Традиционални македонски јадења

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Дали сакате да направиме една убава колекција на "Традиционални македонски јадења", ако сакате постирајте кога ќе се соберат доволно рецепти ќе ги собереме и ќе најдеме некој од форумов да ни ги направи како електронска книга.. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
МАКЕДОНСКА ПОГАЧА

Состојки : 4 јајца, 1 шолја кисело млеко, 1/2 шолја масло, 2 шолји брашно, 1 кесичка пециво, 200-250 гр. сирење, 1/2 лажичка сол по потреба , и малку сусам.

Јајцата се матат, па се додаваат киселото млеко и маслото.Откако добро ќе се измеша се додаваат брашното и пецивото и повторно се меша. На крај се додава здробеното сирење и се посипува со сусам.Смесата се става во тавче бр.28 и се пече на температура од 180 - 200 степени.

ПАСТРМАЈЛИЈА

Состојки: 1кг. брашно, 20гр. квасец, малку сол, мелена црвена пипер, 800гр.свинско месо малку маргарин или путер.

Еден ден предходно, месото се чисти, се посолува, му се додава мелен црвен пипер и се остава во фрижидер. Квасецот со малку топла вода и брашно се остава да нарасне. Со квасецот, се замесува тесто, малку топла вода и сол - да биде со средна цврстина. Се остава тестото да кисне, а потоа се дели на 8 топчиња. Со помош на сукало и на рака, секое се формира во форма на лист ( како што изгледа пастрмајлијата). Потоа врз секое се реди месото и малце маргарин. Се пече на 180 степени највеќе пола саат. По печењето се покрива со крпа и се остава да се одмори.

МАКЕДОНСКО МАКАЛО

Состојки: 6 компири, 20 везени суви пиперки, 2 чешениња лук, 1 лажица сол, 200мл компирова вода, 50мл. масло

Компирите и пиперките убаво се мијат па се ставаат да се сварат и да омекнат. Пиперките се сечат на половина по должина и им се острануваат семките да остане само месестиот дел од пиперката ( може со лажиче). Во аван се ставаат солта и лукот и убаво се толчат. Излупениот компир се пасира. Потоа се додава внатрешноста од пиперките и компировата вода ( во која се вареа компирите и пиперките) и се добива смеса малку погуста од пире. Маслото се загрева и се попаруваат компирите.


ПОЛЛЕТА ПАСТРМКА НА МАКЕДОНСКИ НАЧИН

Состојки: 1 голема пастрмка, 2 китки магданос, 10 чешниња лук , 2 големи моркови , сок од 2 лимона , вегета, сол , бибер и масло. 125мл. бело вино

Рибата се посолува и се остава една ноќ да престои во фрижидер. тавата се подмачкува со масло и вода. рибата се сече на пола по должина, па се става вегета и целата се полива со сокот од лимон. Внатре во тавата, рибата прво се полива со масло, сок од лимон, па вегета, па сично сечен магданос, па ситно сечен морков и на крај ситно сечен лук. Така врз рибата повторно се полива лимонов сок , уште еден ред магдонос и се поклопува рибата .Од горе ја поливаме со белото вино и неколку лукчиња. Се покрива со фолија но фолијата не смее да ја допира рибата. Се пече саат време на 250 степени , се вади фолијата и уште 30 минути да зарумени.
 

Sugar

Истакнат Член
19 февруари 2012
502
1,110
393
Ја би само:
Тавче Гравче
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 мала лажица Црвен пипер
  • малку Сол
  • 500 милилитри Масло
  • 1500 грама Кромид
  • 1000 грама Грав
  • 1 Главица лук
  • 1 мала лажица Бибер

  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 70 мин.
ПОДГОТОВКА:

Измијте го гравот. Откако ќе преврие, првата вода се истура. Потоа варете во тенџере со многу вода. Додадете ја исчистената главица лук и малку бибер во зрно.
Додека гравот се вари, во тенџере ставете масло, кромидот исечете го на покрупни парчиња и динстајте го на тивок оган додека стане густ. На крај додадете го мелениот црвен пипер.
Дното од земјената тава се намокрува со вода, а потоа со маслото во кое се пржеше кромидот. Гравот е варен кога ќе омекне, но внимавајте, зрната треба да останат цели.
Со решеткаста лажица се вади гравот, се става во тавата, одозгора се става кромидот и така, се додека не се потроши целиот материјал, но одозгора треба да заврши со гравот. Се украсува со суви пиперки, се става во рерна и се пече на тивок оган.
И наравно незаменливата:
Шопска Салата :D
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку Сол
  • 100 грама Сирење
  • 100 грама Пиперки
  • 5 милилитри Оцет
  • 1 лажица/ци Масло
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 100 грама Краставица
  • 100 грама Домат
  • малку мала лажица Црн пипер

  • Време за подготовка: 5 мин.
  • Време за готвење: 0 мин.
ПОДГОТОВКА:

Зеленчукот се мие и се сече на коцкички.
Се посолува, се додава црн пипер, масло и оцет.
Сето тоа добро се меша, а одозгора се ренда сирењето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_melnicanecot

