Скопје во средниот век

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Да сте родени во Скопје и да не си ја знаете историјата за родниот град е срамота.. Ајде следуваат неколку лекции по историја:
Слика од средновековно Скопје
Srednovekovno-Skopje.jpg
Започнувам со Виргинскиот манастир најубавиот и најголемиот во Скопје. Дивјачки е срушен од страна Турците Османлии и на негово место е изградено џамија денес познатата Султан Мурат џамија (90% од џамиите во Македонија се со црковни темели). ИВЗ не дава да се истражува затоа што типично за нејзе е да негира се иако историски е точно се ова и докажано.
Виргински манастир, Скопје
02BAB8ED9EFA0C4F9FE1A1DC182F5E38.jpg
Според досегашните истражувања, пред девет века на Виргано брдо, над реката Серава, спроти средновековно Скопје или Калето, како што сега се нарекува тој простор, бил изграден најголемиот и најбогат манастир во овој дел на Македонија. Манастирот бил посветеи на Свети Ѓорѓи-Скороподвижник и бил познат во цела Византија. Инаку, како што може да се утврди од зачуваните грамоти во Хиландар, овој исклучително значаен манастир бил изграден во времето на цар Самуил, но секој нареден владетел на овој дел од Македонија редовно му ги потврдувал привелигиите и имотите. Така, кога во 1040 г. македонските востаници го зазеле градот Скопје, нивниот водач Петар Делјан ги потврдил овластувањата на Виргинскиот манастир, кои биле определени од византискиот император Роман Трети Аргир, кој се смета за негав ктитор. За жал, по околу 400 години и по огромниот углед меѓу христијанското население, на 27 априп 1428 г, во времето на Мурат-бег, Османлиите го разурнале манастирот, а осум години подоцна, токму врз неговите темели, била изградена Султан-Муратовата џамија. Прифаќањето на тој податок, навестен од Васил К'нчов уште во 1898, а подоцна, во 1968 г, потврден и образложен во два наврата и од Константин Петров во Годишниот зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, ја разрешува дилемата околу локацијата на некогашниот прочуен манастир 'Свети Ѓорѓи- Скороподвижник'.

Според проф. д-р Илија Велев, кој со години ги истражува македонските манастири, Виргинскиот манастир во Скопје бил еден од најзначајните манастири на територијата на цела Македонија. Економската благосостојба на овој маиастир придонела тој да располага со бројно и образовано монаштво. Во неговото братство се наоѓале грамотни и високопросветени монаси, со чија дејност манастирот прераснал во голем духовен и скрипторски центар. Манастирот распопагал со богата библиотека од ракописни книги, но и даровни грамоти на многуте владетели. За жал поради судбината што ја доживеал, на истражувачите им е оневозможено да идентификуваат барем дел од целото книжевно наследство на овој скрипторски центар и да се претстават некои од позначајните тамошни книжевни дејци. Најверојатно, голем дел од книжевното наследство од манастирската библиотека на Виргинскиот манастир било уништено, а само мал дел бил разнесен во други манастири. Сепак, исклучително значајната книжевна традиција на овој скрипториум може да се реконструира според досега сочуваните преписи на владетепските грамоти, наменети на овој мачастир. Овие владетелски документи, потврдуваат дека Виргинскиот манастир бил значаен духовен центар во Скопската епархија, а владетелите инсистирале токму таму да се препмшуваат даровните повелби. Ваквиот углед на манастирот доаѓа и од таму што во него престојуаале книховници со висока духовна, просветна, грамотна и правна култура. Секоја ориганална царска повелба морала да има свечени копии за покажување пред даночни, судски и други органи. Самата владетелска канцеларија нарачувала копии за себе, за манастирот и за патријаршијата.

