Најпрво да го замислиме моралот како една сеопфатна дефиница која содржи стотици поими кои сте ги слушнале во животот повразни со совесното однесување во нашето општество. Подразберете манири, совест, свест за расудување меѓу добро и лошо, чинење добри или лоши работи, осуда од остатокот на луѓето, корист, слава, алчност...
Дали со нашето домашно воспитување за тоа што е позитивно а што негативно (под претпоставка дека сите родители добро му мислат на своето дете и го учат на позитивни работи) кое е продолжено преку процесот на образование, социјално окружување, поврзување со друштво од играње џамлии па се до колеги од работа, придонесуваме на "пазарот на морал" кога ќе излеземе од нашиот стан, и колку сме ние слаби да го загубиме во дадени ситуации? Каде се губи границата на свеста за моралот во ситуација кога идеме на работа (кога нели се однесуваме прибрано, професионално) и кога би се нашле во ситуација на слава од 30 минути (на пр.) во соба полна со проститутки и скап алкохол?
Што е тоа што го тера човекот во вториот пример лесно да си ги скрши своите животни принципи (доколку нели некој го направи тоа, секако има луѓе кои не би ни влегле во таква соба) и да се препушти на краткото задоволство каде ќе ги "излуфтира" своите сетила и дел од собраните фрустрации и комплекси?
Од кого човекот од примерот ќе биде осуден дека е неморален?
Дали тие што го судат нема некогаш да тргуваат со нивниот морал доколку се најдат во слична ситуација?
И конечно, дали воопшто тој човек треба да се карактеризира како трговец кој својот морал го продава за багателна цена?