Changes, by Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy



Changes​


“Најмила..“

Тоа беа првите зборови кои скоро секогаш му паѓаа на ум кога мислите ќе проталкаа кон неа. Но овој пат мораше да реши. Беше свесен за грешката што ја направи. Всушност сеедно му беше. Таа повеќе не му беше „најмила“. Сакаше сето измачување да заврши. Не чувствуваше никаква среќа во нејзиниот поглед. А сепак зборовите сами од себе проникнуваа. Вечерта не траеше долго. Како во забавена снимка неговиот прст го допре копчето на глушецот. А потоа замре се`. Тој го исклучи компјутерот и си легна. Беше преморен за да мисли на неа. Совеста веќе одамна имаше дигнато раце од неговата душа. Згора на се`, утредента го чекаше патување. Повторно некој здодевен локалитет. Ги склопи очите и потона во себе.

Таа го читаше пасусот на екранот. Вриеше од бес. Повредена, навредена, нејзината душа плачеше во себе. Тој ја предаде. Ја издаде нејзината доверба. Лута, замислуваше како клечејќи тој ја преколнува да помисли за нејзината одлука, како таа му ги возвраќа чувствата со еден сруден поглед. А потоа се присети на писмото што го доби пред неполни два часа. „Никогаш повеќе да не си ми се обратил“ – мислите го помрачуваа нејзиниот итака истоштен ум. Не се колебаше пред да притисне на копчето „испрати“. Потоа го почувствува сиот тој воздух насобран во нејзините бели дробови како исчезнува во истиот момент. Се бореше за уште една капка здив, полн со олеснување. Но безуспешно. Беше истоштена од се`. Ги затвори очите и тивко влезе во својот свет полн со ветувања.

Попладневното сонце ги милуваше последните катови од високите кули со својата златна боја. Тој ја допре врелата земја со чевлите во кои се имаше наталожено кал. Топлината во воздухот дополнително му ја подгреваше меланхолијата која беше вгнездена веќе неколку месеци во неговото срце. Само што пристигна дома, го исфрли од себе итака распарталениот ранец, полн со спомени. Се чувствуаше изнемоштено од самото утро. Веднаш седна крај комјутерот да ги прегледа новостите што ги пропуштил тој ден. Ја бараше утехата во виртуелниот свет. Во последно време се повеќе. Се прашуваше зошто. Немаше логичен одговор, само тоа дека последиците не беа на неговата страна. Прошара по неговата електронска пошта. Честопати добиваше спам пораки за тоа како животот без секс е само празна приказна. Се прашувшае кога последен пат бил со девојка. Три години. Проклети три години талкање во место. Но дали... Тој сметаше токму во тие три години животот одново започна. Или барем без последните шест месеци. Се изненади кога на екранот виде едно име, толку познато. Го читаше писмото. Отпрвин не почувствува ништо. Мислеше дека го виде секојдневието во себе. Стана од масата да си направи сок. Потоа очите повторно прошараа по буквите. Сега го чувствуваше нејзиниот гнев како вриеше. Шокот прејде во фазата кога човекот постанува свесен за тоа што се случува. Посака никогаш да не ги напише тие зборови. Зборови полни со издаденост, повреда, чувство на пониженост. Ја почувствува крвта како залазува по лицето. Беше по малку збунет. Не бидејќи не знаеше како да и` одговори, но затоа што за прв пат ги почувствува забите на совеста како лакомо му ја нагризуваат душата. Веднаш се зафати за работа. И` пишуваше токму тоа што му лежеше на душата. А тоа не беше омраза. Ниту навреденост. Туку спротивното. Инстинкт за заштитување на личностите кои ни значат. Тој беше „окупаторот“ и се трудеше да и` објасни дека неговите намери беа сосема поинакви. Се обиде да биде ослободителот. Всушност не се бореше да ја придобие повторно. Се бореше за нејзината среќа. Нејзината одлука беше тоа што го ценеше кај неа. Бидејќи овој пат навистина ја преиде границата, очекуваше осуда на смрт. И ја заслужуваше. Не ги знаеше точно нејзините чувства кон него, но знаеше како би постапил тој кога би се нашол во нејзина ситуација. По половина час поминато во пишување, го испрати писмото. А потоа се врати на обврските. Вечерта беше полна со неизвесност. Тој само сакаше да биде среќна таа. Ништо повеќе...

