Како што знам оваа држава тешко дава визи, не само за Македонија туку општо.
Иначе има доста што да се види. Треба нашите агенции да проработат на случајот и да ја стават Шри Ланка во летните дестинации.
Доколку не сте знаеле,
циметот потекнува од Шри Ланка, а го пронашле Египќаните. Исто така, препорачливо е кога ќе се најдете во оваа преубава земја во себе секогаш да имате кесичка кикирики со што би ги нахраниле малите слонови во Pinavali и добро книга за долгото, но интересни патување со воз долж крајбрежјето.
Шри Ланка е едно од најпопуларните земји, за некои позната како Цејлон. За интересирањето на патниците за посета на оваа земја говори и податокот дека минатата година овој преубав остров го посетиле повеќе од 800.000 странски туристи, додека Владата на Шри Ланка планира тој број да продолжи да расте до дури 2,5 милиони посетители годишно до 2016. година.
Главниот град на Шри Ланка – Коломбо и околината, се многу интересни за туристите кои сакаат да ја истражуваат светската убавина. Шри Ланка е место каде можат да се видат осум места од богатото светско наследство: Gala Kandy, Sigiriya, Anuradhapura, Polonnaruwa, храмот-пештера во Дамбули... Шри Ланка се смета за колевка на будизмот и разни реликвии од оваа религија се чуваат и користат во посебни церемонии. Една од најпознатите е изнесувањето на светиот заб на Буда од храмот Далада Малигава во Кенди.
Уште еден комплекс кој го одзема здивот –
Сигирија или Лавја карпа – е изграден во 5. век. Најголем дел од карпата од теракота и сив камен во културното средиште на Шри Ланка се издигнува 200 метри над пошумената рамница.
Што не треба да пропуштите:
Посетете едно од бројните парни бањи во Колумбо и осетете ја ајурведската масажа и легендарниот широндара третман, кој ќе ви ги изостри сетилата а истовремено ќе го освежи, смири и релаксира телото, умот и душата. Ако сакате да побегнете од градот, направете излет до сиропиталиштето за слонови во Пинавали, оддалечено околу 90км од Колумбо на патот за Кенди, кадешто се наоѓа домот за 60 слончиња без родители. За паровите кои ја сакаат авантурата, тука е ноќниот воз долж егзотичното јужно крајбрежје на Шри Ланка кое полека станува летувалиште за љубопитните светски патници со префинет вкус. Во Гала се наоѓа сместување каде можете да ја посетите тврдината која се простира на 36 хектари и да видите вредни колекции на културни остатоци. Околните градови на брегот на морето како што се хикадува и Унаватун се најдобро решение за оние кои сакаат релаксирачки одмор, сакаат да нуркаат, сурфаат и да се сончаат на плажа.
Што да јадете:
Оризот и кари спремени во глинени чинии во селска куќа, печени морски плодови на плажа, уживање во менијата од пет јадења под ѕвездите или освежување сред планините покриени со магла, сето тоа претставува егзотична мешавина на вкусот и аромите на Шри Ланка збогатено со историско мешањ на различни култури. Колумбо нуди богат избор на мали ресторани кои ја служат омилената храна како пита со месо или рибји топчиња, ролни со јајца, ориз со банана....Патниците би требало да знаат дека повеќето национални јадења се многу зачинети, а потребно е да се обрне внимание на чистината на водата и препорачливо е купувањто на флаширана вода.
Каде да се сместите:
Колумбо нуди богат избор на сместување, од луксузниот хотек Taj со пет ѕвезди до поефтини алтернитиви. Ако одите во Гала, најдобро е да се сместите во ексклузивниот и романтичниот хотел Dutch House, кој се наоѓа високо во ридчето и гледа накај пристаништето.
Што да купите за дома:
Шри Ланка е прочуена по ракотворби, така да резбаните премети од дрво и јавор, рачно направените маски и ткаенини со печатени мотиви и корпите можат да бидат убав сувенир за роднините и пријателите. За најдрагата личност, секогаш можете да изберете накит со дијаманти, смарагди, рубини кој секако се прави на островот, и секако чај.
Национална валута е шриланкската рупа, која одговара на износот од 100 центи. Се користат банкноти од 10, 20, 50, 100, 500 и 1000 рупи, како и монети од 1, 2, 5, 10, 25, 50 центи и 1, 2 и 5 рупи.
Кога да одите:
Просечната температура во текот на целата година е +27 Целзиусови степени, влажноста во текот на денот изнесува преку 70 отсто, со пораст до 90 отсто во јуни. Единствена промена на времето во Колумбо се случува за време на сезоната на монсуни од мај до август и од октомври до јануари, кога може да се очекуваат и обилни врнежи.