Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
„Колачиња“ - фрагменти од Saladin
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Seconda parte

Се разбуди. Гледајќи во таванот се присеќаваше на деновите поминати заедно со Феликс. Надвор беше студено, синоќешниот ненадеен снег се беше напластил по улиците, пречејќи им на луѓето слободно да се движат. Новата година само што не беше зачукала на портите. Вечерта беше пред нив. Ќе ја слават заедно. И другарка и` ќе дојде со својот партнер. Но и Виктор. Не се скараа. Сеуште имаше трошки од чувствата кои не можеше ни најгладната птица да ги исколва. Беше со Феликс, но потајно сеуште го сакаше Виктор. Феликс и` беше другар. Но само другар. Виктор беше сосема различно. Тоа беше тој, кого нејзиното срце го одбра. Седна на столчето во трпезаријата.

- Мама и тато ќе дојдат следната недела. - ја потсети Винченцо.

- Знам... - тажно го погледна.

- Зошто си таква? - ја праша.

- Каква?

- Безволна, натажена. Па нели ја најде љубовта од своите сништа?

- Така мислиш... Ја најдов... Но не е тој. Тој што го сакам...- Погледна надолу во земјата.

- Виктор?

- Да. Не можам да го преболам. - го прегрна, пикајќи ја главата во неговите пазуви.

- Во ред е... во ред е... Ќе се видите вечерва сите?

- Да. Виктор го одбра местото. Некое станче во периферија.

- Убаво да си поминеш. Со помалку глупи испади.

- Хахаха, фала за подршката. - му се насмевна. - Ти каде?

- Со друштво во еден клуб.

- И Лора?

- Меѓу нив и таа.

- Ти се допаѓа?

- Хммм што знам.... Убава е вака, ама сеуште не сум почувствувал нешто посебно кон неа.

- Аххх ќе биде... - го потапка по рамењата.

-Возбудена си? - ја прашуваше додека се приближуваа до станчето, каде ноќта ги чекаше. И Виктор.

- Не. - лажно го погледна.

- Не ми изгледаш така... - сомнително и` рече.

- Па некако... - запре.

- Што? - ја погледна продорно како да сакаше зборовите да и` ги исцеди од очите.

- ...не ми се оди. Сакав самите да останеме кај мене дома. - сеуште лажеше. Сакаше да види дали лесно ќе потпадне.

- А мислам дека подобро е со друштво. Баш ќе биде забавно. За сами ќе има друга прилика. - и` се насмевна.

- Но нели на почетокот се противеше? - проба да го испитува.

- Тоа за тогаш. Сега сакам да бидеме задоволни обајцата. - се фати.

- Ама јас не сум. - продолжуваше таа.

- Не мора да глумиш. - гласно се насмеа тој. - Се гледа...

- Што тоа? - го прекина.

- Дека ти е мило.

Тоа малку ја заниша внатре. Што ако откриеше тој? Со Виктор се запознаа откако таа сер врати тој ден плачејќи. Не му беше многу омилен Виктор. Се плашеше од него. Беше љубоморна личност. Единец. Можеби затоа. Едно знаеше Луција; таа не го сметаше повеќе од пријател. Љубомората и` беше одвратна кај него.

- Како сте ми? - им ја отвори вратата Виктор.

- Прекрасно. - му се насмевна. таа.

- Стигнаа и другите?- праша Феликс.

Ги очекувам. - ја затвори вратата, потпрен, со погледот вперен кон Луција. - Сакате нешто да пивнете додека да дојдат? - ги праша.

- Фала не, ќе ги почекаме, грдо е без нив да почнеме. - се смешкаше таа. Забележа како ја гледаше Виктор. Се судри со неговиот поглед. И` се појавија зрнца солзи на очите. Тој го тргна погледот натажено погледнувајќи во земјата. Го слушна ѕвонот на домофонот.

- Еве ги! - возбудено извика Луција.

Се собраа во дневната.

-Сега што ќе се напиете? - подбивно ги праша Луција гледајќи кон Виктор.

- Ми го земаш местото за бармен. - ја задеваше.

- Хах не се нервирај, ќе дојдеш на ред. - продолжуваше таа. Фабрицио го пушти музичкиот систем. Тој и Клаудија беа одговорни за музиката. Имаа голем избор. Сешто. Од хитовите што се вртеа по радиостаниците до големите евергрини. Луција беше задолжена чиниите со храна да бидат цело време полни. Впрочем знаеше доста брзо да се справи со тоа. Супер домаќинка. А Феликс??? Феликс беше забавувачот. Просто зрачеше со хумор. Знаеше од секоја ситуација да направи виц, да ги насмее луѓето кои го опкружуваат. Седна покрај Луција, гледајќи во нејзините привлечни сини очи.

- Си за еден танц? - ја погледна молбено, како кога кученцето го моли стопанот да му го наполни чиничето со храна.

- Попосле, рано е. - пробуваше да го одбие. Сеуште се немаа „фатено“. Беа само другари. Но Феликс различно милеше. Мислеше дека нејзиното срце му припаѓа нему. Се надеваше. Премногу. Ја погледна тажно. Со доза на песимизам. Се повлече.

- Не си ми јасна... - го прекина молкот што влаедеше меѓу нив двајцата. - Дојде тука да се забавуваш, така? Зошто не сакаш да играме? - беше малку груб.

- Гледаш дека некој игра? - се обиде да му објасни. Тој се обѕирна наоколу. Ги виде Клаудија и Фабрицио како го слушааВиктор додека тој им раскажуваше нешто.

- Извини што бев груб. - ја погледна со доза на вина, која се криеше зад неговите очи.

- Те сфаќам. - го допре за раката за да му ја ублажи болката. Почна да разговара со него за да не го остави отфрлен. Не беше злобна. Ни егоцентрична.

- Сакаш да ти донесам малку од мартинито? го допре за неговата рака која беше стегната како полумесечинка, држејќи ја чашата.

- Може. Ако ми правиш друштво. -и` ја подаде. Таа му ја одзеде гледајќи го топло во очите. Тоа го развесели него. Но само него. Таа длабоко копнееше по нешто друго. Но не сакаше вечерва да биде тотален хаос. Замина кај регалот полн со шишиња.

- Добро си поминуваш? - ја праша Виктор, кој во тоа време си налеваше пијалок. Тие зборови ја вратија во едно време. Првиот вкус на љубовта. Се сети на журката на која присуствуваше заедно со него. Бран од нежности ја погали по срцето.

- Да те лажам? - му шепна тивко.

- Дојди со мене. - меко ја повлече за раката. Скришно заминаа во бањата.

- Не сакав да не` види Феликс. - седна на плочките.

- Кажи. - го фати за раката. Почувствува силен трепет.

- Погрешив тогаш... Не требаше да ти свртам грб. Бев тотален идиот.

- За што збориш? - го праша таа како удрена. Но знаеше на што мисли.

- Те сакам. Отсекогаш сум те сакал. Не можам да си простам за тогаш како те испуштив од рацете. Се плашев. И сега се плашам. Но од друго. Се каам од дното на душата.

- Те молам - го прегрна силно. - И јас сеуште те сакам. Но не сакам него да го повредам. - солзи и надоаѓаа на очите. Радост. Тага. Возбуда. Му ги покри усните со нејзината дланка. Знак за нешто. Молба за прекинување на тортурата што и` ја вршеше. Или знак за чекање. Излезе прво таа од бањата. Се врати кај Феликс со пијалокот.

- Се задржа малку... ја погледна сомнително.

- Бев и до тоалетот, извини. - излажа.

Атмосферата се опушти малку. Фабрицио и Клаудија го скршија мразот. Почнаа да танцуваат на нивната песна. Го обожава Рамацоти. Луција му ја подаде раката на Феликс. Длабоко во себе чувствуваше неизмерна среќа. Ја сака. Виктор. Тој, кој ја нурна во бездната полна со солзи и непроспани ноќи. Го фати Феликс за рамото. Не штимаше нешто. Вмиг го сврте погледот кон Виктор. Тажен е. Но не и љубоморен. Само тажен.

- Ќе ми дозволиш попосле еден танц со него? - таа го праша Феликс додека тој беше во занесот на ритамот.

- Да. - потврдно Климна со главата. Не сакаше да се испокара со Виктор за еден украден танц. А па со неа - најмалку. Но почувствува мала доза на љубомора. Сепак ја отпушти од прегратките. Таа направи знак на Виктор да и` се приближи.

- Ќе може да ти ја позајмам дамата за момент? пријателски го замоли.

- Имаш време колку за една песна - на шега му дофрли. Знаеше дека ќе играат многу повеќе. Но тако беше. Шегаџија. Виктор ја фати за дланките и ја доведе на местото за играње. Таа го следеше секој негоб чекор. Ја фати за половината. Таа него за рамето. Другите две раце ги исправија споени меѓусебе. Танго. Играа страсно. Тој беше одличен, а и таа добро се држеше. Погледна во нејзините очи па во усните. Таа ја нишна кратко главата. Не смее. Феликс е тука. Клаудија беше свесна за чувствата на Луција кон Виктор. Честопати и` викаше да не превзема глупи чекори. Но сега и` беше многу мило за неа. Ја виде среќна по толку изминатото време во јадови.

