Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Уживам кога...
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Верувам дека имам искоментирано пред година-две на темава и дека од тогаш, ништо се нема променето.

Уживам кога ќе налетам на некој бенд за кој прв пат ќе слушнам и ќе испадне дека е предобар и ќе почнам да им ја истражувам дискографијата и да си мислам: "Добро бе, како можев за бендов дури сега да дознаам?!".

Уживам кога ќе започнам тазе нова серија и ќе ми се допадне и ќе почнам редовно да си ја пратам. Уживам и кога на старата добра серија ќе и почне нова сезона. А најмногу од се, уживам кога ќе си најдам пријател кој ја гледа и сака таа серија и ќе почнеме да дрдориме без прекин за неа.

Уживам кога наредните саат-два ми се тотално неиспланирани и немам никаква обрска и можам целосно да си ги потрошам на кантер. Уживам кога сите редовни играчи ќе се соберем во тие саат-два и почнуваме да се заебаваме до даска, се раздераваме секакви глупости, се исмеаваме, се рчкаме, се кикотиме... Всушност, кој и обрнува внимание на самата игра?

Уживам ко ќе налетам на толку добра книга, што не сакам да ја завршам. Ја читаш и осеќаш дека те менува. Ти помага. Те просветлува. Те советува. Те забавува. Знаеш што... уживам и во нејзиниот мирис.

Уживам да си возикам со точак. Особено навечер, кога нема многу коли и пешаци, кога градот е мирен, кога не е толку топло. Не сум пробала медитација, но претпоставувам дека така изгледа.

Уживам кога ќе ме фати инспирација и ќе добијам некоја идеја и морам веднаш да ја спроведам. Уживам да цртам. Уживам да купувам секакви моливи, тенкоминци, гуми и пенкала кои ќе ми бидат совршени за цртање. Уживам во исчекувањето на новата инспирација.

Уживам да присуствувам на добра свирка, да ме бутка гужвата насекаде, да ме маваат бубњеви и басиште во гради, да почнам да скокам иако не можам да дојдам ни до здив. Уживам во таа енергија. Уживам да бидам дел во таква публика. Уживам да си ги гледам и слушам омилените бендови.

Уживам во рум и цигара. Не сум редовен и страствен пушач, но уживам во рум и цигара.

Уживам во замислување, планирање, купување, правење, јадење, мирисање,.... на пица. Пица е животот.

Уживам кога ќе се најдам во дебата каде што јас и соговорникот ќе имаме спротивна перцепција и упорно ќе се трудиме да си се "разубедиме" со своето искажано мислење. И после сфаќаш дека поминале саат-два и повторно сте на истата точка од каде што сте започнале.

Уживам кога ќе си се собереме друштво и сите ќе си бидеме добро расположени и доколку некој би не посматрал од страна, сликата би изгледала вака: млади луѓенца седат заедно на маса/клупа, ведрина во нивните очи, повремени насмевки на нивните лица, разговор, постојан разговор, повремени испади на јако смеење, тропкање на чаши и шишиња, разменување на грицки и пијалоци над масата,... Уживам во добро друштво без драми и лоши задни намери.

[QUOTE="MissChievous, post: 324768, member: 266"] Верувам дека имам искоментирано пред година-две на темава и дека од тогаш, ништо се нема променето. Уживам кога ќе налетам на некој бенд за кој прв пат ќе слушнам и ќе испадне дека е предобар и ќе почнам да им ја истражувам дискографијата и да си мислам: "Добро бе, како можев за бендов дури сега да дознаам?!". Уживам кога ќе започнам тазе нова серија и ќе ми се допадне и ќе почнам редовно да си ја пратам. Уживам и кога на старата добра серија ќе и почне нова сезона. А најмногу од се, уживам кога ќе си најдам пријател кој ја гледа и сака таа серија и ќе почнеме да дрдориме без прекин за неа. Уживам кога наредните саат-два ми се тотално неиспланирани и немам никаква обрска и можам целосно да си ги потрошам на кантер. Уживам кога сите редовни играчи ќе се соберем во тие саат-два и почнуваме да се заебаваме до даска, се раздераваме секакви глупости, се исмеаваме, се рчкаме, се кикотиме... Всушност, кој и обрнува внимание на самата игра? Уживам ко ќе налетам на толку добра книга, што не сакам да ја завршам. Ја читаш и осеќаш дека те менува. Ти помага. Те просветлува. Те советува. Те забавува. Знаеш што... уживам и во нејзиниот мирис. Уживам да си возикам со точак. Особено навечер, кога нема многу коли и пешаци, кога градот е мирен, кога не е толку топло. Не сум пробала медитација, но претпоставувам дека така изгледа. Уживам кога ќе ме фати инспирација и ќе добијам некоја идеја и морам веднаш да ја спроведам. Уживам да цртам. Уживам да купувам секакви моливи, тенкоминци, гуми и пенкала кои ќе ми бидат совршени за цртање. Уживам во исчекувањето на новата инспирација. Уживам да присуствувам на добра свирка, да ме бутка гужвата насекаде, да ме маваат бубњеви и басиште во гради, да почнам да скокам иако не можам да дојдам ни до здив. Уживам во таа енергија. Уживам да бидам дел во таква публика. Уживам да си ги гледам и слушам омилените бендови. Уживам во рум и цигара. Не сум редовен и страствен пушач, но уживам во рум и цигара. Уживам во замислување, планирање, купување, правење, јадење, мирисање,.... на пица. Пица е животот. Уживам кога ќе се најдам во дебата каде што јас и соговорникот ќе имаме спротивна перцепција и упорно ќе се трудиме да си се "разубедиме" со своето искажано мислење. И после сфаќаш дека поминале саат-два и повторно сте на истата точка од каде што сте започнале. Уживам кога ќе си се собереме друштво и сите ќе си бидеме добро расположени и доколку некој би не посматрал од страна, сликата би изгледала вака: млади луѓенца седат заедно на маса/клупа, ведрина во нивните очи, повремени насмевки на нивните лица, разговор, постојан разговор, повремени испади на јако смеење, тропкање на чаши и шишиња, разменување на грицки и пијалоци над масата,... Уживам во добро друштво без драми и лоши задни намери. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Колку нозе има кучето? (напишете со букви)
Испрати мислење
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Уживам кога...
На врв
Bottom