Опсесивно – компулсивно растројство се манифестира преку опсесивно извршување на некои активности, на специфичен начин при што субјектот има потреба постојано, во определен временски интервал да посвети внимание на својот ритуал, или во зависност од самата ситуација и објектот на „празнење“ да го прави истото без оглед на временската рамка.
Од познатите оваа нарушување во помала или поголема мера го имале, имаат:
Чарлс Дарвин – Во свое време Дарвин бил сметан за мошне чуден човек. Првите знаци на нарушување ги покажал на 16 годишна возраст но тие станале воочливи и поистакнати на негови 28 години. Вистинската природа на неговата болест и ден денес останува мистериозна но се смета дека во основата лежи опсесивно компулсивно нарушување.
Били Боб Торнтон – Тој не ги открива своите опсесии, меѓутоа вели: „Едноставните можам да ги објаснам. Меѓутоа за оние покомплицираните, потешките не знам како да се артикулирам.“
Џесика Алба – Младата актерка уште како дете била со проблематично здравје. Почести биле проблемите од физичка природа, но пројавувала знаци на опсесивно – компулсивно нарушување. Интензитетот на истото се намалил кога со своето семејство се преселила во Калифорнија.
Доналд Трамп – Познатиот бизнисмен има страв од бактерии. Тој избегнува да се ракува со луѓе, да вика лифт како и да зема работи од под, земја.
Камерон Дијаз – Камерон се плаши од бактерии кога отвора врата. Се случило да ја избледи бојата на својата влезна порта од чистење. Дури употребувала ракавици кога требала да тропне некаде. Меѓутоа поради терапија нејзината опсесија е намалена а таа смета дека така го пронашла својот мир.
Леонардо ди Каприо – Актеров не сака да гази на гуми за џвакање а некогаш поминува неколку пати низ вратата пред конечно да излезе од дома.
Мајкл Џексон – Мајкл бил опседнат со својот изглед. Својата шминка не ја симнувал ниту пред спиење. Неговата опседнатост резултирала со бројни пластични операции.
Лудвиг ван Бетовен – Бетовен постојано се борел со своите емоции, затоа што не можел никако да се соочи со тоа дека не може да го слушне аплаузот на публиката.
Алберт Ајнштајн – Не можел да ги запомни месеците во годината, но на сметка на тоа решавал математичи проблеми без проблем.
Микеланџело – Микеланџело секогаш излегувал од просторијата ако некој не се согласувал со неговото мислење. Спиел во чизми затоа што се плашел од оштетување на своите стапала.
Дејвид Бекам – Бекам е вистинска педантерија. Кај нив дома мора сè да е чисто и под конец. Доколку на масата има три книги, една ќе мора да биде отстранета или една додадена за да бидат во пар.
Никола Тесла - Тесла не можел да допира заоблени предмети. Исто така поголемиот дел од работите кои ги правел, ги правел по трипати или по шест или девет, број кој бил делив со три.
Стенли Кјубрик - Играњето шах е неговиот предмет на опсесивно компулсивно нарушување.
Мартин Скорсезе – Своето нарушување го искористил за создавање подобри филмови. Имено Скорсезе бил опседнат со подобро градење на карактерите. Мислел дека никогаш не е доволно добар.
Дали мислите дека ова некоја болест,комплекс или само чисто суеверие?