(Вистинска) Љубов, постои ли?

Дали постои љубов


  • Вкупно гласале
    42

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Без многу филозофирање (иако на темава можам да одам до бескрај), љубовта е вистинска кога со некого ти е убаво, колку и остатокот од животот да ти е срање.

Љубовта е вистинска кога во секој план во идно време се запрашуваш не само за себе, туку и за него/неа.

И најважно од се, љубовта е само за големите луѓе. За мене човек кој сака е храбар и голем човек. И им се воздивувам на ваквите личности.

Кога иднината ја гледаш со тој човек? Кога заедно ги дочекувате и брчките?

Ете тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy and Ghtalpo

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Аркантос над мене ми ги украде зборовите.
Вистина, првичната жар можеби се губи, т.е. заљубеноста, ама после тоа се доживува љубовта. Без очилата со шарен поглед. Не, кога љубовта е силна, не преминува во навика. Можеби се стекнува една рутина, како што Аркантос кажа, ама навика не.
Како да кажам дека ми е навика, кога мислам дали е добар кога го нема подолго време? Или пак ќе го спомнам Аркантос, кога ќе помислиш на смртта, или на живот без него, боли до солзи. Кога иднината ја гледаш со тој човек? Кога заедно ги дочекувате и брчките?
Можеби не си љубел така силно до сега.
И јас така мислев... се додека не се изнаслушав животни приказни кога навистина се случија ситуации каде се губи едната страна... Да. Ќе боли едно време. Но човекот е адаптибилен. И најчесто се раѓа нова љубов. Но некои едноставно не прифаќаат, поттиснуваат поради моралните кодекси кои ги имаат стекнато way before.
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Според мене најчиста, најискрена, неискварена љубов е онаа што ја чувствуваме уште од бебчиња, спрема мајката.Едноставно потребна ни е нејзината близина, нејзиниот мирис, допирот, зависни сме од неа..
Текот на времето само го менува овој правец на сакање, почнуваме да се усмеруваме кон други личности, за кои сметаме дека исто така ни е потребна нивната близина, мирисот, допирот....но со тек на време сфаќаме дека недостижно е она што навистина го мислиме и ни треба, со она што е реалност.
Првичниот жар помеѓу двајца, страста, тоа е само микро дел од сето она што би требало да следува во животов, многумина грешат, не е тоа љубов, тоа е само привлечност, страст.Потоа да, преминува во еден вид навика, но доколку знаеш дека тоа е тоа и секој ден ти е исполнет со него, сфаќаш дека е тоа љубов, жарчето сеуште ќе го има доколку самите успеете да си го задржите.
А онаа вистинска, чиста, најчиста љубов после онаа спрема мајката е онаа што би можел да ја имаш спрема своето дете, тоа е веќе дел од тебе, кинеш дел од себе и му овозможуваш да живее, го гледаш и едноставно те потсеќа на тебе, на него....непроценливо чувство и љубов.
А се она што е измеѓу секогаш ќе биде со тенденција за крај, секогаш кога ќе мислиш дека тоа е тоа вистинското опп сфаќаш има нешто друго и друго...
Убаво е да живееш со цел да бидеш почитуван, сакан, воздигнуван од оној што е покрај тебе, тоа е "љубовта" која ни е потребна на сите.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
И јас така мислев... се додека не се изнаслушав животни приказни кога навистина се случија ситуации каде се губи едната страна... Да. Ќе боли едно време. Но човекот е адаптибилен. И најчесто се раѓа нова љубов. Но некои едноставно не прифаќаат, поттиснуваат поради моралните кодекси кои ги имаат стекнато way before.
Не ги слушај приказните. Заклучоците за љубовта со носат од искуството не од раскажување... Верувај
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Не ги слушај приказните. Заклучоците за љубовта со носат од искуството не од раскажување... Верувај
Затоа и реков... се` е до субјективноста. Која пак и нема да го даде точниот одговор за вистинската љубов.
 

Lollypop

Истакнат Член
26 декември 2012
251
197
143
Љубов, ах таа љубов, вечна загатка и неисцрпна инспирација. Најголем човечки двигател. Не постои мотив кој создава повозвишени чувства и предизвикува помрачни дејства во истовреме. За љубовта се војувало и се војува. За неа се урива и се создава. За љубовта се пее и се твори. За неа се пишувало, се пишува и таа засекогаш ќе остане најголема муза.
Многумина се обидувале да ја објаснат, дефинираат, но секогаш постои некој дополнителен збор, реченица која се надоврзува и прави оваа тема да остане недообјаснета, недокажана. Или како што рекол Елин Пелин „ сè што ќе се каже за љубовта, сè е вистина“.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheCat and Arkantos

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Љубов, ах таа љубов, вечна загатка и неисцрпна инспирација. Најголем човечки двигател. Не постои мотив кој создава повозвишени чувства и предизвикува помрачни дејства во истовреме. За љубовта се војувало и се војува. За неа се урива и се создава. За љубовта се пее и се твори. За неа се пишувало, се пишува и таа засекогаш ќе остане најголема муза.
Многумина се обидувале да ја објаснат, дефинираат, но секогаш постои некој дополнителен збор, реченица која се надоврзува и прави оваа тема да остане недообјаснета, недокажана. Или како што рекол Елин Пелин „ сè што ќе се каже за љубовта, сè е вистина“.
А твоето мислење околу ова?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y and alba