Првиот чекор е секогаш најтежок,Секогаш во февруари. И секогаш некаде околу 20ти. Се дешаа тоа што се дешаа - се прекршуваат копјата, ги сфаќам своите постапки и почнувам одново да ја прекројувам картата наречена Агенда за годинава. Можеби затоа што сеа се будам од оној зимски постновогодишен сон. Или затоа што навистина досеа не сум предочел на некои грешки кои увек се сеприсутни во почетокот на годината. Си викам, добро е понекад што не истекува многу време да ги предочам. И семенувам после тоа. Пробувам да сменам нешто. Сакам да сменам. Имам воља да го сторам тоа. Конкретно, во овој случај, по некоја линија на помал отпор овие денови што ме дрмаше, осознав дека ништо не сум променил во еден сегмент од минатогодишниот сплет на околности. Пак ќе кажам, станав свесен, не дека е возможно да се смени тоа. Но треба да се обиде човек нели? На крај ако ништо не почнам, останувам на истата позиција. Премногу лузерски би било да се препуштам само по таа проклета линија на помал отпор. Премногу негативно би се одразило за понатака. Затоа почнувам уште сега. чекор по чекор.
но кога ќе го направиш веќе си посилен
и веќе си направил пола од сето тоа што сакаш да го направиш.
Понатака ти фали само секојдневна мотивација
и безпрекорна дисциплина, која после одредено време ќе постане навика.
И тогаш, ќе видиш дека си на целта.
Мудра мисла од истокот:
Не е целта важна, туку патот до целта.