Реалисти или рационалисти?

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
На ваква тема од аспект на долгорочното расправање и полемизирање има да се навлегува во безброј дискусии и лавиринти. Секако, темата е "Филозофија" па не гледам зашто и ние не би оделе до таму.

Воведот на темата би сакал да ви биде како појдовна точка за размислување. Дали преку најобична тема на форум вие сте реалисти (да, постои темава, и реално треба убаво да ја анализираме за да дојдеме до заклучок) или сепак ќе идете по рационалниот инстикт (дај да не губиме време, накратко да образложам и да не филозофирам многу).
Нормално, да се збори за вакви два поима, постојат мерни единици во денови и години (за оној кој се чувствува како филозоф во душата) а некому нема да му го привлечеме вниманието.

Како ја сфаќате рационалноста? Како ја опишувате реалноста? Дали свесно се водите по некоја од овие две гранки на филозофијата или инстиктивно се однесувате од ситуација во ситуација?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Рационализмот вели дека за да се биде рационалист треба да се потпираш на логиката и чистиот разум. Јас мислам дека поссодветен наслов овде би бил „Рационализам vs. Емпиризам“ (емпиризмот вели дека искуствата се важни).
Јас себе си се сметам за рационалист, затоа што пред било што да направам морам да анализирам и да ја предвидам буквално секоја следна ситуација што би настанала и сите последици кои ги носат истите тие ситуации што би настанале. Токму тоа е и причината поради која многу работи сум ги одложувал или сум дал малку закасната реакција.


Praetorian Не знам зошто мислиш дека реалисти се оние што анализираат, а рационалисти оние кои кратко и јасно образложуваат. Јас сметам дека овие два поими не се баш така лесно објасниви. Реалисти би ги нарекол оние кои ги имаат вистинските очекувања и проценки на одредена ситуација, а рационалисти оние кои ќе дојдат до своите проценки и очекувања користејќи ја својата логика и својот разум без да се потпираат на личните чувства и искуствата. Повеќе би рекол дека спротивно од рационализмот е емпиризмот, а не реализмот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and lady_blue