Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
„Колачиња“ - фрагменти од Saladin
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Лежеше врз креветот. Мислите и` беа на седмо небо. Пробуваше да го врати синоќешниот филм. При самото сеќавање на Виктор, чувствуваше благ скокот по срцето. Не можеше да заплива понатаму. Скокотот беше посилен и посилен. Ја гушна перницата и почна да се смее хистерично. Го зеде мобилниот да му се јави. „Зафатено“ - промрморе тивко. „Можеби и` раскажува на сестра си или на неговите за нас“ - помисли. Всушност се надеваше. По синоќешното излегување со него. како да и` скокна самодвербата до небеси. Почека неколку часа. За тоа време го привршуваше проектот што го пишуваше по предметот психологија. Требаше да напише состав за чувствата на човекот кога е во меланхолија. Немаше идеи. Не беше во тоа расположение. Никакви корени. Ништо - tabula rasa. „Подоцна“ - се замисли и го вклучи интернетот. Се допишуваше со својата најдобра другарка. Не и` кажа. Сеуште не. А не знаеше ни зошто. Другарка и` имаше супер врска, не постоеше никаква шанса да и` го превземе Виктор. Веруваше дека нему му припаѓа.. Подоцна пак проба да му се јави. „Го исклучил“ - натажено погледна накај прозорецот. Му напиша порака во стилот „Прекрасно си поминав, бла, бла, бла, кога ќе се видиме?“. Остана сега уште да чека. Го вклучи телевизорот за да и` помине побрзо времето. Гледаше некој филм кој не и` остави огромен впечаток. Го погледна часовникот. „ Ручек време. Сега ќе дојде Винченцо гладен и уморен од работа“. Тој работеше понекогаш и во сабота. Работеше со мобилни телефони. Не беше многу платен, но сепак беше задоволен од работата. Луција го запали оганиот на ринглата да го зготви сосот. Потоа свари макарони. Готвењето отсекогаш ја смирувало. Знаеше доста работи да направи. Нејзината мајка ја имаше учено како помала по нешто да направи, колку да не остане гладна. Се сети на неа додека го готвеше ручекот. И` недостигаше малку. И татко и`. Тие работеа сезонска работа во друга земја. Мораа некако да се прехрануваат. Не беа сиромашни, но и даноците не беа ниски. Впрочем да живееш во еден голем град на северот на Италија не е нималку лесно.. Додека го мешаше сосот од домати, го чу мобилниот како ѕвони. Порака. Ја фрли лажицата во тенџерето и скокна по мобилниот. „Вечерва во кафулето кај големата катедрала, ти одговара?“. Беше возбудена. Ја погреши пораката додека ја пишуваше. Потоа доби пак нова. Ова малку ја замисли. „Зошто не сака да се дотерам?“ - се прашуваше додека ја читаше повторно. Реши да ги облече тесните фармерки и крем маичката со кратки ракави..

Ја чекаше не помалку од минутка. Ја прегрна. Таа бараше нешто друго. Бакнеж. Но тој ја сврте главата, избегнувајќи усните да се судрат.

- Не си денес нешто расположен - го прекори благо.

- Луција, мораме да разговараме. - и` рече додека се доближуваа до кафулето.

- За што? - зачудено го погледна.

- Да седнеме, па ќе почнам.

Седнаа и нарачаа кафе.

- Што е со тебе? - започна таа.

- Луција, не сакам погешно да ме разбереш, но мислам рано ми е да се врзам. - тажно ја погледна. Ладен туш. Исчезнување на прекрасните емоции како пукање на меурче од сапуница.

- Како.....зошто??? - почна да пелтечи таа.

- Убаво ми беше вчера. Ти си прекрасна личност. Затоа и ми е страв да не те повредам.

- Ама.... - го погледна со солзи во очите.

- Те сфаќам дека си вљубена во мене. Но проблемот е што јас не сум. Сеуште не... Вака ми се допаѓаш, но тоа е само тоа. Затоа не сакам да се впуштам во љубовта. Не сакам да те повредам.

- Јасно ми е... - стана полека да си оди.

- Луција, чекај! - ја фати благо за раката.

- Не, не можам да чекам. Кога ќе се свестиш, тогаш ќе чекам. - пробуваше да ја тргне неговата рака.

- Но може бар да останеме пријатели. - не попушташе тој.

- Ќе видам... - низ солзи му одговори.

Трчкаше накај дома. Не забележуваше ништо пред патот, иташе како мува без глава. Се затвори дома, во собата. Ја дофати перницата и бризна во плач. Беше скршена. Срцето ја болеше. Чувствуваше неиздржливи болки по целото тело. Сакаше истиот момент да исчезне. Карта во еден правец за патот кон самото дно. Го чу мобилниот како ѕвони. Бес помешан со гнев вриеше во неа. Го зеде и го фрли на земјата. Се раздели да неколку делчиња. Но гајле и` беше. Не и` требаше. Винченцо го чу тресокот. Се симна по скалчите и зачука на вратата од нејзината соба.

- Те молам, оди си! - го чу нејзиниот плачлив глас.

- Луција, отвори. - инсистираше.

- Не! Сакам да сум сама! - му довика. Ги чу чекорите како се оддалечуваа. Се потсмири и легна на креветот. Се трудеше да се фокусира на нешто друго. Но тешко. При крајот на ноќта, заспра со судни маки.

(фрагмент од „Колачиња“ - Скопје 2007)

[QUOTE="Saladin, post: 63887, member: 272"] Лежеше врз креветот. Мислите и` беа на седмо небо. Пробуваше да го врати синоќешниот филм. При самото сеќавање на Виктор, чувствуваше благ скокот по срцето. Не можеше да заплива понатаму. Скокотот беше посилен и посилен. Ја гушна перницата и почна да се смее хистерично. Го зеде мобилниот да му се јави. „Зафатено“ - промрморе тивко. „Можеби и` раскажува на сестра си или на неговите за нас“ - помисли. Всушност се надеваше. По синоќешното излегување со него. како да и` скокна самодвербата до небеси. Почека неколку часа. За тоа време го привршуваше проектот што го пишуваше по предметот психологија. Требаше да напише состав за чувствата на човекот кога е во меланхолија. Немаше идеи. Не беше во тоа расположение. Никакви корени. Ништо - tabula rasa. „Подоцна“ - се замисли и го вклучи интернетот. Се допишуваше со својата најдобра другарка. Не и` кажа. Сеуште не. А не знаеше ни зошто. Другарка и` имаше супер врска, не постоеше никаква шанса да и` го превземе Виктор. Веруваше дека нему му припаѓа.. Подоцна пак проба да му се јави. „Го исклучил“ - натажено погледна накај прозорецот. Му напиша порака во стилот „Прекрасно си поминав, бла, бла, бла, кога ќе се видиме?“. Остана сега уште да чека. Го вклучи телевизорот за да и` помине побрзо времето. Гледаше некој филм кој не и` остави огромен впечаток. Го погледна часовникот. „ Ручек време. Сега ќе дојде Винченцо гладен и уморен од работа“. Тој работеше понекогаш и во сабота. Работеше со мобилни телефони. Не беше многу платен, но сепак беше задоволен од работата. Луција го запали оганиот на ринглата да го зготви сосот. Потоа свари макарони. Готвењето отсекогаш ја смирувало. Знаеше доста работи да направи. Нејзината мајка ја имаше учено како помала по нешто да направи, колку да не остане гладна. Се сети на неа додека го готвеше ручекот. И` недостигаше малку. И татко и`. Тие работеа сезонска работа во друга земја. Мораа некако да се прехрануваат. Не беа сиромашни, но и даноците не беа ниски. Впрочем да живееш во еден голем град на северот на Италија не е нималку лесно.. Додека го мешаше сосот од домати, го чу мобилниот како ѕвони. Порака. Ја фрли лажицата во тенџерето и скокна по мобилниот. „Вечерва во кафулето кај големата катедрала, ти одговара?“. Беше возбудена. Ја погреши пораката додека ја пишуваше. Потоа доби пак нова. Ова малку ја замисли. „Зошто не сака да се дотерам?“ - се прашуваше додека ја читаше повторно. Реши да ги облече тесните фармерки и крем маичката со кратки ракави.. Ја чекаше не помалку од минутка. Ја прегрна. Таа бараше нешто друго. Бакнеж. Но тој ја сврте главата, избегнувајќи усните да се судрат. - Не си денес нешто расположен - го прекори благо. - Луција, мораме да разговараме. - и` рече додека се доближуваа до кафулето. - За што? - зачудено го погледна. - Да седнеме, па ќе почнам. Седнаа и нарачаа кафе. - Што е со тебе? - започна таа. - Луција, не сакам погешно да ме разбереш, но мислам рано ми е да се врзам. - тажно ја погледна. Ладен туш. Исчезнување на прекрасните емоции како пукање на меурче од сапуница. - Како.....зошто??? - почна да пелтечи таа. - Убаво ми беше вчера. Ти си прекрасна личност. Затоа и ми е страв да не те повредам. - Ама.... - го погледна со солзи во очите. - Те сфаќам дека си вљубена во мене. Но проблемот е што јас не сум. Сеуште не... Вака ми се допаѓаш, но тоа е само тоа. Затоа не сакам да се впуштам во љубовта. Не сакам да те повредам. - Јасно ми е... - стана полека да си оди. - Луција, чекај! - ја фати благо за раката. - Не, не можам да чекам. Кога ќе се свестиш, тогаш ќе чекам. - пробуваше да ја тргне неговата рака. - Но може бар да останеме пријатели. - не попушташе тој. - Ќе видам... - низ солзи му одговори. Трчкаше накај дома. Не забележуваше ништо пред патот, иташе како мува без глава. Се затвори дома, во собата. Ја дофати перницата и бризна во плач. Беше скршена. Срцето ја болеше. Чувствуваше неиздржливи болки по целото тело. Сакаше истиот момент да исчезне. Карта во еден правец за патот кон самото дно. Го чу мобилниот како ѕвони. Бес помешан со гнев вриеше во неа. Го зеде и го фрли на земјата. Се раздели да неколку делчиња. Но гајле и` беше. Не и` требаше. Винченцо го чу тресокот. Се симна по скалчите и зачука на вратата од нејзината соба. - Те молам, оди си! - го чу нејзиниот плачлив глас. - Луција, отвори. - инсистираше. - Не! Сакам да сум сама! - му довика. Ги чу чекорите како се оддалечуваа. Се потсмири и легна на креветот. Се трудеше да се фокусира на нешто друго. Но тешко. При крајот на ноќта, заспра со судни маки. (фрагмент од „Колачиња“ - Скопје 2007) [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е Сонцето?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
„Колачиња“ - фрагменти од Saladin
На врв
Bottom