Барав тема за Лед Цепелин, а не најдов.
However, ако е дупла темава, или не развива дискусија, нека прошета до рисајкл.
Лед Цепелин беше англиска рок група основана во 1968 година составена од гитаристот Џими Пејџ, пејачот Роберт Плант, тапанарот Џон Бонам и басистот Џон Пол Џонс. Со својот тежок гитарски блуз-рок звук, Лед Цепелин често се ословуваат како зачетници на музичките правци хеви метал и хард рок, иако индивидуалистичкиот стил на групата потекнува од многу извори и и ги надминува сите останати жанрови. Лед Цепелин не издаваа песни како синглови од своите албуми во Британија, бидејќи претпочитаа да развијат концепт на „рок ориентиран на албуми“. По повеќе од 30 години од распаѓањето на Лед Цепелин поради смртта на Џон Бонам во 1980 година, тие продолжуваат да бидат високо ценети за нивните уметнички достигнувања, комерцијален успех, и широко влијание. Групата продаде над 200 милиони албуми во светот според некои извори, додека други извори велат дека продале повеќе од 300 милиони копии, вклучувајќи 111,5 сертификувани примероци во САД, правејќи ги една од најдобро продаваните мизички артисти на сите времиња, како и втор најпродаван бенд на сите времиња во САД.
Неколку од наградите што ги имаат добиено Лед Цепелин се Греми награда за животно достигнување во 2005 и Polar Music Prize во 2006. Бендот е рангиран на прво место на листата на 100 најдобри хардрок артисти од страна на VH1 и на 50 најдобри настапи во живо од страна Classic Rock списанието.
И мислам дека не постои некој што не ги знае нивните „Stairway to Heaven“, „Kashmir“ или „Black Dog“.