- Мислам дека време е да се вратиш кај него. - ја погледна тажно.

- Но не сакам. - му шепна тивко.

- Те молам. - ја прегрна. - Направи го тоа за мене.

- Прекрасно танцуваш. - го бакна во образот.

- И ти. Секогаш ќе ми остане во срце овој танц. - ја прегрна цврсто.

Се оддели од него како што се искорнува нокт од својот прст. Седна на фотељата покрај Феликс.

- Мора да признам, убаво танцува. - промрморе Феликс.

- Да. Ама да заборавиме на тоа. - тажно погледна во земјата.

- Сакаш нешто да ти донесам? - нежно ја погали по рамето.

- Може сок од портокал со сосема малку вотка. - му ја подаде чашата.

- Веднаш. - ја зеде благо.

Таа воздивна. Сакаше да го врати времето назат. Требаше само да почека. Но немаше излез тогаш. Феликс ја воздигна од мртвилото. Тој и нејзината најдобра другарка. Не сакаше да го изневери. Повредата што не ја заслужуваше тој. Погледна кон Виктор. Што па тој толку ја измачуваше? Беше само обичен смртник. Не и` беше јасно. Си го поставуваше прашањето честопати. Се појави однекаде Феликс со чашата в раце.

- Ќе ти биде подобро... - и` ја подаде. Таа ја зеде и голтна еднаш.

- Фала. - изусти и го прегрна. Се опушти малку. Се трудеше да заборави на се` што се случуваше пред Феликс. Вкусувањето на усните на Виктор, танцот, па дури и мирисот на чоколадо. Сакаше да се испроба. Некој миг пред да се склопат стрелките на часовникот на дванаесет таа ја подаде главата кон Феликс. Сакаше да ги проба неговите усни. Можеби се крие некоја таинствена страст? Нему не му беше најјасно. Тогаш ги почувствува. Меки како перничиња, а во исто време цврсти. Ја бакнуваше пополека. Таа ја навали главата малку накриво. Го бараше јазикот кој беше затскриен во длабочината на устата. Го најде. Вкус на лубеница. Примамливо. Ја прегрна додека се бакнуваа.

- Среќна Нова Година - го чу нејзиниот глас.

- И на тебе. - ја помилува по лицето. - Прекрасен подарок.

[QUOTE="Saladin, post: 64637, member: 272"] [B]Seconda parte[/B] Се разбуди. Гледајќи во таванот се присеќаваше на деновите поминати заедно со Феликс. Надвор беше студено, синоќешниот ненадеен снег се беше напластил по улиците, пречејќи им на луѓето слободно да се движат. Новата година само што не беше зачукала на портите. Вечерта беше пред нив. Ќе ја слават заедно. И другарка и` ќе дојде со својот партнер. Но и Виктор. Не се скараа. Сеуште имаше трошки од чувствата кои не можеше ни најгладната птица да ги исколва. Беше со Феликс, но потајно сеуште го сакаше Виктор. Феликс и` беше другар. Но само другар. Виктор беше сосема различно. Тоа беше тој, кого нејзиното срце го одбра. Седна на столчето во трпезаријата. - Мама и тато ќе дојдат следната недела. - ја потсети Винченцо. - Знам... - тажно го погледна. - Зошто си таква? - ја праша. - Каква? - Безволна, натажена. Па нели ја најде љубовта од своите сништа? - Така мислиш... Ја најдов... Но не е тој. Тој што го сакам...- Погледна надолу во земјата. - Виктор? - Да. Не можам да го преболам. - го прегрна, пикајќи ја главата во неговите пазуви. - Во ред е... во ред е... Ќе се видите вечерва сите? - Да. Виктор го одбра местото. Некое станче во периферија. - Убаво да си поминеш. Со помалку глупи испади. - Хахаха, фала за подршката. - му се насмевна. - Ти каде? - Со друштво во еден клуб. - И Лора? - Меѓу нив и таа. - Ти се допаѓа? - Хммм што знам.... Убава е вака, ама сеуште не сум почувствувал нешто посебно кон неа. - Аххх ќе биде... - го потапка по рамењата. -Возбудена си? - ја прашуваше додека се приближуваа до станчето, каде ноќта ги чекаше. И Виктор. - Не. - лажно го погледна. - Не ми изгледаш така... - сомнително и` рече. - Па некако... - запре. - Што? - ја погледна продорно како да сакаше зборовите да и` ги исцеди од очите. - ...не ми се оди. Сакав самите да останеме кај мене дома. - сеуште лажеше. Сакаше да види дали лесно ќе потпадне. - А мислам дека подобро е со друштво. Баш ќе биде забавно. За сами ќе има друга прилика. - и` се насмевна. - Но нели на почетокот се противеше? - проба да го испитува. - Тоа за тогаш. Сега сакам да бидеме задоволни обајцата. - се фати. - Ама јас не сум. - продолжуваше таа. - Не мора да глумиш. - гласно се насмеа тој. - Се гледа... - Што тоа? - го прекина. - Дека ти е мило. Тоа малку ја заниша внатре. Што ако откриеше тој? Со Виктор се запознаа откако таа сер врати тој ден плачејќи. Не му беше многу омилен Виктор. Се плашеше од него. Беше љубоморна личност. Единец. Можеби затоа. Едно знаеше Луција; таа не го сметаше повеќе од пријател. Љубомората и` беше одвратна кај него. - Како сте ми? - им ја отвори вратата Виктор. - Прекрасно. - му се насмевна. таа. - Стигнаа и другите?- праша Феликс. Ги очекувам. - ја затвори вратата, потпрен, со погледот вперен кон Луција. - Сакате нешто да пивнете додека да дојдат? - ги праша. - Фала не, ќе ги почекаме, грдо е без нив да почнеме. - се смешкаше таа. Забележа како ја гледаше Виктор. Се судри со неговиот поглед. И` се појавија зрнца солзи на очите. Тој го тргна погледот натажено погледнувајќи во земјата. Го слушна ѕвонот на домофонот. - Еве ги! - возбудено извика Луција. Се собраа во дневната. -Сега што ќе се напиете? - подбивно ги праша Луција гледајќи кон Виктор. - Ми го земаш местото за бармен. - ја задеваше. - Хах не се нервирај, ќе дојдеш на ред. - продолжуваше таа. Фабрицио го пушти музичкиот систем. Тој и Клаудија беа одговорни за музиката. Имаа голем избор. Сешто. Од хитовите што се вртеа по радиостаниците до големите евергрини. Луција беше задолжена чиниите со храна да бидат цело време полни. Впрочем знаеше доста брзо да се справи со тоа. Супер домаќинка. А Феликс??? Феликс беше забавувачот. Просто зрачеше со хумор. Знаеше од секоја ситуација да направи виц, да ги насмее луѓето кои го опкружуваат. Седна покрај Луција, гледајќи во нејзините привлечни сини очи. - Си за еден танц? - ја погледна молбено, како кога кученцето го моли стопанот да му го наполни чиничето со храна. - Попосле, рано е. - пробуваше да го одбие. Сеуште се немаа „фатено“. Беа само другари. Но Феликс различно милеше. Мислеше дека нејзиното срце му припаѓа нему. Се надеваше. Премногу. Ја погледна тажно. Со доза на песимизам. Се повлече. - Не си ми јасна... - го прекина молкот што влаедеше меѓу нив двајцата. - Дојде тука да се забавуваш, така? Зошто не сакаш да играме? - беше малку груб. - Гледаш дека некој игра? - се обиде да му објасни. Тој се обѕирна наоколу. Ги виде Клаудија и Фабрицио како го слушааВиктор додека тој им раскажуваше нешто. - Извини што бев груб. - ја погледна со доза на вина, која се криеше зад неговите очи. - Те сфаќам. - го допре за раката за да му ја ублажи болката. Почна да разговара со него за да не го остави отфрлен. Не беше злобна. Ни егоцентрична. - Сакаш да ти донесам малку од мартинито? го допре за неговата рака која беше стегната како полумесечинка, држејќи ја чашата. - Може. Ако