Отидоа да го бараат нашиот почеток, но она што го открија може да биде нашиот крај. Вака гласи најавата на најновиот филм на извонредниот Ridley Scott, кој три декади по создавањето на Alien, одново има сличен адут да и понуди на филмската публика. "Prometheus" е научна фантастика со елементи на хорор и акција, напишана од Jon Spaihts и Damon Lindelof, и одлична актерска екипа задолжена за протагонистичките улоги.
Приказната е сместена во доцниот 21 век, и ги следи возбудливите доживувања на тим од научници кои со вселенскиот брод Прометеј ја истражуваат вонземската напредна цивилизација. Пронајдениот артефакт, кој им укажува дека Земјата и човекот имаат свои креатори, ги води на патување во потрага по потеклото на човештвото, по почетоците.
Возбудливото патување ги води до најтемните агли на универзумот. Она што тие не го очекуваат е сознанието за опасноста која се заканува да го уништи целото човештво. Во застрашувача битка, неверојатна војна на предизвици и издржливост, тие ќе се обидат да ја обезбедат иднината на човечката раса.
Noomi Rapace, Michael Fassbender, Guy Pearce, Idris Elba, Logan Marshall-Green и Charlize Theron, го сочинуваат тимот актери кои ќе не водат низ оваа вселенска епопеја. Снимањето започна во Март 2011 година, на локации во Канада, Англија, Исланд, Шпаниј и Шкотска, и беше реализирано исклучиво користејќи 3Д камери. Режисерот Скот најави дека потенцијалниот успех на ова филмско остварување ќе значи и повторно ангажирање на екипата за второ продолжение.
Официјалната премиера на Прометеус ќе се случи на 1 Јуни во Велика Британија, а една недела подоцна, на 8 јуни е закажана и премиерата на територијата на САД и Канада.
Еве го и трејлерот: