Извадок од книгаата - Се гледаме на врвот
"Средината во која сме растеле не задушува, не ни дава простор за големи соништа. Роди се, расти, учи, заврши основно, средно, факултет, најди работа, ожени се/омажи се, имај деца и еден ден толку. Ве нема. Зар мислите дека универзумот низ целиот овој животен тек не ви пратил знаци дека сте родени за нешто повеќе ? Зар не сметате дека заслужувате нешто повеќе ?
Ме вади од кожа прашањето: "Како сте, како ви оди во Македонија ?"; "Рози ни цветаат, дојдете и наберете" ми доаѓа да врескам полн со болен сарказам. Повеќето од нас ќе одговорат на ова "добро е, се крпи крај со крај", нели имаме за скромен живот и сме здрави и живи, се е ОК, друго не е важно.
Не е важно ? Зар ова ви е доволно ? Токму ова е прашањето што си го поставував сиве овие години. Дали е доволно ? Дали е доволно само да бидеме здрави ? Одговорот е некаде длабоко во вашата сива мозочна маса."