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Ова го обожавам (пошо нема месо :D )
Тавче Ориз и Компир
250 гp. ориз
750 гр. компир
2 главици кромид
100 гp. масло
црвен пипер
црн пипер
магданос
сол

Исечкајте го ситно кромидот и испржете го на маслото. Додајте го оризот, а компирот исечкан на овални парчиња наредете го преку оризот. Ставете вода, да се облие, додајте сол по вкус, магданос, црн пипер и ставете го во рерна да се испече.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_melnicanecot

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
К’лчано
Се варат суви пиперки околу 5-6 и 2-3 компира. Во каленица се става 1-2 чешниња лук и малку сок, тоа убаво се толчи. Се додаваат ситно сецканите варени суви пиперки и тие се толчат, се ставаат ситно сецкани варени компири и се убаво се промешува. На тава се загрева малку зејтин и се попрскува одозгора смесата од каленица. Ова ми се допаѓа многу а некој по желба става и ситно исецкан праз.

Попара
Сув леб се сече на коцки и се става во подмачкано тавче со зејтин. Одозгора се поросува со сирење и се става да се пече. Пред да биде готово се пропрскува со мешавина од вода и зејтин и пак се враќа во релна да се допече

Таратур

Состојки (за четворица)

една главалук
половина килограмкисело млеко
две свежи краставици
100ml сончогледово илимаслиново масло
една малалажицасол
дрвен сад за толчење
дрвен толчник

Лукот се дели на чешниња и се лупи. Чешнињата се ставаат во дибекот со сѐ солта и се толчат сѐ додека не се добие еднолична маса. Во дибекот се додава сето масло и со толчникот се меша сѐ додека маслото не се впие во истолчениот лук. Масата треба да добие конзистенција слична на мајонез. Киселото млеко се истура во длабок порцелански или стаклен сад и во него се додава истолчениот лук. Се меша за да се изедначи. Ако киселото млеко е прегусто, некои додаваат малку студена вода. Други пак претпочитаат тараторот да остане погуст.Краставиците се мијат и се лупат. Потоа со остар нож се сецкаат на ситни парченца. Наместо нож може да се употреби ренде. Иситнетите краставици се додаваат во смесата. По можност, се зачинува со листови свеж копар.

Подварок
1 помала зелка, свежа или кисела
500 гр. свински ребра
2 домати
2 главици кромид
Масло за јадење
магдонос
Нане (мирудија)
Сол
Црн и црвен пипер
Свинските ребра ги сечиме на помали парчиња, ги посолуваме, им ставаме мелен црн пипер и ги оставаме 10-15 минути. Потоа во тенџере на оган ги ставаме свинските ребра да се пржат. Откако ќе се испржат ги вадиме од тенџерето и во него го ставаме ситно сечканиот кромид да се пржи. Зелката ситно ја сечкаме и ја додаваме во тенџерето. Откако ќе омекне ја зачинуваме со мирудија, магдонос, црвен пипер и ситно сечкани домати (може и салце од домати). Ако зелката е свежа налеваме вода и додаваме оцет, а ако е кисела налеваме само вода. Го поклопуваме тенџерето и оставаме да се вари околу 90 минути на тивок оган.
Зелник со праз
500 гр. брашно
100 мл. масло за јадење (+ )
½ коцка квасец
Сол и малку шеќер

За фил:
2 главици праз
100 гр. ориз
Мешан зачин
Сол
Бибер
Најпрво го подготвуваме филот. Во тава на оган ставаме да се пржи ситно сечканиот праз, додека да омекне, а потоа го додаваме оризот, зачинуваме со сол, мешан зачин и мелен бибер. Тавата ја тргаме од огнот, а потоа го подготвуваме тестото. Квасецот го раствораме со топла вода, додаваме малку шеќер и 3 лажици брашно, го мешаме додека да стане како каша и го оставаме да стаса. Брашното го сееме и го ставаме во подлабок сад, додаваме малку сол, маслото за јадење, и го замесуваме со смесата од квасец. По потреба додаваме уште малку млака вода. Замесуваме среднотврдо тесто и го оставаме да поткисне малку, а потоа го размесуваме, го делиме на топчиња,а секое топче е една кора за сукање. Потоа, сукаме три кори една по една поголеми од тавата за печење. Ги ставаме една по една во тавата за печење и меѓу нив попрскуваме со масло за јадење. На средината го ставаме филот од праз и го поклопуваме со две помали сукани кори. Од корите што излегуваат преку тавата за печење ги свиткуваме краевите навнатре формирајќи венец. Зелникот го попрскуваме со масло за јадење и го оставаме да отстои. Го печиме на температура од 200оС околу 30 минути (додека да зарумени).
Чомлек

СОСТОЈКИ

  1. Исечете го месото на мали коцки (со големина колку главичките кромид), посипете го со вегета, и оставете го да отстои неколку часа (најдобро преку ноќ).
  2. Во подлабоко тавче ставете го кромидот (цели главички), лукот исечкан на мали парчиња и месото, зачинете со малку сол и црн пипер и убаво промешајте.
  3. Додадете го и магдоносот исечкан ситно и ловоровите ливчиња, а потоа ставете го и виното и уште еднаш промешајте.
  4. Поклопете го тавчето со капак или убаво затворете го со алуминиумска фолија и печете на 180 степени околу два часа.
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Шкембе Чорба
Состав
1 1/2 кгр. шкембе
150 гр. вино
1 сува лута пиперка
2-3 листа керевиз
масло
лук
црвен пипер
црн пипер
брашно
сол


Исчистете го убаво шкембето, измијте го и исечете го на пoситни парчиња. Ставете го да се вари заедно со винoтo, сoлта, керевизoт, лукот и пиперката. Откако ќе се свари убаво, направете запршка од масло, 1 лажица брашнo и црвен пипер и налејте гo шкембетo сo неа. Доварете го уште десетина минути и ставете црн пипер.

Боранија во тавче

1 кгр. боранија
250 гр. кромид
100 гр. масло
брашно
црн пипер
сол

Обарете ја боранијата во солена вода и исцедете ја. Во посебен сад испржете го сечканиот кромид, додајте црвен пипер и помешајте го тоа со боранијата. Префрлете ја смесата во земјена тава и налејте ја со водата во која се варела боранијата, колку да се облие. Ставете црн пипер и наросете со брашно, а потоа ставете ја во рерна да се пече.


ТАВА ОРИЗ НА КОЧАНСКИ НАЧИН

Потрбни состојки за четири лица: 400 гр. ориз, една кокошка, една главица кромид, масло за јадење, црн бибер во зрна, магданос, сол и други зачини по вкус.

Приготвување: Најпрво се вари кокошката со црн бибер во зрно, сол и други зачини по вкус. Откако е сварена кокошката, во земјена или порцеланска тава се пржи ситно исецканиот кромид. Кога кромидот ќе зарумени се додава оризот и се пржи додека и тој не добие жолтеникава боја. Тогаш се додава врелата вода од кокошката, претходно прецедена, во однос еден дел ориз и 3,5 дела вода. Одозгора се става магданос и се вари 20 мин. на средно силен оган. Посебно сварената кокошка се премачкува со сол и црвен пипер и се потпечува во рерна на 200оС околу 10 мин.


Македонски бакрданик


Потребни состојки:

  • 1500 грама Пченкарно брашно
  • 200 грама Маргарин
  • 1000 милилитри Вода


    во голем лонец зоврива водата со сол, по што се истура целото количество пченкарно брашно и се формира купче. Во средината на купчето брашно внимателно со сукало или со подебела дрвена лажица, се прави дупка и се става на оган да вре еден час на 150 степени.

    Потоа температурата се намалува на 100 степени, и бакарданикот се меша додека се поврзе масата. Во тавче се стопува кајмакот и сирењето, и се додава на бакрданикот. Се јаде со кисело млеко.

посна турлитава

1 тиквичка
1 модар патлиџан
3 компири
2 пиперки
2 домати
1 рака свеж магданос
100 гр масло
1 лажица вегета
сол
бибер
5 бамји (доколку имате)
300 гр свежи печурки (по вкус)

целиот зеленчук го сечеме на коцки и свеж без предходно пржење го ставаме во земјена тава со поклопец (доколку нема поклопец покриваме со алуминиумска фолија) ги ставаме зачините и маслото, додаваме 500 гр вода и ги ставаме во рерна да се пече. се пече отприлика 1 час со капак и околу 30 - 40 мин без капак додека добро се потпече и испари водата.
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Полнети пиперки( моето омилено)

Состојки:
  • 500 гр мелено месо
  • 1 чаша ориз
  • 6-7 големи пиперки
  • 1 поголем домат или 2 помали
  • 1 помал кромид или 4-5 млади кромидчиња
  • 1 лажица црвена пипер

Подготовка :


Пиперките ги миеме и ги чистиме од рачките и семките.
Во тава го ставаме меленото месо со малку масло и го пропржуваме, мешајќи да се што повеќе растреси. Го додаваме ситно сецканиот кромид и оризот и уште малку време попржуваме мешајќи.Пред крај ги додаваме зачините и ситно сецканиот магдонос. Црвената пипер последна.
Со оваа смеса ги полниме пиперките со помош на мало лажиче скоро до крај и отворот го затвораме со парче домат.
Ги редиме во огноотпорна тава за печење. Налеваме скоро до пола во висина на пиперките вода и ги попрскуваме со уште малку масло.
Печиме на температура од 220 степени половина час.
Во чинија сервираме една пиперка и ја налеваме со сосот во кој се печела.


Еден совет од мене лично. Врз пиперките ставете една лажица кисело млеко.

Уживанција.....

Рецептот ми е превземен од мои рецепти.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
А сите овие јадења знаете да ги правите или па сте ги правеле некогаш или само си ги препишавте рецептите?
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
А сите овие јадења знаете да ги правите или па сте ги правеле некогаш или само си ги препишавте рецептите?
Сме ги правеле и знаеме да ги правиме, повели ако треба било што :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape and Outrider