Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Човештвото и иднината на општественото уредување
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Уредувањата кои што владеат денес не функционираат воопшто во полза на природната селекција.

Денешните општествени уредувања функционираат така што ја наградуваат алчноста и желбата за моќ преку средства. Не станува збор за ментална надмоќ, не станува збор за надмоќ на интелигенцијата туку станува збор за надмоќ во вештачка наметната категорија која произлегува од екстремната себичност и алчност и желбата за контрола. Човештвото не напреднува со целиот потенцијал затоа што човештвото не функционира како заедница. Општествата денес служат за прифаќање на наметнатите норми, наметнатите правила и наметнатите начини на размислување. Она што јас го сметам како цивилизациски напредок е систем во кој нема да владее алчноста и вештачки наметнатите вредности туку ќе владее природен натпревар без никакво спротиставување на природните принципи. Кога целото човештво би било една комуна чија што цел е заеднички напредок тогаш би рекол дека човештвото напреднало. Логички заклучоци донесени со здрав разум недопрени од вештачки наметнати авторитети би требало да го водат човештвото. Потребата за „свое“ треба да исчезне и треба да се појави свест за напредок на колективот, комуната напредува само ако сите во неа даваат допринос без да бидат водени од желбата за да бидат наградени и признаени. Во случај на напредок комуната би ги наградила и би ги признала сите кои што придонеле кон тој напредок но тоа не смее да биде иницијалната желба и мотив туку иницијалната желба и мотив треба да биде задоволството од напредокот на комуната.

Гордоста на начинот на кој што ја перцепираме денес треба да исчезне и секој да се навикне на природната борба и природните предизвици. Кога некој заслужен авторитет е засенет од друг кој што предизвикал поголем напредок треба да го прифати тоа како природна борба меѓу два ума во која победува подобриот.

Системот треба да функционира со наградување од комуната наместо со казнување, но сепак не смее наградата да постане иницијатор за било каква акција. Казната за оној кој се противи на напредокот на комуната ќе постане самиот неуспех на истата единка затоа што свеста на комуната би фукнционирала така што напредокот би бил темел на кој што би се потпирала истата.

Уште многу би пишувал на темата ама полека преминувам кон нешто друго затоа ќе престанам овде и ќе гледам да отворам друга тема во која би го надополнил постот.

[QUOTE="existence, post: 333848, member: 621"] Уредувањата кои што владеат денес не функционираат воопшто во полза на природната селекција. Денешните општествени уредувања функционираат така што ја наградуваат алчноста и желбата за моќ преку средства. Не станува збор за ментална надмоќ, не станува збор за надмоќ на интелигенцијата туку станува збор за надмоќ во вештачка наметната категорија која произлегува од екстремната себичност и алчност и желбата за контрола. Човештвото не напреднува со целиот потенцијал затоа што човештвото не функционира како заедница. Општествата денес служат за прифаќање на наметнатите норми, наметнатите правила и наметнатите начини на размислување. Она што јас го сметам како цивилизациски напредок е систем во кој нема да владее алчноста и вештачки наметнатите вредности туку ќе владее природен натпревар без никакво спротиставување на природните принципи. Кога целото човештво би било една комуна чија што цел е заеднички напредок тогаш би рекол дека човештвото напреднало. Логички заклучоци донесени со здрав разум недопрени од вештачки наметнати авторитети би требало да го водат човештвото. Потребата за „свое“ треба да исчезне и треба да се појави свест за напредок на колективот, комуната напредува само ако сите во неа даваат допринос без да бидат водени од желбата за да бидат наградени и признаени. Во случај на напредок комуната би ги наградила и би ги признала сите кои што придонеле кон тој напредок но тоа не смее да биде иницијалната желба и мотив туку иницијалната желба и мотив треба да биде задоволството од напредокот на комуната. Гордоста на начинот на кој што ја перцепираме денес треба да исчезне и секој да се навикне на природната борба и природните предизвици. Кога некој заслужен авторитет е засенет од друг кој што предизвикал поголем напредок треба да го прифати тоа како природна борба меѓу два ума во која победува подобриот. Системот треба да функционира со наградување од комуната наместо со казнување, но сепак не смее наградата да постане иницијатор за било каква акција. Казната за оној кој се противи на напредокот на комуната ќе постане самиот неуспех на истата единка затоа што свеста на комуната би фукнционирала така што напредокот би бил темел на кој што би се потпирала истата. Уште многу би пишувал на темата ама полека преминувам кон нешто друго затоа ќе престанам овде и ќе гледам да отворам друга тема во која би го надополнил постот. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е снегот?
Испрати мислење
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Човештвото и иднината на општественото уредување
На врв
Bottom