Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Сакам да кажам/Сакам да прашам
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Абе океј, горе-долу така е сето тоа и не е само потреба за прикажување како селф-мејд личности, туку е и потреба за лечење на комплекси и потреба за празнење на револтот кој го ствараат тие комплекси. А помалку или повеќе сите си имаме по некој комплекс и веројатно затоа сите судиме и осудуваме, величајќи си ја со тоа сопствената личност. Демек таа е размазена и не знае сама ни вода од чешма да си земе, а наспроти неа јас сум напатена, маката ме научила да стојам на свои нозе и сама да си го заработам лебот.... итн итн итн.

Испаѓа дека ако некој е размазен и мама и тате сѐ му овозможиле по дифолт е лоша личност, ор****ја и незнам уше шо, а тој другиот шо немал можност да биде до толку размазен и шо е напатен и намачен е добра личност, со ептен позитивни карактеристики сите на куп.

И сега ситуација, некој некаде слушнал муабет, некоја ни чуена, ни видена се фали и велича со парите на тате... И шо? Шо ме заболе ако се фали? Нит ми зела мои пари, нит ми го пореметила текот на мојот живот, нит па ми зависи судбината моја од нејзиното однесување. Нејзе ѝ е тоа некое врвно задоволство? Нека ѝ биде.

Ама ако скокнам да реагирам, ако ме исполни револт заради такво нешто, значи дека ме допрело на некоја лична основа, ми допрело некоја болна точка, погодило баш некој од тие мои комплекси. И ми е криво. Признала или, ама длабоко во мене ми е криво оти јас сум морала и морам да се мачам додека некој добивал сѐ на готово.

Велиш ќерката на стечаецот поинаква приказна ќе каже. Епа ќе каже, ќе ја боли маката на родителите, ќе ја боли к'сметот, ќе ѝ е криво шо не е поинаку. Ама па шо е во сето тоа крива ќерката на газдата? Ако таткото ја цицал фирмата, шо е крива ќерката?

Сите судиме, да, судиме и осудуваме кога нѐ боли, па велиме - „абе се врти тркалото, парите на тате нема да секогаш тука“, и потајно се надеваме и одвај чекаме да дојде денот кога тој шо бил таму горе ќе се најде подолу од нас. И тогаш ќе ни се наполни душичката? Демек ете сега е фер.

Мене ми е сето тоа беспотребно. Да си ја трујам јас душата со гнев и со револт и со омраза во краен случај, заради ова или она, не си дозволувам. Толку колку сум способна се трудам да не ми се пикнат тие во душата.

За ситуации кога моите најмили би се нашле директно засегнати, не зборам.

[QUOTE="lady_blue, post: 262624, member: 67"] Абе океј, горе-долу така е сето тоа и не е само потреба за прикажување како селф-мејд личности, туку е и потреба за лечење на комплекси и потреба за празнење на револтот кој го ствараат тие комплекси. А помалку или повеќе сите си имаме по некој комплекс и веројатно затоа сите судиме и осудуваме, величајќи си ја со тоа сопствената личност. Демек таа е размазена и не знае сама ни вода од чешма да си земе, а наспроти неа јас сум напатена, маката ме научила да стојам на свои нозе и сама да си го заработам лебот.... итн итн итн. Испаѓа дека ако некој е размазен и мама и тате сѐ му овозможиле по дифолт е лоша личност, ор****ја и незнам уше шо, а тој другиот шо немал можност да биде до толку размазен и шо е напатен и намачен е добра личност, со ептен позитивни карактеристики сите на куп. И сега ситуација, некој некаде слушнал муабет, некоја ни чуена, ни видена се фали и велича со парите на тате... И шо? Шо ме заболе ако се фали? Нит ми зела мои пари, нит ми го пореметила текот на мојот живот, нит па ми зависи судбината моја од нејзиното однесување. Нејзе ѝ е тоа некое врвно задоволство? Нека ѝ биде. Ама ако скокнам да реагирам, ако ме исполни револт заради такво нешто, значи дека ме допрело на некоја лична основа, ми допрело некоја болна точка, погодило баш некој од тие мои комплекси. И ми е криво. Признала или, ама длабоко во мене ми е криво оти јас сум морала и морам да се мачам додека некој добивал сѐ на готово. Велиш ќерката на стечаецот поинаква приказна ќе каже. Епа ќе каже, ќе ја боли маката на родителите, ќе ја боли к'сметот, ќе ѝ е криво шо не е поинаку. Ама па шо е во сето тоа крива ќерката на газдата? Ако таткото ја цицал фирмата, шо е крива ќерката? Сите судиме, да, судиме и осудуваме кога нѐ боли, па велиме - „абе се врти тркалото, парите на тате нема да секогаш тука“, и потајно се надеваме и одвај чекаме да дојде денот кога тој шо бил таму горе ќе се најде подолу од нас. И тогаш ќе ни се наполни душичката? Демек ете сега е фер. Мене ми е сето тоа беспотребно. Да си ја трујам јас душата со гнев и со револт и со омраза во краен случај, заради ова или она, не си дозволувам. Толку колку сум способна се трудам да не ми се пикнат тие во душата. За ситуации кога моите најмили би се нашле директно засегнати, не зборам. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е тревата?
Испрати мислење
Форум
Црнобело форум
Општи муабети
Сакам да кажам/Сакам да прашам
На врв
Bottom