Фонтана на желбите

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Да, ја сфатив. Сакаш пари? Седи дома и силно посакувај. Сакаш да го сретниш „вистинскиот“? Седи дома и посакувај многу силно и одненадеж ќе ти заѕвони на врата. Па знам, така функционира универзумот. Тој работи за нашите желби, само треба да знаеме како да го вработиме.
блиску си до целта на муабетов(bravo) ..
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Посакувам да соберам доволно сила, ментална и физичка, за се што ме чека од понеделник, а не е малку...
Посакувам веке еднаш засекогаш да завршат тие драми околу мојот брачен статус... се изморив веке... се изморив...
Посакувам брат ми конечно да успее, да не му пропаднат плановите и овој пат.
Посакувам да потрае ова врнежливо време, ме опушта...
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Пари. Моментално ми требаат пари. За да купам поклони за роденден,и да се раздужам,после ми е сеедно.
Сакам и деновиве да добијам лазања. Би сакал и сега лазања,ми се јаде навечер.
Сакам и да ми се скине ску*ца оваа ментална барикада што сите ја нарекуваат анксиозност и да се рашетам и изжуркам ко човек.
Сакам и мир во светот,сакам сите гладни да бидат нахранети,и сите неуки да научат. Се надевам ќе гласате за мене на Мис на Светот.
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Вечер Куманоо да си гази у кошарку, у седам сат играмо протиф црногорци,БИБЛ лига
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Посакувам љубовта да завладее во човечките срца,да престане омразата,завидливоста егоизмост.
Да се врати респектот како спрема другите така и пред себе си.
Посакувам да престанат луѓето со уништуванње на природата,посебно на дрвата кои се толку прекрасни..
Посакувам да престанат религиозните војни,секако се водат залудно,
Бог е еден единствен дали се вика Алах,Бог,Кришна,Јехова,има само различни имиња во различни култури...
Посакувам да сфатат сите дека секој е посебен на свој начин,дека секој е овде со некаква цел...
Посакувам многу паркови со многу видови на цвеќе,и дрвја,
а помалку фабрики..
Посакувам чисти мориња и океани,
а помалку танкери со нафта која заради несреќа се излива во морињата
посакувам чисти зелени реки,без излев на канализации во нив..
Посакувам децата да бидат деца,а не возрасни деца..
Посакувам да изчезне брзата храна,и да се готват рецептите на баба..
Посакувам секогаш да живеам во моментот,без да размислувам на вчера и на утре..
Посакувам да ја најдам тајната на своето постоење,и да ја исполнам целта за која сум овде..
Посакувам мојот остаток од егоизмост да го претворам во птица која ќе ја пуштам да лета,во слободата далеку од мене..
Посакувам секој ден да се будам задоволна и среќна што сум сеуште тука,
што го имам она што го имам,не повеќе и не помалку...
И сакам да се пронајдам себе и Богот во мене во ова сивило,лудило, во оваа џунгла од бетон,во овој хаос од интриги,завист
и материјализам...да ја најдам бескрајната совршена љубов во себе и да му ја поклонам на секој кој го сретнам...
Посакувам да постои вирус кој се вика љубов,внатрешен мир,надеж,оптимизам,верба и со кој секое суштество на оваа планета и овој универзум ќе биде заразено..

Посакувам да ми се оствари ова што секогаш го посакувам,а не е малку:) и се надевам дека твојата фонатана ќе ми оствари барем еден дел од оваа желба која наликува од мозаик на желби,а всушност е една целина...