Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Секојдневен живот
Хоби
Шах
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Шах е спортска игра на квадратна табла за двајца играчи. Таблата е поделена на осум редови и осум колони, и има 64 полиња кои се наизменично темни и светли (често се вели „црни“ и „бели“).

Не постојат сигурни податоци за времето на настанување. Најверојатно играта се појавила пред повеке од 2000 години. При археолошките ископувања во Узбекистан биле најдени две фигури изработени од слонова коска, идентификувани какошаховски фигури, а датирани во времето на владеење на царот Хувишке (II век).

Во V век во Индија настала посебна врста на воена игра на дрвена плоча која на санскрит го носи називот „чатуранга“, а што значи четвороделен. Чатуранга, далечниот предок на денешниот шах, била игра која го одразувала поредокот на тогашната индиска војска, а која ја сочинувале 4 рода: пешадија, коњица, слонови и борни коли, а во средината се наоѓа раџа (крал) и неговиот советник мантрин (денешна кралица). Движењето на фигурите се одредувало со фрлање на коцка. Во VI век играта била прифатена од Персиците („чатранг“), а од нив ја презеле во VII век Арапите и нарекувајќи ја „шатранџ“, во IX век ја пренеле во Шпанија. Според некои истражувачи, шахот води потекло од Кина или Средна Азија.

Во новиот век била создадена легендата според која шаховската игра се припишува на грчкиот јунак Паламед. Според легендата тој ја измислил играта за време на тројанската војна за да ја разбие досадата во текот на десетгодишната опсада. Сигурно е дека Грците и Римјаните не го познавале шахот.

Еве како се игра шах....децава растураат

[media=youtube]-eaash7wlnM[/media]

Знаете ли?

Дали уживате во игри? Сите игри се интересни и предизвикувачки, забавни за семејството и другарите. Една од најстарите игри и стратегии е шахот.

Најверојатно играта се појавила пред повеке од 2000 години. При археолошките ископувања во Узбекистан биле најдени две фигури изработени од слонова коска, за кои се сметало дека се всушност, шаховски фигури.

Во играта шах, ние и нашиот противник имаме армија од 16 фигури: 8 пиони, два топа, два коњаници, два ловци, кралица и крал. Нашата цел е да го фатиме во стапица кралот на нашиот противник, пред тој да го фати нашиот. Штом кралот на нашиот противник е фатен во стапица, и нема каде да бега, постигнуваме шах-мат и победуваме!

Секоја игра на шах започнува на ист начин. Фигурите се наредени на своите позиции и едниот играч игра со белите фигури, а другиот со црните. Оној кој игра со белите фигури прв ја започнува играта. За секој наш потег, бираме една фигура и ја поместуваме од едно поле на друго, според правилата за движење на фигурите. Доколку на полето на кое сакаме да ја наместиме нашата фигура, стои фигура на нашиот противник, ја освојуваме таа фигура и ја отстрануваме од игра.

Потребно е големо внимание и повеќе време, за да научиме како да играме шах. Секоја од фигурите има различен начин на движење, и секој потег треба однапред да го смислиме.

Пионот има два начина на движење. Тој може да се движи едно поле напред, но може и две на неговиот прв потег. Се движи и дијагонално, од десно кон лево, кога освојува фигура на противникот.

Топот се движи, напред, назад и странично (лево и десно), но не и дијагонално.

Коњаниците се движат во форма на буквата „Г“, и можат да прескокнуваат други фигури.

Ловците се движат само дијагонално.

Кралицата се движи напред, назад, странично и дијагонално.

Кралот се движи само по едно поле во секоја насока.

Кога правиме потег, со кој го доведуваме во најблиска опасност кралот на нашиот противник, велиме „Шах“. Во тој случај, нашиот противник мора да го заштит својот крал. Доколку не успее да го заштити, победуваме и велиме „Шах-мат“!

Шахот има многу посебни правила кои треба да ги научиме доколку имаме желба да станеме професионални шахисти.

Да пробаме!

Подготвени ли сте за шах? Доколку имате другар или некој член од семејството кој знае да игра шах, замоле те го да ве научи на правилата и изиграјте неколку партии пах!

Зборови кои треба да ги научиме и користиме:

шах-мат

шах

стратегија

пион

топ

ловец

коњаник

противник

дијагонално

Дали играте вие шах?