Таа го пиеше утринското макијато кое веќе беше изладено. Ги чувствуваше голтките како полека лизгаат во грлото. Горчливо сладок вкус. Примамливо. Седна покрај екранот да ги чита новостите. Веќе и` влезе во рутина. Честопати добиваше писма од својата другарка која живееше во Франција. И` недостасуваше многу. Поготово сега, кога се чувствуваше осамено. Нејзината душа копнееше да се исплаче. Но немаше кому. Веќе беше скептик. Се чувствуваше предадено. Ги гризеше меко усните додека очите и` шараа низ писмата. А потоа застанаа на едно. Го отвори и покрај тоа што се чувствуваше гневно кон тој човек. Не беше изненадена многу од неговите зборови. Можеби затоа што беше длабоко повредена во себе. Или пак го познаваше многу добро. Го исклучи екранот за момент и пушти мислите да и` талкаат. Не можеше да не помисли на неговиот лик. Не го љубеше, но не сакаше да го повреди. И` беше мил на еден начин. Се присети кога за прв пат нивните погледи се сретнаа. Таа беше возбудена. Се плашеше да не... но се случи. Нејзините мисли се удрија од работ на фиоката. Ја отвори и погледна внатре. Разгледницата иако беше нафатена со слој прашина, ги шепотеше искрените чувства што тој и` ги откри кога прв пат се сретнаа. Поради тоа се плашеше. Да не биде она што и` се случи на неа. Се плашеше да не биде љубена од својот пријател. Воздивна длабоко. Не сакаше да го изгуби и покрај тоа што ја имаше повредено. Го зеде мобилниот и му пиша. Потоа сркна од веќе студеното кафе. Сладок вкус на олеснување.

Сонцето веќе беше кон патот на својот зенит, кога тој пристигна на работа. Сакаше да биде опкружен со мирисот на свежо опкопана земја, со металниот звук на копачите кои неуморно одѕвонуваа во густиот облак од прав. Честопати утехата ја бараше тука. Но ретко беше сведок на некаков позитивен резултат. И денес се надеваше. Го зеде копачот и се упати кон својот сектор. Веќе ги познаваше луѓето со кои беше опкружен. Едниот висок и помалку згрбавен, со права боцкава коса како еж. Беше помлад од него но доста поагилен. Другиот беше црномурест со црна кратка коса. Беше доста поразвиен. Се чувствуваше една мала ориентална жичка во неговото присуство.
Само што го допре дното од јамата, го чу мобилниот. Порака. Го фрли копачот и го зеде. Почувствува мал бран на свежина. „Остави ми време“ – ја читаше повторно. Срцето почна весело да му потчукува. „Го имаш сето на располагање“ – и одговори. Потоа се насмевна за прв пат после долго време и замавна силно со копачот по земјата.


Неколку месеци подоцна...

Нејзините нозе иако уморни, итро чекореа по плочникот. Во придружба беше нејзината другарка, која едвај се обидуваше да биде во чекор со неа.
- Брзаш – и` довика.
- Ќе задоцниме – процеди во себе. Всушност знаеше дека ќе стигнат. Дури и да имаат вишок време да си ги разладат мислите со по еден студен пијалок во студентската кантина. Погледот и` шараше насекаде. Како да бараше некаков интересен предмет за истражување. Посегна по вратата. За момент мислите и` заталкаа во минатото. Не го сакаше. Но едноставно се почувствува тажно. Не лошо, миту изморено. Само тажно. Се прашуваше што прави во тој момент. Дали е со друга. Дали неговите очи истотака шараат наоколу ? Дали и нему срцето брзо му чука штом ќе се сети на неа? Ги грицкаше усните меко во себе.

- Не можев а да не помислам на неа. – му раскажуваше на својот пријател додека седеа под топлото сонце.
- Е па побарај ја тогаш – го погледа зачудено.
- Не можам... Добро знаеш дека така самиот се повредувмам.
Ги склопи раце и стана. Ги почувствува истите слатки болки по одредено време. Поминаа 3 ипол години од нивниот прв заеднички поглед. Повторно се чувствуваше како мало детенце.


To be concluded....
 
Последна промена:

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Concluding...

Changes
Нејзините очи неуморно шетаа по буквите кои шепотеа за искрената љубов. Истиот текст веќе неколку часа. Повторно се чувствуваше како девојче од само девет години. Безгрижно ги гледаше сите свои маани. „Ќе се обидам“ – си велеше во себе. Му пиша... бараше нешто. Еден вид утеха. Се чувствуваше доволно силна за да се обиде. Не знаеше кога последен пат ги напиша зборовите кои ветуваа приказна. Сакаше и понатаму. Но едноставно, нејзината инспирација не и` дозволуваше. Неми зборови. Слика без коннтури, без никакво чувство за естетика. Хаос. А сега, хармонија повторно. Мислите и` беа вперени во неговиот текст, Прикаската што ја доби кога за прв пат нивните погледи се сретнаа. И` се допадна тогаш. Испечатена на неколку листа, со едноставен наслов. Сакаше да ја продолжи. Да се внесе целосно во неа. Да го почувствува тоа што тој го чувствуваше кон неа.
- Секако дека може, но те молам нека остане меѓу нас двајцата
- Како што ќе речеш – се насмевна.