 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Локацијата каде што бил изграден манастирот навистина е прекрасна, па затоа не е чудно што Турците решиле да га урнат и на тоа место да изградат џамија веднаш штом стапнале во Македонија. Џамијата била посветена на тогашниот султан Мурат, и била една од најголемите во овој дел на Балканот. Истата џамија постои и денес, и се' уште е најголема џамија во Скопје. Според податоците до кои дојдовме, истражувајќи га претпоставките за можната локација иа Виргинскиот манастир, денешната Султан-Муратова џамија има површина под покриен простор од околу 900 метри квадратни. Доколку навистина е изградена врз темелите на манастирската црква на Виргинскиот манастир, тогаш може да се претпостави за каков средновековен македонски објект станува збор. Значи, таа секако била најголема црква и најголем манастирски комплекс во овој дел на Македонија. Се разбира, делови од целиот комлекс би требало да има во дворот на сегашната џамија, потоа околу постојната Саат-кула, Виргино брдо, кое подоцна е узурпирано за изградба на куќи. Ридот денес е буквално покриен со разни градби, доградби, огради и куќи, меѓу кои најголем дел се постари од стотина години. Само неколку стотина метри од Виргино брдо е комплексот на Универзитетот 'Свети Кирил и Методиј'. Од она што ни е нам познато досега не се направени никакви археолошки обиди да се открие барем дел од темелите на прочуениот манастир, за кој свои даровни грамоти издавале византиски Цареви, а подоцна и српските, како и бугарските владетели кои во одредени периоди владееле со Македонија.


 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludi Maks

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Најверојатното претворањето на манастирот во џамија во 1436 г, сосема ја прекинало 6огатата книжевна дејност на овој културен и духовен центар на Македонија. Инаку, првите книжевни пројави во Виргинскиот манастир треба да се поврзуваат со почетокот на 11 в, кога тој бил изграден, а подоцна и обновен. Во тогашниот скрипториум, се препишувале богослужбени и проповедни книги, а се напишале и првите Даровни грамоти на основачот - Царот Роман Трети-Аргир, како и на царот Алексеј Комнин, кој подоцна го обновил манастирот. Во Виргинската грамота на Константин Асен-Тих, на пример, стои дека тогашниот игумен на манастирот Варлаам ги дал на увид пред царот претходните даровни грамоти што се чувале во трезорите на библиотеката. Исто така, Виргинската грамота на крал Милутин била напишана според претходно сочувачи правни споменици за манастирот, како што потврдува во своето истражување и професор Владимир Мошин. Овие две грамоти, заедно со онаа на феудалниот господар Вук Бранковиќ, кој во еден период исто така владеел со овој дел на Македонија, денес се чуваат во Хиландар. Досегашните научни сознанија за грамотите на Виргинскиот манастир ја илустрираат сликата за исчезнувањето на нивните оригинали и на преписите што се чувале во манастирската библиотека. Значењето и стратегиското место каде што бил подигнат манастирот, биле причина тој да биде интересен за многу освојувачи. Од ридот се пружа глетка кон сите страни на скопската котлина, а лицето на манастирот било свртено кон тврдината Кале, односно кон тогашниот средновековен град. На неколку подоцнежни цртежи може да се види дека токму на местото на денешната Султан-Муратова џамија постои манастирски комплекс со конаци, камбанарија, црква и други предружни објекти, меѓу кои секако треба да е и библиотеката како и зградата каде што работеле тогашните книжевници и препишувачи. Во дворот на сегашната џамија на Виргино 'брдо' била изградена и импозантната Саат-кула, со часовници кои можеле да се видат од сите четири страни. Домаќинот што се грижи за џамијата ни објаснува дека до Втората светска војна во празните, вдлабнати кругови на врват од Саат-кулата имало големи златни часовници што го покажувале времето на сите патници што минувале низ Скопје. Часовниците, според него, биле однесени од Бугарите при повлекувањето од Македонија. Иако се обидовме да пронајдеме некаква информација и за тој настан, потврда за тоа не успеавме да добиеме.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Од друга страна, се разбира аматерски, забележавме дека при копањето за поставување инсталации во џамијата, биле откриени стари камени блокови, кои потсетуваат на оние што се вградени во црквите од тој период, како што се камените блокови иа црквата 'Свети Панателејмон' во Нерези. Камените остатоци кои може да бидат и од темели на некој од објектите на Виргинскиот манастир, уште стојат во еден дел од дворот. Наскоро, како што ни рекоа во џамијата, ќе се преместува и комплетната инсталација, така што при раскопувањето на дворот може да се откријат и други археолошки предмети кои 6и можеле со сигурност да ја потврдат тезата дека токму под Султан-Муратовата џамија во Скопје се наоѓаат темелите на многу значајниот манастир 'Свети Ѓорѓи-Скороподвижник', кој речиси шестотини години е обвиткан со мистерии, почнувајќи од тоа каде би можел да се наоѓа, па се' до прашањето дали негде во затрупаните манастирски трезори допрва може да се пронајдат дел од скапоцените книги и други предмети битни за историјата на Македонија.