[QUOTE="Marick14, post: 122765, member: 257"] [B]Шах е спортска игра на квадратна табла за двајца играчи. Таблата е поделена на осум редови и осум колони, и има 64 полиња кои се наизменично темни и светли (често се вели „црни“ и „бели“).[/B] Не постојат сигурни податоци за времето на настанување. Најверојатно играта се појавила пред повеке од 2000 години. При археолошките ископувања во Узбекистан биле најдени две фигури изработени од слонова коска, идентификувани какошаховски фигури, а датирани во времето на владеење на царот Хувишке (II век). Во V век во Индија настала посебна врста на воена игра на дрвена плоча која на санскрит го носи називот „чатуранга“, а што значи четвороделен. Чатуранга, далечниот предок на денешниот шах, била игра која го одразувала поредокот на тогашната индиска војска, а која ја сочинувале 4 рода: пешадија, коњица, слонови и борни коли, а во средината се наоѓа раџа (крал) и неговиот советник мантрин (денешна кралица). Движењето на фигурите се одредувало со фрлање на коцка. Во VI век играта била прифатена од Персиците („чатранг“), а од нив ја презеле во VII век Арапите и нарекувајќи ја „шатранџ“, во IX век ја пренеле во Шпанија. Според некои истражувачи, шахот води потекло од Кина или Средна Азија. Во новиот век била создадена легендата според која шаховската игра се припишува на грчкиот јунак Паламед. Според легендата тој ја измислил играта за време на тројанската војна за да ја разбие досадата во текот на десетгодишната опсада. Сигурно е дека Грците и Римјаните не го познавале шахот. Еве како се игра шах....децава растураат :biggrin [media=youtube]-eaash7wlnM[/media] [B]Знаете ли?[/B] Дали уживате во игри? Сите игри се интересни и предизвикувачки, забавни за семејството и другарите. Една од најстарите игри и стратегии е шахот. Најверојатно играта се појавила пред повеке од 2000 години. При археолошките ископувања во Узбекистан биле најдени две фигури изработени од слонова коска, за кои се сметало дека се всушност, шаховски фигури. Во играта шах, ние и нашиот противник имаме армија од 16 фигури: 8 пиони, два топа, два коњаници, два ловци, кралица и крал. Нашата цел е да го фатиме во стапица кралот на нашиот противник, пред тој да го фати нашиот. Штом кралот на нашиот противник е фатен во стапица, и нема каде да бега, постигнуваме шах-мат и победуваме! Секоја игра на шах започнува на ист начин. Фигурите се наредени на своите позиции и едниот играч игра со белите фигури, а другиот со црните. Оној кој игра со белите фигури прв ја започнува играта. За секој наш потег, бираме една фигура и ја поместуваме од едно поле на друго, според правилата за движење на фигурите. Доколку на полето на кое сакаме да ја наместиме нашата фигура, стои фигура на нашиот противник, ја освојуваме таа фигура и ја отстрануваме од игра. Потребно е големо внимание и повеќе време, за да научиме како да играме шах. Секоја од фигурите има различен начин на движење, и секој потег треба однапред да го смислиме. Пионот има два начина на движење. Тој може да се движи едно поле напред, но може и две на неговиот прв потег. Се движи и дијагонално, од десно кон лево, кога освојува фигура на противникот. Топот се движи, напред, назад и странично (лево и десно), но не и дијагонално. Коњаниците се движат во форма на буквата „Г“, и можат да прескокнуваат други фигури. Ловците се движат само дијагонално. Кралицата се движи напред, назад, странично и дијагонално. Кралот се движи само по едно поле во секоја насока. Кога правиме потег, со кој го доведуваме во најблиска опасност кралот на нашиот противник, велиме „Шах“. Во тој случај, нашиот противник мора да го заштит својот крал. Доколку не успее да го заштити, победуваме и велиме „Шах-мат“! Шахот има многу посебни правила кои треба да ги научиме доколку имаме желба да станеме професионални шахисти. Да пробаме! Подготвени ли сте за шах? Доколку имате другар или некој член од семејството кој знае да игра шах, замоле те го да ве научи на правилата и изиграјте неколку партии пах! Зборови кои треба да ги научиме и користиме: [LIST] [*]шах-мат [*]шах [*]стратегија [*]пион [*]топ [*]ловец [*]коњаник [*]противник [*]дијагонално [/LIST] Дали играте вие шах? [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е тревата?
Испрати мислење
Форум
Секојдневен живот
Хоби
Шах
На врв
Bottom