Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Колумни
Студентите во Македонија
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Да не ти изградат споменик пред факултет само

Ај коа веќе коментирам да бидам барем он:

Делумно се слагам со авторот на темава. Премногу факултети, премногу студенти, премногу грешно избрани студии. Резултат на сето тоа? Нема резултат. Јас ќе зборам за мојот факултет зашто за таму само можам да зборам.

Кај нас на факултет има претежно студенти кои од дома ги пратиле таму зашто сестра/брат завршиле електро, зашто мислат дека со бубање ќе биде нешто од нив или зашто немале што да прават па ај ќе денгубам на факултетот, ќе идам на предавања и зашто не ме интересираат ќе си правам муабет (битно присутни се иако редовноста не носи никакви бенефиции). И сеа ти што си се трудел да простудираш убаво нешто, си седел дома да научиш, си барал материјали по интернет (странска литература претежно) и си се трудел да разбереш што учиш ти даваат сајнс фикшн проблем (приемен за во НАСА) кој што ако не си бубал на памет или не си го презапишал предметот (како би имал доволно време да простудираш се`) нема шанси да извадиш 6-ка, а не 10-че. И си викаш „Што и да е не учам напамет, ќе седнам и ќе научам“. Но на крај гледаш дека пола колеги извадиле солидни поени, а ти си одвај со една шестка или си паднал. Идат лабораториски и си мислиш „Шо ќе правам...не сум баш најспремен“ ама гледаш дека вежбите се она што си го учел да го разбереш подобро. И се` е супер у лабораторија се` додека не премириса некој цркнат кондензатор (кој што колешката која има 10-ка грешно го сврзала), не почнат да пукаат засилувачи, не почнат да цркнуваат унимери зашто колегите кои се фалеа со поените мереле струја паралелно на потрошувач или сл... се` додека колешката која е редовна на консултации и не смее никој да ја праша ништо не го побрка цел осцилоскоп зашто не ставила маса... Има уште мал милион примери, но не е тоа поентата. Поентата е што утре ќе треба да се соочи со ист таков проблем и нема да знае основна работа а има диплома инженер. Имав еднаш прилика да правам муабет со електраш кој завршил пред 10 години и сеа работи у ТЕЦ Неготино и пола саат се мачеше да ми каже дека имало ПЛЦ таму. На крај дознав дека бил у раководство на партија (небитно која) и ми стана јасно зошто не знаел.

Поентата е дека не излегува квалитетен кадар така. Не може бе некој што има 10-ка да се фали со тоа како препишал, набубал и сл. и после 2 недели врска нема што учел па кога на предавања ќе прашаат нешто одговара некој кој паднал на прв колоквиум затоа што се исполнил бројот на тие што може да положат. Не се оди напред така, така се тапка у место. И што ако имаат 10 просек, кога наместо кондензатор ставаат диода?

Професорите пак? Што да ти расправам. Ставаат два испити во исто време (ист ден, ист час) и им велиш да преместат еден и ти одговараат „Па колега не може тоа така, одбери што ќе полагаш“. Алоооо јас да одберам што ќе полагам? Сакам двата да ги полагам, ама што да правам кога квантнава физика вели дека не можам да бидам на две места у исто време. Да се жалам некаде? После треба да се збогувам од помислата дека ќе положам предмет некогаш.

Асистент прави грешка и му укажуваш на тоа...ја поправа и на крај добиваш презапишан предмет затоа што си го навредил. Каде да се жалам? Ќе ме снајде истото од погоре. Одиш на испит и ти даваат задачи со грешки кои треба да се правиш дека не се грешки. Ги поправаш и на крај ти велат дека не требало така да работи програмата што си ја напишал.

И на крај СП? Партии. Како да се замешам у нешто што е партиско? И Слободен Индекс се декларираат како непартиска организација, но повеќе од јасно е кој и зошто стои позади нив.

И не е убаво бе секој да оди на факултет. Се оди ако стварно сакаш да студираш нешто т.е. убаво да го проучиш и да си способен да бидиш дел од напредокот, а не да одиш на факултет и да гледаш начин како да се измолкнеш со препишување/бубање и после поим да немаш што си студирал.

