Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Changes, by Saladin
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Changes

- Ме виде... – загрижено му објаснуваше на својот пријател. – Душава ме здоболе штом го забележав нејзиниот поглед. Не се познавам веќе себеси. Не знам што правам... Проклето го уништив нејзиниот единствен сон!

- Навистина не ми е јасно.. Како можеш да бидеш со друга кога срцето ти копнее по неа? Како можеш да бакнуваш усни во кои немаш ништо освен утеха?

- Се плашам да не останам повторно..

- Што да останеш? Сега знаеш дека те љуби. И тоа се гледа по нејзиниот поглед. Зошто си правиш нешто кое подоцна ќе ти донесе само болка?

- Таа ме повреди... не си свесен колку денови поминав затворен во ѕидот на меланхолијата? Колку ноќи мечтаев дека нејзините зборови беа ништо освен сон од кој сакав да се разбудам?

- И со тоа сега ти ќе и` се одмаздуваш? Зарем ти ли беше тој што еднаш рече дека без оглед на се` ќе ја љубиш? Ти ли беше тој што ќе направеше се` за да таа остане среќна дури и по цена никогаш повеќе да не се видите? Погледни се! На што личиш! На едно егоистично копиле кое сака само себеси да си направи како што му прилега. Па дури и по цена на туѓата болка.

- Престани те молам... – нервно му врати. – Како тоа наеднаш сите се свртивте против мене?

- Си се запрашал ли зошто е тоа така? – стана и замина, оставајќи го замислен.

Нејзините работи беа на креветот. За некој момент таа се гледаше како исчезнува од видикот на местото каде некогаш се чувствуваше бесмртна. Сега беше само обичен дух, завиткан во сопствените сенки. Се чувствуваше мизерно. Сакаше да заборави на се`, на целата претходност што и` ги имаше опфатено спомените. Ја допре разгледницата што седеше во фиоката. Залипа. Покрај толку време поминато, чувствата сеуште ја држеа во живот. Ја отфрли од себе како да беше некаков жежок предмет. Не ги сакаше тие спомени. Не сакаше да мисли на него. Па сепак, копнежите ја тераа. Ја саклучи вратата со долга пауза зад себе.

Одеше забрзано по улицата каде за прв пад водеа љубов. Со погледите.. со насмевките. Се сеќаваше на нејзиниот мирис. Уникатен, единствен. Мораше повторно да го почувствува. Па макар и за момент. Како што се приближуваше до нејзиниот дом, така возбудата се` повеќе растеше. Последните денови се бореше со себе. Се плашеше за неа. Да не биде сама. Повредена, издадена одново од човекот кој некогаш и сеуште ја љубеше. Се чувствуваше потребен, иако знаеше дека ја изневери нејзината невиност. Чекорот сам по себе се изгуби. Тој просто не ја чувствуваше земјата под себе. Лебдеше помеѓу сонот и реалноста. А потоа тишина и празнина.

Нејзиниот поглед иако уморен, беше упатен во темната далечина. Сакаше што побрзо да замине од проклетото место. Се чувствуваше дека дека не припаѓа повеќе тука. Во улицата на соништата. Го чувствуваше ритамот на ирелевантноста како отчукува во нејзината душа. А сепак копнежите беа сеприсутни. као по ѓаволите ќе ги заборави неговите зборови полни со ветувања за едно време? Не можеше преку ноќ да го заборави. Водеше љубов со него и кога беше сама. Дури и кога нејзините соништа водеа кон меланхолија. и растревоженост.

- Јас... лошо постапив... чу замислен глас позади неа.

- Не требаше... – се обиде да го оттргне, но тој веќе и` стави прст пред усните.

- Не можев да престанам да мислам сево ова време на тебе. Извини што постапив лошо. Знам дека не заслужувам но... знај дека никого досега не љубев толку силно...

- Не.. немој.. – почна да трепери. Повторно копнежите почнаа да водат војна со разумот. Ја чувствуваше врелоста во крвта како струи, Потоа не издржа. Се поткрена, барајќи ги неговите усни. Ги почувствува. Слатки мали болки и` проструија низ `рбетот. Се почувствува одново жива. Но овој пат за долго.

...навистина за многу долго...

Fin

[QUOTE="Saladin, post: 19793, member: 272"] [CENTER]Changes [/CENTER] [LEFT][/LEFT] - Ме виде... – загрижено му објаснуваше на својот пријател. – Душава ме здоболе штом го забележав нејзиниот поглед. Не се познавам веќе себеси. Не знам што правам... Проклето го уништив нејзиниот единствен сон! - Навистина не ми е јасно.. Како можеш да бидеш со друга кога срцето ти копнее по неа? Како можеш да бакнуваш усни во кои немаш ништо освен утеха? - Се плашам да не останам повторно.. - Што да останеш? Сега знаеш дека те љуби. И тоа се гледа по нејзиниот поглед. Зошто си правиш нешто кое подоцна ќе ти донесе само болка? - Таа ме повреди... не си свесен колку денови поминав затворен во ѕидот на меланхолијата? Колку ноќи мечтаев дека нејзините зборови беа ништо освен сон од кој сакав да се разбудам? - И со тоа сега ти ќе и` се одмаздуваш? Зарем ти ли беше тој што еднаш рече дека без оглед на се` ќе ја љубиш? Ти ли беше тој што ќе направеше се` за да таа остане среќна дури и по цена никогаш повеќе да не се видите? Погледни се! На што личиш! На едно егоистично копиле кое сака само себеси да си направи како што му прилега. Па дури и по цена на туѓата болка. - Престани те молам... – нервно му врати. – Како тоа наеднаш сите се свртивте против мене? - Си се запрашал ли зошто е тоа така? – стана и замина, оставајќи го замислен. Нејзините работи беа на креветот. За некој момент таа се гледаше како исчезнува од видикот на местото каде некогаш се чувствуваше бесмртна. Сега беше само обичен дух, завиткан во сопствените сенки. Се чувствуваше мизерно. Сакаше да заборави на се`, на целата претходност што и` ги имаше опфатено спомените. Ја допре разгледницата што седеше во фиоката. Залипа. Покрај толку време поминато, чувствата сеуште ја држеа во живот. Ја отфрли од себе како да беше некаков жежок предмет. Не ги сакаше тие спомени. Не сакаше да мисли на него. Па сепак, копнежите ја тераа. Ја саклучи вратата со долга пауза зад себе. Одеше забрзано по улицата каде за прв пад водеа љубов. Со погледите.. со насмевките. Се сеќаваше на нејзиниот мирис. Уникатен, единствен. Мораше повторно да го почувствува. Па макар и за момент. Како што се приближуваше до нејзиниот дом, така возбудата се` повеќе растеше. Последните денови се бореше со себе. Се плашеше за неа. Да не биде сама. Повредена, издадена одново од човекот кој некогаш и сеуште ја љубеше. Се чувствуваше потребен, иако знаеше дека ја изневери нејзината невиност. Чекорот сам по себе се изгуби. Тој просто не ја чувствуваше земјата под себе. Лебдеше помеѓу сонот и реалноста. А потоа тишина и празнина. Нејзиниот поглед иако уморен, беше упатен во темната далечина. Сакаше што побрзо да замине од проклетото место. Се чувствуваше дека дека не припаѓа повеќе тука. Во улицата на соништата. Го чувствуваше ритамот на ирелевантноста како отчукува во нејзината душа. А сепак копнежите беа сеприсутни. као по ѓаволите ќе ги заборави неговите зборови полни со ветувања за едно време? Не можеше преку ноќ да го заборави. Водеше љубов со него и кога беше сама. Дури и кога нејзините соништа водеа кон меланхолија. и растревоженост. - Јас... лошо постапив... чу замислен глас позади неа. - Не требаше... – се обиде да го оттргне, но тој веќе и` стави прст пред усните. - Не можев да престанам да мислам сево ова време на тебе. Извини што постапив лошо. Знам дека не заслужувам но... знај дека никого досега не љубев толку силно... - Не.. немој.. – почна да трепери. Повторно копнежите почнаа да водат војна со разумот. Ја чувствуваше врелоста во крвта како струи, Потоа не издржа. Се поткрена, барајќи ги неговите усни. Ги почувствува. Слатки мали болки и` проструија низ `рбетот. Се почувствува одново жива. Но овој пат за долго. ...навистина за многу долго... [CENTER]Fin[/CENTER] [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е снегот?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Changes, by Saladin
На врв
Bottom