Темава не знаев како да ја именувам, (ниту пак во кој подфорум да ја ставам) па го ставив името на филмот.
Значи Alive е биографски филм од 1993г. за Уругвајскиот рагби тим, кој доживува авионска несреќа на Андите. Oткако слушаат на радио станицa дека потрагата по нив е откажана, во недостаток од храна, на 3600м. надморска височина, тие започнуваат да ги јадат мртвите патници од авионот.
Филмот е реална приказна за веќе споменатата несреќа од 1972 година на Андите.
Говори за силната човековата волја за живот, на што се` се способни луѓето за да се одржат во живот.
Tемава не ја отворив да го прокоментираме филмот, туку за тоа дали и вие доколку би се нашле во иста ситуација (на 3600 метри над. височина, обиколени со снежни планини, без тревка или било какво растение околу вас, за животно да не зборуваме, никаква храна, ниту вода) би го сториле истото и би конзумирале човечко месо по цена на вашиот живот (би биле канибали, само за да преживеете) или достоинствено би умреле и не би јаделе.
Се надевам дека е јасно прашањето, па бујрум.