- Сакаш да ми кажеш дека повторно? – зачудено го гледаше неговиот најдобар другар.
- И не само тоа. Таа се враќа. Ќе бидеме наскоро пак. – го погледна со израз полн со восхит.
- Верувај нема да биде исто како порано. – му возврати.
- Вреди да се обидам. – воздивна длабоко.

Тоа беше тоа... таа одново се вљубуваше во неговите зборови. Се чувствуваше се` поисполнето со секој поминат ден врз хартијата и перото. Повторно жива. Повторно вљубена. Се прашуваше дали сето она што и` се случи предтоа беше причина повеќе да копнее по неговата душа. Или пак тоа беше скриено, чекајќи ново будење. Му пиша повторно. Имаше потреба од неговите зборови. Чувствуваше нејзината самодоверба како се поткрева со самиот нивен шепот.
- Секако дека ќе се видиме вечерва – читаше возбудено.

Не чекаше долго. Нејзините чекори итро ја допираа земјата. Ја виде. Ги почувствува истите болки кога за прв пат ја погледна. Таа беше прекрасна. Косата и` се лелееше на топлиот летен ветер. Посакуваше да ја допре.
- Одиме чекор по чекор.. Полека... – и` рече додека таа го допираше за половината. И` ја пушти омилената песна на системот. Таа се изненади. Го чувствуваше истиот мирис во воздухот кога за прв пат нивните раце оформија топла прегратка. Почнаа да танцуваат. По ритамот на чувствата. Тој ја принесе нејзината глава до градите. Не се противеше. Дури и повеќе... таа силно го прегрна. Сакаше да остане внатре. Во ритамот на неговото срце. Беше вљубена во него. Му шепотеше со нејзиниот поглед полн со среќа. Го чувствуваше неговиот. Топол и мил, полн со ветувања. Се роди сонувачот во неа. Сонуваше, просто го сонуваше овој миг. Кога тие танцуваат, кога со самиот нивен поглед водат љубов, кога нејзината душа се чувствува среќно, исполнето.
- Те љубам. – Му шепна додека беше целосно потоната во неговата прегратка.
Светлина. Тој повторно беше старецот кому соништата му нанесуваа ништо друго освен болка.
- Јас... Ова е погрешно... Заминувам – трепереше во себе. Се оттргна од неа и излезе низ вратата, оставајќи го нејзиниот поглед загубен во збунетоста.

Сакаш да ми кажеш тек така замина? – ја прашуваше нејзината другарка, додека ја слушаше како нејзините зборови загубено одзвонуваа.
- Да.... Чудно, зарем не?
Навистина не знам што да кажам. Од една страна ти беше таа која го одби, а сега бараш од него...
- Не барам... Само сакав да му кажам дека... – замолче. Се чувствуваше сосема исто како што се чувствуваше тој кога и` призна. Дури сега беше свесна за неговата болка.

Ја чувствиваше возбудата како растеше внатре, не давајќи мир. Се чувствуваше растргнат помеѓу сегашноста и минатото. Минато, кое не заврши среќно. Но кое ветуваше. И сегашност во која изгуби доверба. И двете го заробија неговото срце и се бореа, секоја на своја страна. Ја сакаше сеуште. Но нејзиното заминување во друга земја остави рак рана која и` требаше долго време да зарасне. И сега се враќа. Се прашуваше дали ќе биде истото како што беше пред пет години, Дали таа ќе ги прифати чувствата што тој скриено ги чуваше за неа сево ова време.

„Сепак ќе се обидам...“ си велеше во себе додека чекореше по паркот. Мислите и` беа сосема на друг свет што не можеше отпрвин да го забележи него. Се изненади. Неговите раце прегрнуваа туѓо тело. Туѓи погледи беа вперени во неговите очи. Туѓи усни ги допираа неговите. Не можеше понатаму. Трчајќи се оддалечи од нив. Целото тело ја болеше. Се чувствуваше повредена од самата себе. Липајќи влезе во својот дом, оставајќи ја вратата подотворена. Дишеше брзо. Нерамномерно. Го зеде најблиското нешто што и` беше на дофат и го прегрна. Некзината душа крвареше. Плачеше во себе, барајќи утеха во спомените. Но тие уште повеќе пројавуваа солзи во нејзините веќе црвени очи.

