Четворицата кои ќе ги сретнете во вашиот живот

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Животот, тоа е процесот на потрага и наоѓање на љубовта, а секој човек кога и да е ќе ги сретне во својот живот своите судени „четворица“…
Првиот, тоа си самиот ти. Вториот е оној што ќе го сакаш најмногу. Третиот е оној што ќе те сака најмногу. А четвртиот е оној со кој ќе го поминеш остатокот од својот живот.
Во животот прво ќе се сретнеш со оној што ќе го сакаш најмногу и ќе научиш што значи да си вљубен. И бидејќи веќе знаеш што значи љубовта, ќе можеш да го сретнеш оној што ќе те сака најмногу.
Откако си сакал и те сакале веќе ќе знаеш што ти е потребно. Тогаш ќе го најдеш човекот кој е вистинскиот за тебе и со кого ќе можеш да го поминеш остатокот од твојот живот.
Но за жал, во вистинскиот живот тие тројца не се еден ист човек.
Тој што го сакаш најмногу, тој не те сака.
Оној што те сака најмногу, не е оној што го сакаш.
А оној со кој ќе го поминеш остатокот од својот живот, не е ниту тој што си го сакал најмногу, ниту оној што те сакал најмногу.
Тоа е човекот, кој бил на вистинското место во вистинското време. Ти кој си во животот на другите луѓе?
Нема човек што може свесно да си ги менува чувствата. Кога те сака, тој навистина те сака. Но и кога веќе не те сака, тој навистина не те сака повеќе. Кога те сака може да се прави дека не те сака. Истото се случува и кога не те сака повеќе, може да се прави дека те сака, ама од жал!!! Таквата жал ќе е она што најмногу ќе те заболи!
Љубовта не е желбата да поседуваш. Ако ти се допаѓа месечината, можеш ли да ја задржиш за себе? Но нејзината светлина повторно ќе те грее. Со други зборови, кога сакаш некого е убаво да најдеш друг начин да го имаш. Дозволи му да се претвори во незаборавен спомен.
Која личност ја пронајде до сега? Во овој голем свет, кој од четворицата ги сретна? И кој тебе те најде?
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Уште си во рана фаза од животот за да милиш вака миличка,мада немора да значи дека нема да испадне вака :*
никогаш не е прерано и никогаш не е прекасно .... се си има свое време (wasntme) :zelen :D
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Сакав,бев сакана а остатокот од животот ке ми покаже колку е реална приказнава.
Секако дека четворицава ке ги има во сечиј живот
Но дали ке бидат само четири?Тоа животот на сите ке ни покаже.
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
јас мислам дека фали усте една птточка...или да речеме петина...а не четворица...

...некој кој го сакаш и кој те сака, а од х причини не сте заедно...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe and Scars31

cece17

Староседелец
21 февруари 2012
273
204
1,043
многу добар текст многу вистинито така си е :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
јас изгледа идам по рандом редослед ... и сега заглавив на првата фаза ...
ми остана само уште самиот да си се пресретнам ! (facepalm)
- и на крај ке ми остане 4 тата фаза (think)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alley3112 and ZmajChe

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
ептен добро и реално е ова.... јас изгледа во четврта фаза сум,
само кој знае кога ќе почне таа...
инаку втората многу тешко ја пребродив, за третата веќе исто ми беше...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe