови на љубовно признание,напишани на мали украсни ливчиња.
Кон крајот на тие “обиколки“ таа некогаш наоѓаше букет од свежо цвеќе,некогаш кутија со омилените чоколадни бомбони,убав фустан или скап парфем...но не подарокот имаше значење,за неа беше важен гестот и целата таа ситуација,зошто и ја докажуваше неговата љубов...

Колку и динамично да им течеше животот,колку и да беа ангажирани на работа,секогаш наоѓаа време еден за друг.Кога навршија 40 години,и двајцата решија да работат помалку и да си оставаат повеќе слободно време,кое ќе го поминуваат заедно.
Тој ја напушти болницата и примаше пациенти само во приватниот кабинет...
Таа пак го затвори пректантското биро,во кое работеше со цела екипа и започна да пифаќа само специјални нарачки,кои ќе ги работи дома.Така имаа многу повеќе веме,во кое да бидат заедно.

Еден ден,додека се шетаа покрај брегот,таа забележа една стара,речиси разрушена куќа,на која имаше натпис “Се Продава“.

-Што ќе кажеш,да ја купиме оваа куќа?-го праша со возбуда таа.-Ќе ја исчистиме и на нејзино место ќе изградиме нова убава куќа.
Дури веќе имам замислено идееен проект за тоа како ќе изгледа.Ќе има огромна тераса со поглед на морето.Ајде,ќе биде тоа нашата морска куќа,во која ќе ги храниме наутро галебите...-ентузијазам и искреше од очите,додека зборуваше.

-Се разбира драга,зошто да не.
Се ќе направам за тебе,неможам да кажам НЕ-и одговори тој нежно и ја бакна.-Веднаш штом се вратам од семинар од УСА ќе звонам на телефонот и ќе ја купиме.Независно каква цена ќе биде,ова место веќе е наше...

Иако знаеа,дека се разделуваат само за една недела,им беше многу тешко и на двајцата,кога тој одеше на работни патувања во Америка.Додека беше таму,секој ден разговараа со часови на телефон.Кога таа го пречека на аеродромот на враќањето,и двајцата неможеа да ги скријат слозите...

Но само неколку дена поксасно,таа осети чудна промена во неговото однесување.Тој веќе не изгледаше така среќен како порано,не се смееше така искрено,дури избегнуваше да разговара...За да го разведри малку една вечер,таа почна разговор за куќата крај морето и му го покажа проектот,кој го нацртала.Но догворот кој го доби,ја стаписа:
-Мила,таа куќа ги надминува нашите можности и за жал,нема да можеме да си ја дозволиме.Затоа најдобро,да заборавиме на неа...

За луѓето како нив,кои така беа свикнале да живеат среќно,несреќата имаше горчлив вкус и беше многу тешка.За неа тоа беше како непоканет и несакан гостин,кој се натрапил во домот и незнаеше како да го изгони...Таа разбираше,осеќаше,дека на него нешто му тежи,дека нешто крие од неа и тоа нешто го измачува.Го молеше и премолуваше да сподели со неа,да и раскаже:
-За тебе би умрела,знаеш и сам!Те молам,кажи ми што се случува...

Но не доби одговор на молбите.
Како мажот,во кој беше лудо вљубена,кого го обожаваше и кој пред само неколку дена и се колнеше во вечна љубов и верност,да беше сменет со некој друг,различен,нов,потполно рамнодушен кон она што се случуваше.Со секој свој обид да поразговара со него,таа имаше чуство,дека се удира во камен зид и од тие удари се повеќ ја болеше и крвареше срцето...

Еден ден,додека се шетаа во паркот со најдобрата пријателка,таа повторно раскажуваше за необјаснивото однесување на сопругот,и се обидуваше очајно да најде некаков одговор за таа промена во него.Без да дочека да се доискаже,пријателката ја прекина и ја повлече да седнат на една клупа...Ја фати за рака и ја погледна во очи:

-Жал ми е,што треба да слушнеш од мене,но повеќе неможам да издржам да ќутам...треба да ти кажам...-започна таа малку неуверено...
-Тој те изневерува!Го гледам секој ден во ресторанот спроти мојата канцеларија,руча со млада симпатична жена...А после прегрнати се качуваат во колата и одат некаде...

-Доста,замолчи веднаш!-И се развика таа на пријателка и не и дозволи да каже било што повеќе.Ја обвини дека зборува така,зошто и завидува...и растроена си тргна дома.

