Задоцнет развој кај децата

I-Z-I-S

Нов член
19 ноември 2012
7
1
3
Се работи за 6 годишно девојче , констатирана е хормозомска абнормалност без конкретна дијагноза. Детето се разбира со гестови, но сеуште нема развиен говор. Присутна е лицева дизморфија, моториката е уредна. Неможе да се сконцентрира и видно повремено е вознемирена .
Се вршат контроли од доктори во детската клиника во Скопје , но сеуште нема некој виден напредок .
Ве Молиме за ваше мислење, И доколку знаете за некои специјалисти , клиники или нешто друго, па и надвор од Македонија , ве молиме за помош.
Ви благодарам,
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Горенаведеното не е некако разбирливо,т.е не разбирам што е дизморфија или хормозомска абнормалност?
Ама не е ни битно.
Дали сте пробале со некој спорт на пр.карате или детска јога каде што на некој индиректен начин се учи дисциплина и самоконтрола??а воедно и е забавно за децата..
Не би вршела притисок,можеби ке дојде сето тоа подоцна.
Некои деца покасно се развиваат во некои работи,а се подобри во други..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and slb_bobo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Ако се работи за хромозомска абнормалност тешко дека лекарите ке направат нешто...
Но како што кажа членот погоре јогата или некоја креативна активност може да му помогне да најде начин да се изразува, не мора преку зборови доколку му е тешко, ако моториката е уредна тогаш можете да пробате со полесни вежби, цртање, полесни едукативни игри и сл.
Доколку во детето се разбуди креативност и се заинтересира за некоја одредена активност, тогаш концентрацијата ке се подобри а и вознемиреноста ке се намали.
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Се работи за 6 годишно девојче , констатирана е хормозомска абнормалност без конкретна дијагноза. Детето се разбира со гестови, но сеуште нема развиен говор. Присутна е лицева дизморфија, моториката е уредна. Неможе да се сконцентрира и видно повремено е вознемирена .
Се вршат контроли од доктори во детската клиника во Скопје , но сеуште нема некој виден напредок .
Ве Молиме за ваше мислење, И доколку знаете за некои специјалисти , клиники или нешто друго, па и надвор од Македонија , ве молиме за помош.
Ви благодарам,
Каква хромозомска абнормалност? Вишок на хромозом? Дефицит? Аберација на хромозоми?
Имаш мал милион генетски болести.
Да не е sy. Down? Tarner?
Секоја една генетска болест претрпува и физички промени.
 

I-Z-I-S

Нов член
19 ноември 2012
7
1
3
Каква хромозомска абнормалност? Вишок на хромозом? Дефицит? Аберација на хромозоми?
Имаш мал милион генетски болести.
Да не е sy. Down? Tarner?
Секоја една генетска болест претрпува и физички промени.


прво, Ви благодарам, за почитуваните размислувања,
значи, констатирана е хормозомска абнормалност, без конкретна дијагноза, тоа стои во наодот од специјалистот.
..велите суфицит, дефицит .. аберација на хормозоми , Значи кога станиува збор, за отстапување од нармалното, кај хормозомите, сето тоа е аберација, било структорна било нумеричка ...
постојат "мал милион болести" , но некои имаат посебни специфичности ... значи не е констатиран синдром....
Благодарам,
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Затоа и прашував. Треба точно да се знае каков синдром има девојчето. Иако, за жал, шанси за излекување од овие болести скоро и да нема.
Останува само многу љубов да му пружите на детенцето, внимание, разбирање, затоа што тоа го чувствува тоа.
 

I-Z-I-S

Нов член
19 ноември 2012
7
1
3
Затоа и прашував. Треба точно да се знае каков синдром има девојчето. Иако, за жал, шанси за излекување од овие болести скоро и да нема.
Останува само многу љубов да му пружите на детенцето, внимание, разбирање, затоа што тоа го чувствува тоа.

Треба да се знае?? шанси? Затоа И дискутираме на форумов!,
значи , ве молиме за мислење , познавање на некој таков случај , постоење на некои рехабилитационен центар, клиники што се занимаваат со таа дејност, можеби искуства од алтернативна медицина? искуства од бањи физикални терапии (хидро кинезитерапија и нешто слично ...
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Изис, читаш ли што ти пишувам?
Не можеш да бараш совети, а да не наведеш за каква болест се работи.
Познавам многу личности и нажалост сега за сега нема лек.
Физикалните терапии и бањите би и помогнале само доколку има слабост на мускулите, а кажуваш дека моториката е добра.
Навистина не знам што очекуваш да ти се каже, кога не го изнесуваш конкретниот случај.
Малку реално, ама не, нема по некое чудо да се излечи детето.
 

I-Z-I-S

Нов член
19 ноември 2012
7
1
3
Farfalla, да, читам. И воеедно се чудам.
Вие давате совети само за дадени конкретни дијагнози? на кои нажалост и нема лек .. или пак има.. !?
да ви дадам дијагноза , па можеби и чудо ке направите... Со која компетентност? се дрзнувате па да зборите за чуда, лек, болест или синдром , (колку што сфатив од погоре вие и не знаете што е тоа синдром)
Со оглед , на Чуствителноста , на темава , доколку немате ништо паметно да кажете Ве Молам не, коментирајте .
Сепак ви благодарам за искреното ваше размислување .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Blueberry

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Како побогу, И КОЈ, може да даде совет, дијагноза, како год, на твоево напишано?
Пример, ме боли заб.
Болката трае 2 минути, се јавува после јадење.
Што ми е? Знаеш да ми кажеш? Секако дека не. Минимум 5 дијагнози ми текнуваат во моментов.
Така и јас најкултурно и најсочувствително те замолив да ми објасниш и да ми кажеш нешто повеќе.
Затоа што ти кажуваш многу општи работи, ти ја кажав и најопштата дијагноза.
Само со пишаново од твоја страна, и отаде светот оди, никој нема да ти каже ништо конкретно.
И да, молим лепо, многу убаво знам што е синдром, очигледно повеќе од кхм... Вас?
Јас навистина не занм што сакаш човеку? Тапшање по рамо?
Извини на грубоста моја, ама подобро не.
Се одјавувам.