Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

5.

Г-ѓата Таа-и-таа навистина мислеше дека нејзината работа е најубавата работа на светот. Само, понекогаш, забораваше. За волја на вистината, тоа “понекогаш” се случуваше многу почесто отколку поретко, но сепак, на крајот на денот, кога вообичаено именуваниот понеделник биваше преименуван во Краен рок 18.00!, г-ѓата Таа-и-таа, се присетуваше.

Додуша се присетуваше и дека првичната идеја во однос на тоа како би требало да функционира атељето на г-ѓата Таа-и-таа беше, најблаго речено, малку поинаква, но “што да се прави, кога мораш да се прилагодиш, тогаш барем прилагоди се практично”.

А г-ѓата Таа-и-таа, одамна беше научила како да биде практична личност.

Имено, кога г-ѓата Таа-и-таа, тогаш сеуште г-ѓица Второродена-ќерка-на-…. , имаше осумнаесет години, на голема врата ја објави својата единствена животна желба и цел, да биде сликарка.

Имајќи во предвид дека во поширокото семејство Фиљан, дотогаш никој ниту изразил таква желба, а Богами ниту пак помислил на такво нешто, не е тешко да се претпостави реакцијата која објавата на тогаш сеуште г-ѓицата Второродена-ќерка-на-… , ја беше предизвикала.

Во тоа време беше било незамисливо “една млада дама да се занимава со таква непроверена и опасна работа, која никако нема да и` обезбеди финансиска сигурност, посебно не во едно такво Боже-ме-прости забаталено место”.

Советот на поширокото семејство Фиљан, после долго и исцрпно заседавање, донесе едногласна одлука “таа неразумна желба да биде под итно преиспитана, а фала Богу и преиначена, во некоја друга, попрактична и финансиски оправдана”.

Г-ѓата Таа-и-таа, тогаш сеуште г-ѓица Второродена-ќерка-на-…. се обиде да го искористи својот скриен адут, употреба на драматизација и тоа во невиден дотогаш обем, но советот на семејството Фиљан не се предаваше. Крајниот заклучок беше тој – да се постапи практично!

На младата, тогаш сеуште г-ѓица Второродена-ќерка-на-… не и` преостануваше ништо друго, освен да постапи практично.

Па, така и направи.

И се омажи за сликар.

Сепак, бидејќи ова се “Приказни од врвот на иглата”, а не “Приказни од спалната соба”, на г-динот Тој-и-тој нема да се навраќаме повеќе од неопходниот минимум.

[QUOTE="lady_blue, post: 66986, member: 67"] 5. Г-ѓата Таа-и-таа навистина мислеше дека нејзината работа е најубавата работа на светот. Само, понекогаш, забораваше. За волја на вистината, тоа “понекогаш” се случуваше многу почесто отколку поретко, но сепак, на крајот на денот, кога вообичаено именуваниот понеделник биваше преименуван во Краен рок 18.00!, г-ѓата Таа-и-таа, се присетуваше. Додуша се присетуваше и дека првичната идеја во однос на тоа како би требало да функционира атељето на г-ѓата Таа-и-таа беше, најблаго речено, малку поинаква, но “што да се прави, кога мораш да се прилагодиш, тогаш барем прилагоди се практично”. А г-ѓата Таа-и-таа, одамна беше научила како да биде практична личност. Имено, кога г-ѓата Таа-и-таа, тогаш сеуште г-ѓица Второродена-ќерка-на-…. , имаше осумнаесет години, на голема врата ја објави својата единствена животна желба и цел, да биде сликарка. Имајќи во предвид дека во поширокото семејство Фиљан, дотогаш никој ниту изразил таква желба, а Богами ниту пак помислил на такво нешто, не е тешко да се претпостави реакцијата која објавата на тогаш сеуште г-ѓицата Второродена-ќерка-на-… , ја беше предизвикала. Во тоа време беше било незамисливо “една млада дама да се занимава со таква непроверена и опасна работа, која никако нема да и` обезбеди финансиска сигурност, посебно не во едно такво Боже-ме-прости забаталено место”. Советот на поширокото семејство Фиљан, после долго и исцрпно заседавање, донесе едногласна одлука “таа неразумна желба да биде под итно преиспитана, а фала Богу и преиначена, во некоја друга, попрактична и финансиски оправдана”. Г-ѓата Таа-и-таа, тогаш сеуште г-ѓица Второродена-ќерка-на-…. се обиде да го искористи својот скриен адут, употреба на драматизација и тоа во невиден дотогаш обем, но советот на семејството Фиљан не се предаваше. Крајниот заклучок беше тој – да се постапи практично! На младата, тогаш сеуште г-ѓица Второродена-ќерка-на-… не и` преостануваше ништо друго, освен да постапи практично. Па, така и направи. И се омажи за сликар. Сепак, бидејќи ова се “Приказни од врвот на иглата”, а не “Приказни од спалната соба”, на г-динот Тој-и-тој нема да се навраќаме повеќе од неопходниот минимум. ……………. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е тревата?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази
На врв
Bottom