Провинцијалска идеја за екскурзија

Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
И да имам нешто да те прашам. Јас дома пијам кафе на секој 2-3 часа. Гледам тука тие што пиеле кафе на секоја пауза ги „етикетираш“ со тоа што кажуваш дека немаат видено кафемат. Мене со што ќе ме етикетираш?
А да знам... Јас немам видено ѓезве :)
П.С. Имам видено жими очи, еве сега пред 20 минути правев кафе[/quote]

Не зборам за пијачи на кафе што се константни, зборам за истиот кафемат што го имаме во македонија, а никој не пие кафе и фаќа пајажина, и не ми е јасно што го прави Италјанскиот кафемат толку посебен? Луѓе што лично знам дека не пијат кафе, или бар така велеа, во италија кога појдовме наместо да појдеме на одредена релација на време, професорите се издераваа буквално на тие 10 дечиња што не пиеа кафе во МК ама во Италија неможеа да се изнапијат. И се сликаа со потполна копија на кафематот што го имаме во сопствената си гимназија само затоа што е Италјански. Тоа ли го прави посебен? Што е разликата мене ме интересира? Можеби неубаво се изјаснив во колумната што всушност ме иритира и колку се тие продадени души спрема мене, сепак ми е прва, но не гледам зошто никој не ја сваќа мојата поента. И јас пиев кафе, како и секоја ден, но не ги кочев желбите на другите. Колумнава ја напишав исклуччиво за да им ја поткренам самосвеста ако можам, и слободно да си се пронајдат, но сепак мислам дека пак нема да сватат. Мене ме тепа малограѓанството, и глупавоста на мала група индивидуи од кој ни опаѓа рејтингот зошто немаат култура и незнаат за доста. Ако имаат малку повеќе кеш незначи дека го поседуваат светот. Првично не би се замарала со вакви ситни души, зошто и нешто не ми е особено гајле, ниту ме интересираат но ова неможеш а да не го забележиш, бидејќи се покрај тебе константно и те кочат во работи што ти и останатите сакате да ги правите. Зошто? Кога секој има време да си го оствари сонот таму? Зошто баш да ти тураат пипер во твоја манџа?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Party Poison

Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
До некаде се согласувам со тебе затоа што дел од напишаното е вистина, но малку не фер од тебе за работите што ги напиша за сите што се осмелуваат да имаат различни интереси и различни мислења од тебе.

И јас сум се нашол многу пати во ситуација каде не ги разбирам работите што другите ги прават, те разбирам како е. Но, сум се нашол во ситуација каде на некој му пречело нешто што јас сум го правел, или не го разбирал, па разговарале со мене. Па пробуваат тие да објаснат зошто го прават тоа што го прават, па пробувам јас да објаснам. Нема крај. Немаат сите исти интереси, немаат сите иста замисла за забава.

It's a two-way street.

Тебе ти пречи фактот дека сите твои другарки се шминкаат, а сите твои другари едвај чекаат да се пијанчат. Може на нив им пречи тоа што ти седиш и ги набљудуваш и, полошо, осудуваш. Но, ти губиш.

Они ќе се испошминкаат и ќе се начукаат и наредниот ден ќе бидат несредени, со мамурлак. Ти нема.

Па наместо да се замараш со нив, прави тоа што ти го правиш. Ќе се забавуваш и ќе престанеш да мислиш на другите.

Претпоставувам не си единствената која е заинтересирана во уметноста и архитектурата во Италија, па најди некој и шетај се со нив. Па прави што сакаш, сликај што сакаш.

Ако нивниот апарт е полн со слики од нив пред продавници, не значи дека твојот треба да биде празен.


Не велам дека во мојот апарат има слики, не велам дека секоја ден се замарам со пишување на колумни и со водење на чаршиски муабети, јас секогаш ако нешто ми смета го кажувам во лице, но можеш да видиш од предходните коментари што ги пишав што всушност сакав да кажам, знам дека сите сме различни, оправдувам поинакви мислења, се додека се почитуваат и моите желби и не ми се оспорени. Зошто кога само дваесет луѓе сакаат на шопинг, а осумдесет да влезат внатре во колосеумот - зошто да се поддржат мамините мази? Зошто ние да неможеме да појдеме, или да касниме за тој шопинг кога имаше уште два три дена одредени само за тоа? А сите ПРВ ПАТ одевме во Италија. Тоа ми беше муабетот.
 

Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
Кога имав пет-шеснаесет години сите мои другарки се шминкаа за излегување. Јас си имав мака со очите, малку маскара да ставев солзи реки ми течеа, за сенка па да не прам муабет. Си велев ќе трпам, ќе се навикнам, ама џабе. Детиште, па криво ми беше до немајкаде. И така, малку по малку, за да не си пукам од мака при секое излегување, почнав да си се тешам. Си велев -абе ајде, ко некои женчиња уште од сега, преокупирани само со шминкање, ко да нема поважни работи на кои ќе си го трошам времето.
Ама пустото, џабе не рекле „можиш сите да ги лажиш, ама немојш сам да си се лажиш“. И така, шом останев дома сама, или откако ќе заспиеја сите, јас со шминките в'раце и пред огледало...
Шо ми беше муабетот... а, да - Зелено е грозјето, рече лисицата и си продолжи по патот. :D


Што, мислиш дека јас неможев да купам во кинески пет блузи? Купив и јас, само на денот кога беше определен за шопинг. Неможев да се сликам пред долче и габана? Можам, можам секогаш. Не е тоа поентата драга, мака ми е што не сте доловиле што всушност сакам да кажам.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Што, мислиш дека јас неможев да купам во кинески пет блузи? Купив и јас, само на денот кога беше определен за шопинг. Неможев да се сликам пред долче и габана? Можам, можам секогаш. Не е тоа поентата драга, мака ми е што не сте доловиле што всушност сакам да кажам.
драга мила, де обиди се да доловиш што јас сакам да кажам :D
 

Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
Deviously Devilish секој се облекува како што сака, дали со блузи од 300 ден. или 3.000, независоно. Секој оди на екскурзија за да види различни нешта, тебе ти се интересни едни работи, на друг други, различни личности - различни интереси... Исто, секој си фура свој филм, а тебе ако ти пречи тоа можеш само да игнорираш. И, не, не се тие провинцијалци што си ги лакирале ноктите, што се сликале пред Гучи.. едноставно, тие што имале попаметна работа на екскурзија отколку да набљудуваат некој. Провинцијалци се тие што цело време набљудуваат некој, и после тоа озборуваат кој што правел, во примеров, ти си провинцијалката, затоа што немаш попаметна работа, се интересираш за тоа другите што прават, како уживаат и потоа озборуваш, па дури и на форум.

Јас бев далеку од - се интересирав. И јас гледав да си поминам убаво, и си поминав, уживав фала богу, или барем гледав, се додека не ми беа оспорени работите што сакам да ги правам, заради она што сакаат да го прават само дваесет души. Не озборувам, далеку од тоа, го напишав на форум чисто да знаат, и да им се поткрене самосвеста ако некако воопшто може за тоа колку е тоа нефер од нивна страна. Почитувам и манекенки, и оние што следат мода, и оние што се средуваат, фала богу девојка сум не одам батал и јас сакам исти работи како и тие. Но тоа НЕ Е ПОЕНТАТА.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Јас бев далеку од - се интересирав. И јас гледав да си поминам убаво, и си поминав, уживав фала богу, или барем гледав, се додека не ми беа оспорени работите што сакам да ги правам, заради она што сакаат да го прават само дваесет души. Не озборувам, далеку од тоа, го напишав на форум чисто да знаат, и да им се поткрене самосвеста ако некако воопшто може за тоа колку е тоа нефер од нивна страна. Почитувам и манекенки, и оние што следат мода, и оние што се средуваат, фала богу девојка сум не одам батал и јас сакам исти работи како и тие. Но тоа НЕ Е ПОЕНТАТА.
и во една реченица:
ПОЕНТАТА Е овде дополни
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
:rofl хахаххаххахахаххахахахаха... немам коментар.. уствари имам ама мрзе ме да пишувам... поинтересно ми е да се спремам за да излезам.. провинцијалска работа.... :D хахах

Што направивте од мене луѓе, не ми е јасно зошто сите се водите по првата критика секогаш и ако првата критика е позитивна тогаш се е позитивно, ако не е тогаш се е негативно, колку да нема многу спротивни мислења и да се соберат повеќе фанови. Зошто не сваќате поента? Толку ли е несватлива темата и тоа што сакам да го кажам? Чекај, јас не сум девојка? Јас не сакам да се спремам? Јас не се шминкам? Јас не носам марки? Де бе, не сум батал, и јас се средувам фала богу. Не е тоа поентата, поентата е што јас не го потенцирам на секој чекор тоа. А вие ме направивте незадоволен мрчатор брцнат во ќош со самото тоа што се пожалив на луѓе што немаат никаков осет. Полека малку, видете што сакам да ви кажам.
 

Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
и во една реченица:
ПОЕНТАТА Е : Луѓе без осет, што не им е гајле за другите и оспоруваат некоја работа што осумдесет луѓе едвај чекаат да ја видат бидејќи имаат малку одвишок кеш, а не дека тие ја виделе таа предходно, но од глупавост знаат само да го прават она што цел живот го правеле . А не дека ја сум ненормално мрчало кое само набљудува и нема социјален живот па само разјадува г**на по форуми. Ете тоа. :) ;)
 

Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
Идеја*

Ај сега малку контра да разгледаме.

Знаеш што мразам кај ваквите колумни?
Потребата да се самоистакнеш ко посебен на сметка на омаловажување на другите, како и намерното правеење себеси црната овца, кога, in fact, сакаш да покажеш дека другите се безкичмењаци.
Ако тоа им е бре интересно, нека ги. Мене никој нема да ми брани јас да гледам споменици ако сакам, како што и на нив не им брани никој да се сликаат пред продавниците на D&G и Gucci.
А, контрадикторноста вришти в крај.
Се буниш за дигнатоста на кремците, а погоре ги исмеваш оние, што ете, не можат да си дозволат повеќе од 5 маички за 300 во Шутка. Ако толку можат да си дозволат, а притоа секој ден да носат различно, тоа не е “кремчарење.“
А, зошто да не е настан? Па 16-17-18 годишни многу да не се нашетани и изживеани, па треба рамнодушно ко старци во двокатен да седат со лулиња и like a sir да дискутираат за политичката состојба во земјата во која се наоѓаат моментално?
И што има врска “провинцијалноста“ со сељачењето? Дали израснатите во златната лажица помалку се сељачат на екскурзија или на било кое патување? Лично колку што знам, баш тие први трчаат пред гореспоменатите кремски излози, за разлика од срамежлививе провинцијалци кои не можат да се нагледаат и насликаат убавини наоколу, оти нели, тие живеат во шупа, не виделе кафе-мат, чешми на сензори, споменик-фонтани и широки плоштади.
На крај, испаѓа дека нивно најголемо достигнување е ако живеат на асфалтирана, провинцијалска улица. (think)

Поентата не беше да се извеличам јас, далеку од тоа, има уште милион како мене на кои им беа многу работи скратени, само за дваесет души. Нека правеа што сакаат, ама и ние да го уживавме делот што ние го сакаме. А не наместо два часа уживање ние да добиеме петнаесет минути нели? Немам ништо против различност доколку нема оштета. И ете нека се наживеат, но зошто одлучуваат да се изнаживеат токму во италија и да се сторат дрво и да не се знае кај се тера? Така се терет на многу луѓе, нели? Сега да уживаме или да ги трезниме?
Можеби и згрешив со насловот па многу се навредија, тоа е моја грешка извинете. И јас сум провинцијалка израсната во семејство со не толку високи примања.
За вториот дел потполно се согласувам со тебе, требаше да стои СЕЉАЧКА идеа за екскурзија. Тоа е моја грешка, само не очекував многу луѓе тука да се фатат како пијан за плот за еден детаљ, а да ја пропуштат поентата. Сепак сум само почетник во ова.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Види мило, животот не е секогаш фер.
Некој има повеќе, некој помалку. Не само кеш, ами и многу други нешта.
Можеби грешам, но тоа нагласување на финансиските можности некако ми дава чувство дека не си толку лута на нивната несовесност и неодговорност кон другите, колку што си лута на фактот дека просто им се може.
Секогаш се лутиме на сопствената немоќ.
И сега не зборувам само за кеш.
Да се наметнува не може секој.
Но, со време, секој си го наоѓа своето место и својата безграничност.
Сфаќаш?
Не те напаѓаме заради напишаното. Те напаѓаме зашто си дозволила да ти се смешаат во уживањето. :)