Според грамотата на крал Милутин може да се констатира дека овој српски освојувач Виргинскиот манастир го затекнал во многу лоша состојба, па затоа веднаш штом го освоил Скопје наредил негово обновување. Исто така, тој извршил и реорганизација на манастирот со цел да го претвори во репрезентативен духовен и културен центар на својата нова престолнина. Назначил и тричлена комисија за да ги проследи поранешните манастирски правни документи со дарувањата на постарите владетели. Во комисјата работеле Студеничкиот игумен Сава, кралскиот властелин Никола Опареша и манастирскиот 'ѓак' Дабиша, кој, како опитен книжевник, ја пишувал Вергинската грамота од 1300 г. Составот на комисијата одговарал на рангот на кралски манастир каков што бил Виргинскиот храм 'Свети Ѓорѓи Скороподвижник'. Истиот крал со посебна грамота го реконструирал имотот на манастирот и ги определил неговите права. За жал, неговите наследници, кои, исто така, како освојувачи владееле со овој дел, го ослабнале кралскиот статус на манастирот, па кон крајот на 14 в. Виргинскиот манастир станал метох на Светогорскиот манастир Хиландар, за да му служи на неговото монаштво како преноќиште кога доаѓале во Скопје.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Во тоа време манастирот го изгубил високиот ранг, а останал целосно и без своето огромно книжевно богатство. Од грамотата на Вук Бранковиќ, пак, може да се види дека било определено половина од приходот да останува во Виргинскиот манастир, а другата половина да ја зема хиландарскиот манастир на Света Гора. Потоа, како што може да се види и од еден Богослужбен зборник од крајот на 14 в, кој денес се чува во таканаречената Хлудова збирка во Москва, се случил оној 27 април 1426 г, кога Турците до темел го урнале Вирганскиот манастир. Неколку години подоцна, во 1436 најверојатно токму врз неговите темели била изградена Султан-Муратовата џамија. Каква судбина доживеале скапоцените ракописни книги од богатата библиотека и манастирските трезори не се знае, но и таа мора да била слична со онаа што ја доживеал самиот Виргински манастир. Инаку, поголемиот број од ракаписниот фонд, со кој распалагал манастирот, бил пишуван во неговиот скрипториум и од рацете на тамошните монаси и книжевници. Може да се претпостави дека најголем дел од книжевното наследство било уништето од Османлиите при разурнувањето на манастирот, а само мал дел бил навреме однесен во други манастири. Меѓутоа, се разбира, трагедијата што се случила со уништувањето на Виргинскиот манастир, не ја избледува историската слика за него како значаен духовен и книжевен центар во Скопската епархија, каде што книжевната дејност ја стимулирале и самите владетели. Дури и владетелските канцеларии порачувале копии на ракописни книги за себе, за манастирот и за патријаршијата.
И се извиниувам за постовите ама мал е бројот т.е. ограничен сум со карактерите.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Скопје во среден век. Единствена фотка од тоа време ја има на 100 денарката
DSCN0523.jpg

Скопје, гравура од 1594 год. прозорец од албанска куќа
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Скопје во среден век. Единствена фотка од тоа време ја има на 100 денарката
DSCN0523.jpg

Скопје, гравура од 1594 год. прозорец од албанска куќа
Албанци во тоа време во Скопје нема.. Првото населување на Албанци во Скопје е по Карпошовото Востание како платеници, а подоцна во 18-ти век и како население. За тоа сведочат бројните Турски документи и патеписи..
Затоа се отфрла како историски неточно...
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Албанци во тоа време во Скопје нема.. Првото населување на Албанци во Скопје е по Карпошовото Востание како платеници, а подоцна во 18-ти век и како население. За тоа сведочат бројните Турски документи и патеписи..
Затоа се отфрла како историски неточно...
јас напишав што пишува на банкнотата....Мислам дека сликата на банкнотата е фикција....Сака да се прикаже поглед од некоја албанска куќа (како што велиш од 18ти век па наваму) кон средновековието. Кој гради раскошна куќа надвор од утврдување? :)
Ме интересира дали тоа утврдувањето на сликава всушност е Скопското Кале