На следниот ден по ручекот,сама отиде до оној ресторан и застана до едно дрво на тротоарот.
Само по неколку минути разбра,дека вечната љубов и среќа ги има единствено во приказните,не и во реалноста...Веднаш ја позна малдата лаборантка од болницата,во која порано работеше сопругот.Имаше доаѓано неколку пати кај нив дома на гости.Солзите,кои и ги замрежавеа очите не ја сопреа да види како тој ја прегрна другата жена...Како нож да и го распора срцето...

Вечрта,кога тој се врати дома,таа му се нафрли и му раскажа се,што виде тој ден.
Ту викаше,ту плачеше,додека зборуваше...после силно го гушнуваше,а во следниот миг го удараше...
Тој ништо не одрече.Промрморе нешто речиси во себе,дека со времето луѓето се менувале,дека чуствата им се ладеле,дека после некое време имале потреба од промена...Наполни малку алишта во еден куфер и излезе.На вратата се заврте кон неа и ја праша:
-Можам ли да те прегрнам за последен пат?

-Исчезни веднаш!!!...извика таа на цел глас,полн со омраза и ја тресна вратата после него...

Добија развод уште на првото дело.
Со помош на пријателите таа некако се обидуваше да застане на нозе и се врати кон нормалниот животен тек.
Од познати разбра дека,веќе бившиот сопруг заминал во Америка заеднос о новата љубовница.Понекогаш кога останеше сама со своите мисли,чуствуваше дека сеуште го сака.Тогаш одново потонуваше во солзи и горко се молеше таа љубов во срцето најпосле да се претвори во омраза,за да не ја боли толку многу и толку силно...

Помина цела година.Колку и да тврдеа,дека времето лечи се,тоа не успеа да ја излекува нејзината рана и во срцето сеуште владееше огромна и болна празнина...

Едно утро се разбуди од упорното звонење на вратата.
Кога стана и отиде да отвори,ја виде...онаа жена!За миг занеме од изненадувањето,не очекуваше да ја види точно неа.Сакаше да и се развика во лице,дека нема право да го пречекори прагот,но не успеа да каже ништо...

-Ти се молам,доволи ми да влеза,треба да разговараме,важно е...-и ги прекина мислите гласот на жената.Изгледаше вознемирена.
Влегоа внатре и седнаа во ходникот.

-Ништо не е така,како што изгледаше...-започна со тивок глас младата жена.-И многу ми е жал,што треба да ти соопштам јас,но пред еден час тој почина...Научи за болеста минатата година,за време на семинарите во Америка.Му рекле дека му останува не повеќе од една година живот...
Знаеше дека ти нема да можеш да го поднесеш тоа и ќе сакаш да умреш заедно со него...така како што си му кажувала.За да те одалечи од себе си,ме замоли мене да се преправам дека сум негова љубовница.И на родителите не кажа ништо.На сите раскажа дека сме заминале заедно во Америка,а всушност беше изнајмил една мала куќа точно до автобуската на која сте се виделе прв пат,на вашата станица.
Му дадоа терапија,тој ги следеше сите препораки стриктно и веруваше дека,ќе се излекува,но...не успеа.Сношти состојбата се влоши,медицинаскта сестра ме побара,успеав да стигнам во последен момент...Ме замоли да ти ја предадам оваа кутија...

Слушаше и несакаше да поверува на зборовите...Не знаеше што да мисли,не знаеше што чуствува...Знаеше само дека што и да направи не е во состојба да ги сопре солзите,кои се лееја од очите...Сакаше точно таму и точно сега и таа да умре...

Помина доста време,додека се поврати и се сети да ја отвори кутијата,која ја доби.Внимателно го отвори капакот и внатре виде купче украсни листенца...Го отвори првото,на кое пишуваше:

-“Те молам мила,прочитај ги по ред сите белешки!“

“Те сакав многу!“

“Никогаш не сум престанал да те сакам!“

“Секогаш ми велеше,дека ќе умреш за мене,а јас знаев дека тоа е вистина!“
“Јас не сакав да умреш за мене!“

“Сакам да ЖИВЕЕШ за мене!“...

Додека го земаше и последното ливче од кутијата,виде на дното некаков клуч...Го рашири шареното ливче и прочита:
“Ја направив куќата на брегот според проектот,кој ти го нацрта.Кога наутро појадуваш заедно со галебите на огромната тераса со поглед кон морето,знај...јас ќе бидам до тебе...“
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Тогаш никогаш не си почувствувал љубов од родителите?
Љубов од пријателите?
Љубов кон себе си?
Никогаш не си сакал некоја девојка?
Не си рекол никогаш „Те сакам“?

Нечии животи се навистина празни...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy