Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
„Колачиња“ - фрагменти од Saladin
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Утро. Сонцето ја плакнеше просторијата со својата златна боја. Полека ги отвори очите. Се обѕирна наоколу – немаше никој. Погледна тажно кон прозорецот. Надвор беше сончево. Синоќешниот дожд само ја намокри земјата. Стана и погледна на масичката. Порака напишана со ракописот на Виктор. „Не се секирај’’ – читаше – „не ти избегав. Ќе дојдам за десет минути да купам нешто“. Ја прочита и длабоко воздивна. Се упати во бањата. Го пушти млазот вода да се освежи. Чу чекори како се доближуваат до влезната врата.

- И што ми купи Виктор? – довика додека уживаше како водата истекуваше по нејзиното тело. Следуваше молк.

- Виктор ти си? – ја обзеде мал немир. – Виктор???

Ја облече бањарката и излезе. Се скамени при првиот чекор во дневната соба. Ги виде неговиот брат Винченцо и Феликс како ја гледаат. На лицето на Феликс се појави израз на разочарување. Ја отвори вратата и се упати надвор. Луција скокна кон него како попарена.

- Те молам застани да ти објаснам. – го молеше. Тој брзаше со спуштена глава.

- Феликс чекај! – трчаше по него. Тој не ја слушаше. Пред него се појави Виктор, кој се враќаше од продавницата.

- Виктор, запри го! – му довика таа. Тој се испречи пред него, но знаеше зошто бега. Дознал за нив.

- Не те разбирам... – Најпосле промрморе Феликс. – Покрај толку поминато време заедно, покрај сето она што го делев со тебе, ти вака ми враќаш! Не те обвинувам што го сакаш него, туку на начинот на кој го направи сево ова.

- Те молам Феликс. слушни ме! Вчера се видовме прв пат после празниците. Ќе ти кажев веднаш уште денес дека меѓу тебе и мене е готово...

- И јас мислиш верувам во тебе? Ах Луција, Луција.... Ме повреди... Ќе се изгубиш вака ако продолжиш. Те мислев за поразумна.

- Вистина е ова што кажува таа. – се јави Виктор.

- Кој си па ти да збориш тука! Знаеш дека ми ја уништуваш врската, а пак си даваш за право да ми изиграваш адвокат. – заканувачки викна.

- Не е точно. - се вмеша Луција. Јас одсекогаш го сакав. Дури пред новогодишните празници. Но тој не беше подготвен...

- Ахх сега јасно ми е. Ме лажеше! Ах Луција не сакам да те видам никогаш повеке. - одмавна со раката да отстапи Виктор. Потоа поита кон својот дом.

- Го повредив.. – Луција тажно погледна кон патот по кој Феликс врвеше.

- Ќе биде се` во ред.... ќе биде се` во ред... – ја прегрна Виктор.

Само што зачекори во претсобјето, го виде зачуденото лице на сестра му. Мала трага на разочарување. Седна на фотељата.

-Слушнав... – промрморе Лора. Ме чудиш некогаш со тоа твое однесување. Како можеш да бидеш таков... Нели не сакаше да се врзеш... Просто ме чудиш...

- Не можев да ја одбијам... А и самата знаеш дека ја сакам. И засекогаш ќе ја сакам.

- Добро... И што сега? Ќе продолжиш да им ја уништуваш врската меѓу неа и Феликс?

- Не ја рушам Таа и никогаш не постоела.

- Ух, од кај таа идеја?

- Луција ми кажа. Таа отсекогаш го сметала Феликс само за пријател.

- И сега им го сруши пријателството...

- Не јас. Феликс самиот ќе си го сруши ако така продолжи. Си ја сече гранката на која што седи. Мислам дека и на Луција не и` е сеедно што губи добар пријател. Сепак ќе оставам сами да си одлучат што понатаму. Не сакам да бидам играч во нивната игра.

- Но индиректно си вмешан.

- Сум... Но што можам. Тој се скара со неа, не таа со него. Ти викам, ако тој вака продолжи, никаде нема да стигне.

- Но сфати како му е... Зарем и ти така нема да постапиш...

- Можеби имаш право... Но сепак треба да припази на присебноста.

- Присебност? Ти ми кажуваш за присебност? Се гледаш ли сеуште со Вероника?

- Не ја мешај неа во сево ова...- заканувачки и` довика. – Добро знаеш што се случи таму...

- Слично е Викторе, слично... – рече потсмирено.

- Знам дека не му е нималку лесно. Но не сакам Луција да пати... Знаеш што ми рече вчера, кога се видовме? Рече дека пати. Копнее по мене, Лора, копнее. Ме сака. И јас неа ја сакам. Не сакам тажна да ја гледам, како венее. Сакам да видам насмевка на нејзиното лице.

- Верувам дека е така. Само немој ти да бидеш причината за крај на пријателството меѓу нив двајцата.

- Ќе разговарам со неа. Ако се сложи, ќе и помогнам.

- Знам дека ќе и помогнеш.

Брзаше кон неговиот дом. Беше исплашена да не се случи нешто лошо. Знаеше дека тој ја сакаше. Безрезервно како што Виктор ја сакаше Вероника некогаш. Сакаше да си помогне, да го истисне чувството на грижа на совест. А и нему. Зачука на неговата порта. Вратата се отвори гледајќи ја едно лице, скршено од болка. Горчлив приказ на повреден човек.

- Сакам да разговараме, Феликс...

- Нема зошто!

- Ајде, ајде те молам не се прави таков... Пушти ме да влезам.

- Зошто? Дали те познавам јас? Која си ти?

Таа се намурти.

- Добро ме познаваш која сум. Јас сум Луција.

- Не знам никоја Луција. Всушност една. – смекна – Таа која ја сакав, која ме гледаше во лице и ме лажеше.

Ја пушти да влезе со голема резерва во себе.

- Знам дека погрешив... Затоа и дојдов и да разговараме.

- Нема зошто. Ти си сосема среќна... со него... А мене ми даде лажна надеж. Ах зошто ми го направи ова Луција, зошто?

- Добар другар си ми Феликс.... Затоа...

- Зошто тогаш не ми кажа за него?

- Затоа што не сакав да те повредам...

- Погрешно... Требаше да ми кажеш... Требаше... – затрепери и го мушна лицето во своите дланки. Си ги протри очите за да гледа појасно. – Знаеш колку се надевав... Секој миг, секој допир, секое чувство го делев со тебе... А ти глумеше... Не си ми јасна. Што беше тоа што те тераше да ме повредуваш од ден на ден?

- Згрешив.... Многу згрешив... Требаше уште тој ден да ти кажам дека него го сакав. Но сакав да го заборавам. Се трудев да ми биде убаво со тебе. И не си виновен ти. Виновна сум јас што не можам него да го заборавам. Прекрасна личност си. Знам дека многу ме сакаше.

- И сеуште те сакам....

- Но пробај... Пробај...

- Не можам... – ја нурна својата глава во нејзината прегратка. Беше скршен. Трепереше...Солзи му проникнуваа од очите. Се трудеше да ги задржи. Не успеа. Таа го галеше по косата. Како мајка својот син кога ќе ја признае гешката.

- Пробај... Пробај...- му шепотеше. Потоа се одлепи од него. Му ја фати раката и ја принесе до своето лице. Ја бакна за последен пат. Тој ги почувствува нејзините усни по неговите прсти. Треперат.... Се плашат да не направат нешто погрешно.

- Ќе пробам.... – попушти. – Заради тебе ќе се обидам. И те молам засега не сакам да се гледаме. Барем да помине најлошото.

- Вети ми дека ќе ти останам пријателка....

- Не можам да ветам... Времето ќе вети. Само времето. Ако некогаш се сретнеме, ќе дознам. До тогаш...не барај ме.

- Ветувам. Вечно ќе се сеќавам на тебе... – го прегрна. Цврсто, но со доза на трепет. Се чувстуваше како да губи нешто вредно. Дури сега и` стана јасно колку е скапо тоа што и` носеше среќа. Го притисна до градите. Потоа се одвои од него и замина накај вратата.

- Не барај ме. – и` се чинеше како го слуша додека ја отвораше вратата и го фрлаше последниот поглед кон него.

- Ветувам – ги мрдна усните, неиспуштајќи никаков глас. Излезе надвор како утепана. Ја помина уличката и се упати кон домот. Седна на троседот. Не сакаше да му се јави на Виктор. Ова сама го решаваше. Не сакаше тој да биде вмешан. А и тој не се јавуваше. „Добро е“ - си помисли – „во тишина ќе си го решам проблемот“.

Седеа заедно еден до друг на масата. Беа опкружени со толпа народ, луѓе кои не ги познаваа. Не сите. На крајчето на окото, Виктор ја погледна сестра му во прегратките на непознат човек. Беше среќна. Го виде Винченцо опкружен со своето старо друштво. Знаеше дека немаше да успеат. Никогаш не се ни потрудија. Беа задоволни што се добри другари.

- Совршено си одговараат. – му се насмевна Луција.

- Да... Среќна е. – и` возврати Виктор.

- Мислиш таа и брат ми би... – не ја заврши мислата а Виктор ја прекина.

- Не. Пријатели се и тоа сакаат и двајцата да останат. Понекогаш им се восхитувам како успеваат да останат толку блиски.

- Пријателите знаат да бидат поблиски од љубените, но не е секогаш така. – му се насмевна таа. А сепак во разговорот се сети на пријателот шро ја љубеше. Помина многу време од тој ден кога се збогува. Чувствуваше недовршеност. Неизвесност. Тапкање во воздух. Виктор ја сфаќаше таа нејзина осаменост. Но не се трудеше за тоа да разговараат. Не сакаше да отвора фронтови во кои веруваше дека битката може да ја изгуби. Не ги знаеше точно нејзините чувства кон Феликс. Но знаеше дека го љуби само него. И бепе во право. Феликс и` беше само пријател. По вечерата заминаа дома кај Виктор. Бидејќи Лора сеуште се немаше вратено, целипт стан им беше препуштен на двајцата сами. Водеа љубов до утринските часови, уживајќи во секој момент поминат заедно. Рано изутрината Луција излезе од станот и се упати кон својот дом. Додека шеташе потоната во мислите,, се судри со минувачот кој и одеше одспротива. Не требаше толку рано да исзлезе. Но судбината ги натера повторно да се сретнат.

- Феликс! – изусти изненадено. Тој ја погледна со доза на тага.

- Како си? – ја праша тој?

- Добро, еве се враќам откај Виктор. – и погледна тажно настрана. Не требаше да ги рече тие зборови. Повреда дури по толку време поминато, Дали?

- Сеуште си со него? – и` се насмевна. – Навистина многу го сакаш.

- Да- незгодно го погледна.

- Имаше право. Меѓу нас немаше да успее.

- Молам? – зачудено го погледна.

- Не сакав да те кочам. Мило ми е што конечно си среќна.

- Не те разбирам..... – ококорено стоеше пред него,

- Се вика Беатриче. И среќен сум со неа.... – пријателски и подаде рака.

..FIN..

[QUOTE="Saladin, post: 76395, member: 272"] Утро. Сонцето ја плакнеше просторијата со својата златна боја. Полека ги отвори очите. Се обѕирна наоколу – немаше никој. Погледна тажно кон прозорецот. Надвор беше сончево. Синоќешниот дожд само ја намокри земјата. Стана и погледна на масичката. Порака напишана со ракописот на Виктор. „Не се секирај’’ – читаше – „не ти избегав. Ќе дојдам за десет минути да купам нешто“. Ја прочита и длабоко воздивна. Се упати во бањата. Го пушти млазот вода да се освежи. Чу чекори како се доближуваат до влезната врата. - И што ми купи Виктор? – довика додека уживаше како водата истекуваше по нејзиното тело. Следуваше молк. - Виктор ти си? – ја обзеде мал немир. – Виктор??? Ја облече бањарката и излезе. Се скамени при првиот чекор во дневната соба. Ги виде неговиот брат Винченцо и Феликс како ја гледаат. На лицето на Феликс се појави израз на разочарување. Ја отвори вратата и се упати надвор. Луција скокна кон него како попарена. - Те молам застани да ти објаснам. – го молеше. Тој брзаше со спуштена глава. - Феликс чекај! – трчаше по него. Тој не ја слушаше. Пред него се појави Виктор, кој се враќаше од продавницата. - Виктор, запри го! – му довика таа. Тој се испречи пред него, но знаеше зошто бега. Дознал за нив. - Не те разбирам... – Најпосле промрморе Феликс. – Покрај толку поминато време заедно, покрај сето она што го делев со тебе, ти вака ми враќаш! Не те обвинувам што го сакаш него, туку на начинот на кој го направи сево ова. - Те молам Феликс. слушни ме! Вчера се видовме прв пат после празниците. Ќе ти кажев веднаш уште денес дека меѓу тебе и мене е готово... - И јас мислиш верувам во тебе? Ах Луција, Луција.... Ме повреди... Ќе се изгубиш вака ако продолжиш. Те мислев за поразумна. - Вистина е ова што кажува таа. – се јави Виктор. - Кој си па ти да збориш тука! Знаеш дека ми ја уништуваш врската, а пак си даваш за право да ми изиграваш адвокат. – заканувачки викна. - Не е точно. - се вмеша Луција. Јас одсекогаш го сакав. Дури пред новогодишните празници. Но тој не беше подготвен... - Ахх сега јасно ми е. Ме лажеше! Ах Луција не сакам да те видам никогаш повеке. - одмавна со раката да отстапи Виктор. Потоа поита кон својот дом. - Го повредив.. – Луција тажно погледна кон патот по кој Феликс врвеше. - Ќе биде се` во ред.... ќе биде се` во ред... – ја прегрна Виктор. Само што зачекори во претсобјето, го виде зачуденото лице на сестра му. Мала трага на разочарување. Седна на фотељата. -Слушнав... – промрморе Лора. Ме чудиш некогаш со тоа твое однесување. Како можеш да бидеш таков... Нели не сакаше да се врзеш... Просто ме чудиш... - Не можев да ја одбијам... А и самата знаеш дека ја сакам. И засекогаш ќе ја сакам. - Добро... И што сега? Ќе продолжиш да им ја уништуваш врската меѓу неа и Феликс? - Не ја рушам Таа и никогаш не постоела. - Ух, од кај таа идеја? - Луција ми кажа. Таа отсекогаш го сметала Феликс само за пријател. - И сега им го сруши пријателството... - Не јас. Феликс самиот ќе си го сруши ако така продолжи. Си ја сече гранката на која што седи. Мислам дека и на Луција не и` е сеедно што губи добар пријател. Сепак ќе оставам сами да си одлучат што понатаму. Не сакам да бидам играч во нивната игра. - Но индиректно си вмешан. - Сум... Но што можам. Тој се скара со неа, не таа со него. Ти викам, ако тој вака продолжи, никаде нема да стигне. - Но сфати како му е... Зарем и ти така нема да постапиш... - Можеби имаш право... Но сепак треба да припази на присебноста. - Присебност? Ти ми кажуваш за присебност? Се гледаш ли сеуште со Вероника? - Не ја мешај неа во сево ова...- заканувачки и` довика. – Добро знаеш што се случи таму... - Слично е Викторе, слично... – рече потсмирено. - Знам дека не му е нималку лесно. Но не сакам Луција да пати... Знаеш што ми рече вчера, кога се видовме? Рече дека пати. Копнее по мене, Лора, копнее. Ме сака. И јас неа ја сакам. Не сакам тажна да ја гледам, како венее. Сакам да видам насмевка на нејзиното лице. - Верувам дека е така. Само немој ти да бидеш причината за крај на пријателството меѓу нив двајцата. - Ќе разговарам со неа. Ако се сложи, ќе и помогнам. - Знам дека ќе и помогнеш. Брзаше кон неговиот дом. Беше исплашена да не се случи нешто лошо. Знаеше дека тој ја сакаше. Безрезервно како што Виктор ја сакаше Вероника некогаш. Сакаше да си помогне, да го истисне чувството на грижа на совест. А и нему. Зачука на неговата порта. Вратата се отвори гледајќи ја едно лице, скршено од болка. Горчлив приказ на повреден човек. - Сакам да разговараме, Феликс... - Нема зошто! - Ајде, ајде те молам не се прави таков... Пушти ме да влезам. - Зошто? Дали те познавам јас? Која си ти? Таа се намурти. - Добро ме познаваш која сум. Јас сум Луција. - Не знам никоја Луција. Всушност една. – смекна – Таа која ја сакав, која ме гледаше во лице и ме лажеше. Ја пушти да влезе со голема резерва во себе. - Знам дека погрешив... Затоа и дојдов и да разговараме. - Нема зошто. Ти си сосема среќна... со него... А мене ми даде лажна надеж. Ах зошто ми го направи ова Луција, зошто? - Добар другар си ми Феликс.... Затоа... - Зошто тогаш не ми кажа за него? - Затоа што не сакав да те повредам... - Погрешно... Требаше да ми кажеш... Требаше... – затрепери и го мушна лицето во своите дланки. Си ги протри очите за да гледа појасно. – Знаеш колку се надевав... Секој миг, секој допир, секое чувство го делев со тебе... А ти глумеше... Не си ми јасна. Што беше тоа што те тераше да ме повредуваш од ден на ден? - Згрешив.... Многу згрешив... Требаше уште тој ден да ти кажам дека него го сакав. Но сакав да го заборавам. Се трудев да ми биде убаво со тебе. И не си виновен ти. Виновна сум јас што не можам него да го заборавам. Прекрасна личност си. Знам дека многу ме сакаше. - И сеуште те сакам.... - Но пробај... Пробај... - Не можам... – ја нурна својата глава во нејзината прегратка. Беше скршен. Трепереше...Солзи му проникнуваа од очите. Се трудеше да ги задржи. Не успеа. Таа го галеше по косата. Како мајка својот син кога ќе ја признае гешката. - Пробај... Пробај...- му шепотеше. Потоа се одлепи од него. Му ја фати раката и ја принесе до своето лице. Ја бакна за последен пат. Тој ги почувствува нејзините усни по неговите прсти. Треперат.... Се плашат да не направат нешто погрешно. - Ќе пробам.... – попушти. – Заради тебе ќе се обидам. И те молам засега не сакам да се гледаме. Барем да помине најлошото. - Вети ми дека ќе ти останам пријателка.... - Не можам да ветам... Времето ќе вети. Само времето. Ако некогаш се сретнеме, ќе дознам. До тогаш...не барај ме. - Ветувам. Вечно ќе се сеќавам на тебе... – го прегрна. Цврсто, но со доза на трепет. Се чувстуваше како да губи нешто вредно. Дури сега и` стана јасно колку е скапо тоа што и` носеше среќа. Го притисна до градите. Потоа се одвои од него и замина накај вратата. - Не барај ме. – и` се чинеше како го слуша додека ја отвораше вратата и го фрлаше последниот поглед кон него. - Ветувам – ги мрдна усните, неиспуштајќи никаков глас. Излезе надвор како утепана. Ја помина уличката и се упати кон домот. Седна на троседот. Не сакаше да му се јави на Виктор. Ова сама го решаваше. Не сакаше тој да биде вмешан. А и тој не се јавуваше. „Добро е“ - си помисли – „во тишина ќе си го решам проблемот“. Седеа заедно еден до друг на масата. Беа опкружени со толпа народ, луѓе кои не ги познаваа. Не сите. На крајчето на окото, Виктор ја погледна сестра му во прегратките на непознат човек. Беше среќна. Го виде Винченцо опкружен со своето старо друштво. Знаеше дека немаше да успеат. Никогаш не се ни потрудија. Беа задоволни што се добри другари. - Совршено си одговараат. – му се насмевна Луција. - Да... Среќна е. – и` возврати Виктор. - Мислиш таа и брат ми би... – не ја заврши мислата а Виктор ја прекина. - Не. Пријатели се и тоа сакаат и двајцата да останат. Понекогаш им се восхитувам како успеваат да останат толку блиски. - Пријателите знаат да бидат поблиски од љубените, но не е секогаш така. – му се насмевна таа. А сепак во разговорот се сети на пријателот шро ја љубеше. Помина многу време од тој ден кога се збогува. Чувствуваше недовршеност. Неизвесност. Тапкање во воздух. Виктор ја сфаќаше таа нејзина осаменост. Но не се трудеше за тоа да разговараат. Не сакаше да отвора фронтови во кои веруваше дека битката може да ја изгуби. Не ги знаеше точно нејзините чувства кон Феликс. Но знаеше дека го љуби само него. И бепе во право. Феликс и` беше само пријател. По вечерата заминаа дома кај Виктор. Бидејќи Лора сеуште се немаше вратено, целипт стан им беше препуштен на двајцата сами. Водеа љубов до утринските часови, уживајќи во секој момент поминат заедно. Рано изутрината Луција излезе од станот и се упати кон својот дом. Додека шеташе потоната во мислите,, се судри со минувачот кој и одеше одспротива. Не требаше толку рано да исзлезе. Но судбината ги натера повторно да се сретнат. - Феликс! – изусти изненадено. Тој ја погледна со доза на тага. - Како си? – ја праша тој? - Добро, еве се враќам откај Виктор. – и погледна тажно настрана. Не требаше да ги рече тие зборови. Повреда дури по толку време поминато, Дали? - Сеуште си со него? – и` се насмевна. – Навистина многу го сакаш. - Да- незгодно го погледна. - Имаше право. Меѓу нас немаше да успее. - Молам? – зачудено го погледна. - Не сакав да те кочам. Мило ми е што конечно си среќна. - Не те разбирам..... – ококорено стоеше пред него, - Се вика Беатриче. И среќен сум со неа.... – пријателски и подаде рака. [B]..FIN..[/B] [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е Сонцето?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
„Колачиња“ - фрагменти од Saladin
На врв
Bottom