Јас сум ви инаку перфекционистка по природа.Од секогаш сум била таква и до ден денес сите работи мораат да ми бидат под конец.Често пати поради таа моја педантност (ајде така да ја наречам),луѓето кои се околу мене знаат и да ми замерат.
Имам мир и хармонија дома,тоа ми е најважно.Мајка ми легнала да спие,брат ми седи во другата соба,а тато сите со душа го чекаме да си дојде од пат.Патем уште еднаш сакам да му се заблагодарам за подарокот кој ми го испрати,прекрасен е.
Баба ми се јави,утре сакала да одам после предавања кај неа,ќе ми зготвела ручек и ќе сме пиеле кафе.Од секогаш сум ги сакала приказните на баба ми за нејзиното време.Навидум толку им било убаво,совршено,што ти се чини дека со неверојатна леснотија го живееле животот.
Патем,сакам на сите оние кои ми пративте порака да ви се заблагодарам за убавите зборови и за тоа дека ви се допаѓаат моите постови.
Јас отидов да се намачкам со млеко за тело од ванила,и да вдишувам и издишувам во ритамот на љубовта.