ми правиш друштво. -и` ја подаде. Таа му ја одзеде гледајќи го топло во очите. Тоа го развесели него. Но само него. Таа длабоко копнееше по нешто друго. Но не сакаше вечерва да биде тотален хаос. Замина кај регалот полн со шишиња. - Добро си поминуваш? - ја праша Виктор, кој во тоа време си налеваше пијалок. Тие зборови ја вратија во едно време. Првиот вкус на љубовта. Се сети на журката на која присуствуваше заедно со него. Бран од нежности ја погали по срцето. - Да те лажам? - му шепна тивко. - Дојди со мене. - меко ја повлече за раката. Скришно заминаа во бањата. - Не сакав да не` види Феликс. - седна на плочките. - Кажи. - го фати за раката. Почувствува силен трепет. - Погрешив тогаш... Не требаше да ти свртам грб. Бев тотален идиот. - За што збориш? - го праша таа како удрена. Но знаеше на што мисли. - Те сакам. Отсекогаш сум те сакал. Не можам да си простам за тогаш како те испуштив од рацете. Се плашев. И сега се плашам. Но од друго. Се каам од дното на душата. - Те молам - го прегрна силно. - И јас сеуште те сакам. Но не сакам него да го повредам. - солзи и надоаѓаа на очите. Радост. Тага. Возбуда. Му ги покри усните со нејзината дланка. Знак за нешто. Молба за прекинување на тортурата што и` ја вршеше. Или знак за чекање. Излезе прво таа од бањата. Се врати кај Феликс со пијалокот. - Се задржа малку... ја погледна сомнително. - Бев и до тоалетот, извини. - излажа. Атмосферата се опушти малку. Фабрицио и Клаудија го скршија мразот. Почнаа да танцуваат на нивната песна. Го обожава Рамацоти. Луција му ја подаде раката на Феликс. Длабоко во себе чувствуваше неизмерна среќа. Ја сака. Виктор. Тој, кој ја нурна во бездната полна со солзи и непроспани ноќи. Го фати Феликс за рамото. Не штимаше нешто. Вмиг го сврте погледот кон Виктор. Тажен е. Но не и љубоморен. Само тажен. - Ќе ми дозволиш попосле еден танц со него? - таа го праша Феликс додека тој беше во занесот на ритамот. - Да. - потврдно Климна со главата. Не сакаше да се испокара со Виктор за еден украден танц. А па со неа - најмалку. Но почувствува мала доза на љубомора. Сепак ја отпушти од прегратките. Таа направи знак на Виктор да и` се приближи. - Ќе може да ти ја позајмам дамата за момент? пријателски го замоли. - Имаш време колку за една песна - на шега му дофрли. Знаеше дека ќе играат многу повеќе. Но тако беше. Шегаџија. Виктор ја фати за дланките и ја доведе на местото за играње. Таа го следеше секој негоб чекор. Ја фати за половината. Таа него за рамето. Другите две раце ги исправија споени меѓусебе. Танго. Играа страсно. Тој беше одличен, а и таа добро се држеше. Погледна во нејзините очи па во усните. Таа ја нишна кратко главата. Не смее. Феликс е тука. Клаудија беше свесна за чувствата на Луција кон Виктор. Честопати и` викаше да не превзема глупи чекори. Но сега и` беше многу мило за неа. Ја виде среќна по толку изминатото време во јадови. - Мислам дека време е да се вратиш кај него. - ја погледна тажно. - Но не сакам. - му шепна тивко. - Те молам. - ја прегрна. - Направи го тоа за мене. - Прекрасно танцуваш. - го бакна во образот. - И ти. Секогаш ќе ми остане во срце овој танц. - ја прегрна цврсто. Се оддели од него како што се искорнува нокт од својот прст. Седна на фотељата покрај Феликс. - Мора да признам, убаво танцува. - промрморе Феликс. - Да. Ама да заборавиме на тоа. - тажно погледна во земјата. - Сакаш нешто да ти донесам? - нежно ја погали по рамето. - Може сок од портокал со сосема малку вотка. - му ја подаде чашата. - Веднаш. - ја зеде благо. Таа воздивна. Сакаше да го врати времето назат. Требаше само да почека. Но немаше излез тогаш. Феликс ја воздигна од мртвилото. Тој и нејзината најдобра другарка. Не сакаше да го изневери. Повредата што не ја заслужуваше тој. Погледна кон Виктор. Што па тој толку ја измачуваше? Беше само обичен смртник. Не и` беше јасно. Си го поставуваше прашањето честопати. Се појави однекаде Феликс со чашата в раце. - Ќе ти биде подобро... - и` ја подаде. Таа ја зеде и голтна еднаш. - Фала. - изусти и го прегрна. Се опушти малку. Се трудеше да заборави на се` што се случуваше пред Феликс. Вкусувањето на усните на Виктор, танцот, па дури и мирисот на чоколадо. Сакаше да се испроба. Некој миг пред да се склопат стрелките на часовникот на дванаесет таа ја подаде главата кон Феликс. Сакаше да ги проба неговите усни. Можеби се крие некоја таинствена страст? Нему не му беше најјасно. Тогаш ги почувствува. Меки како перничиња, а во исто време цврсти. Ја бакнуваше пополека. Таа ја навали главата малку накриво. Го бараше јазикот кој беше затскриен во длабочината на устата. Го најде. Вкус на лубеница. Примамливо. Ја прегрна додека се бакнуваа. - Среќна Нова Година - го чу нејзиниот глас. - И на тебе. - ја помилува по лицето. - Прекрасен подарок. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е снегот?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
„Колачиња“ - фрагменти од Saladin
На врв
Bottom