Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Колку често знаете да кажете ти благодарам, извини, те сакам, ми значиш, тука сум за тебе, ми недостигаш?
Колку често знаете да направите некој да се чувствува подобро?
Искрено многу често го правам тоа.Бидејќи какво значење би имале тие зборови ако не се кажани?! И не се двоумам да му кажам на некој ТЕ САКАМ и не чекам совршени услови бидејќи ако чекам можеби и тие зборови што сум ги кажала немаше н икогаш да ги кажам.
Зборовите можда донесуваат мал стимул да се биде подобар човек, но делата се the real deal. Ретко кога викам дека некого сакам, што поради страв дека личноста ќе си го заврзе во крпче. Не сум ласкач, но за оние кои навистина вреди, едноставно делувам.
Знам да кажам те сакам само на личности кои ми значат многу, за тие личности сум подготвена да направам се, а поголемиот дел само ги почитувам... благодарам и извини кажувам на секој човек... сепак тоа се зборови кои имаат многу голема моќ, и знаат да поправат многу грешки