[QUOTE="existence, post: 158714, member: 621"] Да не ти изградат споменик пред факултет само :rofl Ај коа веќе коментирам да бидам барем он: Делумно се слагам со авторот на темава. Премногу факултети, премногу студенти, премногу грешно избрани студии. Резултат на сето тоа? Нема резултат. Јас ќе зборам за мојот факултет зашто за таму само можам да зборам. Кај нас на факултет има претежно студенти кои од дома ги пратиле таму зашто сестра/брат завршиле електро, зашто мислат дека со бубање ќе биде нешто од нив или зашто немале што да прават па ај ќе денгубам на факултетот, ќе идам на предавања и зашто не ме интересираат ќе си правам муабет (битно присутни се иако редовноста не носи никакви бенефиции). И сеа ти што си се трудел да простудираш убаво нешто, си седел дома да научиш, си барал материјали по интернет (странска литература претежно) и си се трудел да разбереш што учиш ти даваат сајнс фикшн проблем (приемен за во НАСА) кој што ако не си бубал на памет или не си го презапишал предметот (како би имал доволно време да простудираш се`) нема шанси да извадиш 6-ка, а не 10-че. И си викаш „Што и да е не учам напамет, ќе седнам и ќе научам“. Но на крај гледаш дека пола колеги извадиле солидни поени, а ти си одвај со една шестка или си паднал. Идат лабораториски и си мислиш „Шо ќе правам...не сум баш најспремен“ ама гледаш дека вежбите се она што си го учел да го разбереш подобро. И се` е супер у лабораторија се` додека не премириса некој цркнат кондензатор (кој што колешката која има 10-ка грешно го сврзала), не почнат да пукаат засилувачи, не почнат да цркнуваат унимери зашто колегите кои се фалеа со поените мереле струја паралелно на потрошувач или сл... се` додека колешката која е редовна на консултации и не смее никој да ја праша ништо не го побрка цел осцилоскоп зашто не ставила маса... Има уште мал милион примери, но не е тоа поентата. Поентата е што утре ќе треба да се соочи со ист таков проблем и нема да знае основна работа а има диплома инженер. Имав еднаш прилика да правам муабет со електраш кој завршил пред 10 години и сеа работи у ТЕЦ Неготино и пола саат се мачеше да ми каже дека имало ПЛЦ таму. На крај дознав дека бил у раководство на партија (небитно која) и ми стана јасно зошто не знаел. Поентата е дека не излегува квалитетен кадар така. Не може бе некој што има 10-ка да се фали со тоа како препишал, набубал и сл. и после 2 недели врска нема што учел па кога на предавања ќе прашаат нешто одговара некој кој паднал на прв колоквиум затоа што се исполнил бројот на тие што може да положат. Не се оди напред така, така се тапка у место. И што ако имаат 10 просек, кога наместо кондензатор ставаат диода? Професорите пак? Што да ти расправам. Ставаат два испити во исто време (ист ден, ист час) и им велиш да преместат еден и ти одговараат „Па колега не може тоа така, одбери што ќе полагаш“. Алоооо јас да одберам што ќе полагам? Сакам двата да ги полагам, ама што да правам кога квантнава физика вели дека не можам да бидам на две места у исто време. Да се жалам некаде? После треба да се збогувам од помислата дека ќе положам предмет некогаш. Асистент прави грешка и му укажуваш на тоа...ја поправа и на крај добиваш презапишан предмет затоа што си го навредил. Каде да се жалам? Ќе ме снајде истото од погоре. Одиш на испит и ти даваат задачи со грешки кои треба да се правиш дека не се грешки. Ги поправаш и на крај ти велат дека не требало така да работи програмата што си ја напишал. И на крај СП? Партии. Како да се замешам у нешто што е партиско? И Слободен Индекс се декларираат како непартиска организација, но повеќе од јасно е кој и зошто стои позади нив. И не е убаво бе секој да оди на факултет. Се оди ако стварно сакаш да студираш нешто т.е. убаво да го проучиш и да си способен да бидиш дел од напредокот, а не да одиш на факултет и да гледаш начин како да се измолкнеш со препишување/бубање и после поим да немаш што си студирал. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Колку нозе има кучето? (напишете со букви)
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Колумни
Студентите во Македонија
На врв
Bottom