To be concluded....
 
Последна промена:

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Changes
- Ме виде... – загрижено му објаснуваше на својот пријател. – Душава ме здоболе штом го забележав нејзиниот поглед. Не се познавам веќе себеси. Не знам што правам... Проклето го уништив нејзиниот единствен сон!
- Навистина не ми е јасно.. Како можеш да бидеш со друга кога срцето ти копнее по неа? Како можеш да бакнуваш усни во кои немаш ништо освен утеха?
- Се плашам да не останам повторно..
- Што да останеш? Сега знаеш дека те љуби. И тоа се гледа по нејзиниот поглед. Зошто си правиш нешто кое подоцна ќе ти донесе само болка?
- Таа ме повреди... не си свесен колку денови поминав затворен во ѕидот на меланхолијата? Колку ноќи мечтаев дека нејзините зборови беа ништо освен сон од кој сакав да се разбудам?
- И со тоа сега ти ќе и` се одмаздуваш? Зарем ти ли беше тој што еднаш рече дека без оглед на се` ќе ја љубиш? Ти ли беше тој што ќе направеше се` за да таа остане среќна дури и по цена никогаш повеќе да не се видите? Погледни се! На што личиш! На едно егоистично копиле кое сака само себеси да си направи како што му прилега. Па дури и по цена на туѓата болка.
- Престани те молам... – нервно му врати. – Како тоа наеднаш сите се свртивте против мене?
- Си се запрашал ли зошто е тоа така? – стана и замина, оставајќи го замислен.

Нејзините работи беа на креветот. За некој момент таа се гледаше како исчезнува од видикот на местото каде некогаш се чувствуваше бесмртна. Сега беше само обичен дух, завиткан во сопствените сенки. Се чувствуваше мизерно. Сакаше да заборави на се`, на целата претходност што и` ги имаше опфатено спомените. Ја допре разгледницата што седеше во фиоката. Залипа. Покрај толку време поминато, чувствата сеуште ја држеа во живот. Ја отфрли од себе како да беше некаков жежок предмет. Не ги сакаше тие спомени. Не сакаше да мисли на него. Па сепак, копнежите ја тераа. Ја саклучи вратата со долга пауза зад себе.

Одеше забрзано по улицата каде за прв пад водеа љубов. Со погледите.. со насмевките. Се сеќаваше на нејзиниот мирис. Уникатен, единствен. Мораше повторно да го почувствува. Па макар и за момент. Како што се приближуваше до нејзиниот дом, така возбудата се` повеќе растеше. Последните денови се бореше со себе. Се плашеше за неа. Да не биде сама. Повредена, издадена одново од човекот кој некогаш и сеуште ја љубеше. Се чувствуваше потребен, иако знаеше дека ја изневери нејзината невиност. Чекорот сам по себе се изгуби. Тој просто не ја чувствуваше земјата под себе. Лебдеше помеѓу сонот и реалноста. А потоа тишина и празнина.

Нејзиниот поглед иако уморен, беше упатен во темната далечина. Сакаше што побрзо да замине од проклетото место. Се чувствуваше дека дека не припаѓа повеќе тука. Во улицата на соништата. Го чувствуваше ритамот на ирелевантноста како отчукува во нејзината душа. А сепак копнежите беа сеприсутни. као по ѓаволите ќе ги заборави неговите зборови полни со ветувања за едно време? Не можеше преку ноќ да го заборави. Водеше љубов со него и кога беше сама. Дури и кога нејзините соништа водеа кон меланхолија. и растревоженост.
- Јас... лошо постапив... чу замислен глас позади неа.

- Не требаше... – се обиде да го оттргне, но тој веќе и` стави прст пред усните.
- Не можев да престанам да мислам сево ова време на тебе. Извини што постапив лошо. Знам дека не заслужувам но... знај дека никого досега не љубев толку силно...
- Не.. немој.. – почна да трепери. Повторно копнежите почнаа да водат војна со разумот. Ја чувствуваше врелоста во крвта како струи, Потоа не издржа. Се поткрена, барајќи ги неговите усни. Ги почувствува. Слатки мали болки и` проструија низ `рбетот. Се почувствува одново жива. Но овој пат за долго.

...навистина за многу долго...
Fin​
 
Последна промена:

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Пола саат препрочитувам.
Саладине бре, си требал да ме предупредиш дека уште во Февруари си предвидел низ што ќе минувам. :D
Неверојатно. :frantic
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin