Што се продава во време на криза?Што се продава во време на криза? Ова прашање си го поставуваат барем осумдесет илјади македонци вработени во трговијата директно или како извршители или сопственици.Периодот на светската економска и европската должничка криза несомнено нанесува длабок удар и на нашето стопанство но и трговија пред се. Пад на маржите катанец на дуќаните се секојдневница смена на генерации но и неснаоѓање во набавката на побарувана роба како и трупање на неликвидна стока директно ја подриваат економската моќ на трговците посебно во делот на таканаречената НАУЧЕНА ЛЕКЦИЈА која подразбира набавка по навика на една иста роба низ годините посебно во делот на непрехранбените објекти не водејќи грижа за побарувачката на нови артикли кои нашиот потрошувач во време на забрзана технологија веднаш има увид што е ново и тоа ново сака да го има.Инертноста на трговските патници ја чини со намалена потошувачка на застарените модели кои киснат по рафтовите а она што се бара го имаат соседите но не и нашите бизнисмени.Ако порано добро работеше секое мало гранапче, сега граѓаните главно се концентрирани на пазарување во трговските центри каде што на едно место купуваат и облека и храна артикли кои ги гледаме на реклами нови пасти нови прашоци . Но и таму работат добро само мал дел дуќани, кои се во центарот. Ако се направи анализа ќе се види дека и таму потрошувачката е помала од претходно, но далеку од таа во деловните простории во периферијата на градот кои во најголем дел сега зјаат празни.
Основната грешка заради премалиот пазар е што набавката ја вршат неколкумина кои потоа стоката ја расфрлаат по продажните објекти така доагаме до унифицираност.Покрај тоа строгите законски мерки спречија одредени мешетари да носат артикли кои пазарот ги бара но оригиналите не може да си ги дозволи како ТОПШОП артиклите или заштитените марки на текстил или обувки. Да не должиме Македонија прифаќа само две цени многу скапа за 10% од населението или многу ефтина за останатите веќе ретко проаѓаат таканаречените меѓуцени за пример парфем поминува до 5 евра за широките народни маси или над 100 евра за оние 10% среќници.Трговците во зависност од својата локациска поставеност и типот на муштерии кои го услужуваат самите ке се одредат каде припаѓаат.Плус ние сме ориентирани строго кон кинескиот турскиот или бугарскиот производствен комплекс заборавајќи на огромниот производител Русија или Украина...оние кои се во бизнисот паметат дека годинава имаше сериозен недостаток на кибрит?
Плус немаме редовна снабденост на штипки за алишта немаме снабденост на ефтини грејни тела кои ке траат барем две сезони
немаме унифицирани подароци за родендени за генерациите на дечињата од 7 до 14 години
ајде сетете се кога сте барале да однесете подарок на машко дете кое не е за играчки а лето е и неумесно е да му кувате школски прибор?
Имате ли избор ма каде и да влезете?
Имаме сериозни фалинки во изборот на артикли имаме пазар кој може истите да ку купи ама немаме понуда.
Секоја чест на исклучоците не велам дека цела Македонија е празна во тој поглед ама освен во одредените супер снабдени маркети во Скопје на други места се чувствува сериозна празнина.
Можеме да редиме куп артикли проблемот е во непредвидливоста секогаш кога например се избори на пазарот снемуваат запалки пенкала знаминја мајци
значи самите трговски компании не водат сметка да предвидат сезонски артикли кои вообичаено јако се маржираат поради ризикот да ви остане количина од истата.
Во време на криза народот не се откажува од некупување туку ја намалуваљ купената количина е тука веќе сме подобри се пакуваат минимални количини тука мислам дека го фативме ритамот на тоа поле.
Петте основни правила се
1. Набавете хартиени кеси во маркетите
2. Не барајте ситни денарчиња од кусурот
3. Бидете љубезни кон купувачите
4. Намалете ги цените на производите
5. Дозволете враќање на продадените производи
Прашајте ги купувачите што сакаат, што не сакаат, што им се допаѓа, што им пречи.
Затоа и користете ги социјалните мрежи њеб сајтовите бидете соработници со новиот бран во интернет револуцијата
прашувајте го почесто ГООГЛЕ
ке се изненадите колку милиони производители нашле начин да работат позитивно во време на криза донесете на пазарот артикли кои се повеќенаменски,се сеќавам лани беа хит едни острилки за деца кои беа и часовник за будење и играчка нема семејство што не купи буквално производот се разграба а беше и со популарна цена од околу 100 денари.
Рецептот е тој за истите пари понудете повеќе наменски производ кој барем ке трае 6 месеци.
ЕВИДЕНТНО Е ДЕКА БИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА треба да доживее измени одвнатре од начинот на размислување на самите бизнисмени заврши ерата на социјалистичкото поимање на економските логики денес секаде во светов се дава повеќе за истите пари со цел да се задржат купувачите а со тоа и бонитетот на фирмите секаде ама баш секаде во светов кога е празник цените паѓаат потсетете се за големите божиќни распродажби само кај нас за Великден или Нова Година маржите рипаат како луди да се разбереме тоа се остатоците од едно друго време и економија која не издржа едноставно потребна е пазарна логика а не страв од влез на странски брендови на македонскиот пазар.