Чисто сумљам да е повеќе од 15 години овој, али се е можно. Просек тигрицата живее 5-6 години , со екстра услови во домашна атмосвера може и до 8-10 години максимум. Овој ако е над 15, може и Animal Planet емисија да ти прави за долговечноста на папагалот.
Се извинувам, мислев над 12, не 15... Сега си навратив филм, го имаме од 2000-та, година откако почина дедо ми...
Патем знам за тоа што го тврдиш, односно:
„Просечниот век на живеење на една не припитомена тигрица изнесува околу 5 години , додека пак тигрицата чувана како домашно милениче може да живее помеѓу 8 до 10 години. Должината на животниот век на една ваква тигрица зависи пред сè од условите во кои таа се чува/одгледува како и нејзината исхраната“
Не знам што да речам, тигрицава за антологија ми е...
![Се смее :D :D](/images/emoji/laugh_animated.png)
А иначе, тоа дека е прастара, факт е, веќе трипати има доживеано епилептични напади кои и’ траат речиси цел ден, и во кои делува дека ќе „замине“... Последниот беше пред месец и пол, а секој нареден и’ е, онака, се’ полош и посилен...
Пу-пу, да не урочам пак да се случи нешто такво.