Antenna love songs

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Понеделник после 12 веќе не бројам колку години наназад слушам антена love songs so Erik Fox и уживам. А вие? И што мислите за ваквиот тип на радио емисии?
Патем, порано слушав на фортуна радио - стерео love со Ненад во истиов термин беше ама се префрлив на антена, поубави песни пуштаат : )
Ме убива роматикава.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Песни добри, но онаа вештерката секоја убава песна ја прекинува со нејзиното попување. Нека ја сменат веќе еднаш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe and Bum-Bum

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
цимерка редовно ги слушаше, струмичанку ву е*у луду ја : )
фатија сам и ја некад а у лаф сонгз понеделнички такој кд спиеше у исту собу сс њума : )
сеќам се дека пуно пут исти траке пуштасфа, некакфи есемесиња рокасфа, поздраф до тога до онога, до овуј онуј : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
ах романтика....(inlove)
ги слушам овие лав сонг уште на времето кога студирав...и секој понеделник се собиравме кај нас у стан...или у соба игравме хант и слушавме лав сонгс :) мераци
 

Дејмон

Староседелец
16 февруари 2012
456
650
1,093
Unknown
Слушав порано секој понеделник, сега многу помалце. Некогаш ако ми се фати некој понеделник иначе си слушам мои песни. Тогаш и пишевме на фб поздрави и честитки, па ќе ме прочитаат па радувај се ко санки на телевизија си бил. :)
Добра работа е во секој случај, убави песничиња за пред заспивање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy, ZmajChe and Mermaid

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Aбе а да не знае некој која е песната која се вртеше околу 01:47.
Машко женски дует,балада ,стара песничка инаку.

Инаку слушам секогаш Антена 5,ако заборавам има секогаш некој да ме потсети.
 

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Од втора средно слушам.... ама тогаш Фортуна слушав, секој понеделник со дечко ми (тогашен) (inlove) После свртев на Антена лове сонгс пошо многу ме нервираше оној Нено циганот од фортуна, само нешто да се ломотело бреееееј :mad Инаку многу ми беше убаво кога слушав антена лове сонгс, легната, спремна за спиење, слушалките у увце и немаш гајле, ти се спие ама до 2 никако не се даваш :srekenГодина дена слабо слушам, ама арно ме потсети, од сега секој понеделник пак (hug)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Порано слушав повеќе, сеа почесто тоа време спијам :))))
Мада знае да ми се згреши пак да пуштам антена 5 на моб. пред спиење и со тоа да заспијам :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: наташа and Scars31