Сакам да кажам (не пишам СДК оти така ќе изгледа многу кратко и затоа сеа и во загради пишам само за да изгледа подолго зашто што подолго е мислењето тоа поинтелигентен е авторот) дека на форумов вирее авангарден хумор, толку авангарден што би умрел од хуморот. Да да, би умрел ами како. Ќе умрам од досада пред да успеам да се насмеам од тој хумор, ама тоа значи дека стварно бил квалитетен хуморот та некој умрел.
Не, не го мислам тоа. Само пишав така затоа што сум зависен од мрчење и ширење негативна енергија и многу ми се полни душата кога гледам како сите се со смрштени фаци, постојано носат црно (за ова стварно е така) и дома пред да излезат се мислат која нијанса на црно да ја облечат (не дека јас тоа не го правам) и постојано само да шират песимизам и негативизам кој што пак низ народот се шири како зараза, а јас денес немав што да мрчам па еве само за тоа ќе промрчам. Не дека сакам некој да навредам (лажам, всушност стварно сакам некого да навредам) туку така ради реда пишав.
Ај па и мене ништо не може да ми се погоди. Тоа е, шо да праиш.