Алманах за членовите на форумот ЦрноБело

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Темава се мислев дали да ја отворам во хумор,ама пак си викам може нема секој да сака стихот посветен за одреден член да биде со хумор,може некој ке биде романтичен,или пак мистичен,па дури и еротски :D

Исто за во играчница не ми се пушта темава оти покрај тоа што е за забава(а до некаде и сите теми се со таа цел),сакам да биде општа за да секој на свој својствен начин или било како сака да ни долови одреден член.

На сите ни е познато зошто служат алманасите,имаше обид од страна на Др.Гонзо и Тхе_Мајор да направат нешто слично,исто и од членовите кои направиа напори да успее весникот црно бело,но и двете работи се стишија.

Поради тоа токму сега ја отварам темава за да секој од нас проба да си направи свој алманах од извесен број на членови.
Секој од нас кога и да има инспирација или желба,да посвети нешто за одреден член а со тоа да ја покаже и својата креативност во пишаниот збор :D

Напоменувам дека треба да се содржи од моменталниот аватар на членот,никот и до него текстот кој сакате да го посветите за членот.
Доколку некој има било каков предлог околу темава за да биде поинтересна,ке ги замолиме дополнително модераторите да го додадат во воведов на темава.
 

Teddy Picker

Староседелец
15 јуни 2012
155
162
643
Фоф компирето
нашата драга мелпомена
на повеќето тука умот ни го зема,
мислење за мислење реди
и секое едно од друго повеќе вреди;
нејзината моментална локација
за нас е недопирлива дестинација.
(talk)
 

Teddy Picker

Староседелец
15 јуни 2012
155
162
643
Фоф компирето
Sarah
мојата нова пријателка сара
постојано некој за муабет бара,
во кафичи развива шеми
а на форумот ја мрзи да отвара теми;
нејзиниот аватар секогаш убавина зрачи
но да го смени својот потпис никогаш не се мачи.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ај и јас да го пробијам мразот и да му помогнам на Стоименов

666.jpg

Trouble

Си имаме само еден решлив "проблем" на форумот наш
Таа за собиранки е организатор баш.
Пораки по пп фрнчат и по некој телефонски број се врти
Но неправдини таа неможе да трпи.
Имаше мал проблем околу титулата истакнат член
и не сака да го добие некој нов неприметен клен.
Со Бум Бум често се дружи
па дури низ форумов пирошки и пружи.
На Мајорот е љубов права
и да оди со други таа му дава.
Си го сака мноо и Правати
Но понекогаш неможе некои членови да ги свати.
Ја очекува љубовта од Америка да и дојде
а успат на пиво фест најубаво си пројде.

.....Продолжува
 

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
4 FUN беше дете
беше многу добар
и добар многу беше
но со пиштол си играеше
и џип од на брат му калашот ќе си купуеше
ама не си купи оти незнам шо.
 

Teddy Picker

Староседелец
15 јуни 2012
155
162
643
Фоф компирето
колешката од форумот, Лејди
се улепшала на аватар дејгиди
ме забораи у последно време
и на некои теми тука моментално си дреме;
нутелата ја сака како мајка,
а на бугарските певаљки им тури шајка :igra
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
229.jpg

Electra
Електра не е удрена со чарапа тегет и за неа животот има смисла.
Напатена душа од она што студент значи,
по цели денови Легионерот во сандаче ја мачи.
Сака интригантна двосмисленост кажана со смисла,
често знае да измисли и некоја нејзина мудра мисла.
Знае со "камшик да исплеска гзиња голи",
за пријатели таа нема потреба да моли.
Знае понекогаш и сурова да биде,
но само за оној што не сака вистината да ја виде.

Стројници прати да го видат Шарко наш,
без пофалби се вратија кутрите.
Таа тогаш свати дека
Slash за нејзе претставува вистински маш.

Посебна стратегија на заведување таа има.
Ја крева футата и ги чека ташаците да се подујат.
Во се таа ни е посебна,а богами и доследна.
Ај стига...:)
(мал обид,и со рима и без) :giggle
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
А јас ќе си земам за право да пишам за едно тешко џубре.

slb_bobo е фаца уникати,
нему Шчипоња може само да му се фати.
Сака да си мрчи и не му е гајле,
на Мелка и’ мава романтики до сабајле.
И дур го пишувам ова, од страна ме држи на нишан,
сака само убави зборови за него да пишам.
Ма не те шишам.
Уствари, ќе го шишам оти косата си ја сака,
ама јас сум злоба, па ќе постапам така.
Често ми праќа смајлиња со лајна,
а кога ќе ги прати, среќата ми е долготрајна.
Многу сака тигрици и остало животинско царство,
а мрази ванаби хипстери, „јаки“ фаци и помодарство.
И доста ти е толку за тие пари,
за ваквите пофалби треба да ми благодариш!

Фраза: Kitty, kitty, are you wet? :D
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Господа и Дами,да ви напишам збор два за JaMi.
Таа не сака многу по сите теми да галами.
Заљубена е таа од овде до Париз.
Често има што да ни раскаже
и обожава кон фанот љубовта да ја покаже.
Дама права од модните писти,
и често ја има со постови од фотографии,ако некој не верува нека низ форумов разлисти.
Знае со коктели да не разлади
и со некое парче благо да не заслади.
Освен љубов на форумов таа има и фамилијарни врски.
Си ја најде овде сестра и Кити,
а понекогаш знае и со некоја тема да не закити.
Трајно жарче е милата Јами
таа и кога молчи во себе галами.
Не сака со никого да се закачува
а и тајни добро знае да чува.
:*(hug)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma and JaMi