Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

3.

Тоа што атељето на г-ѓата Таа-и-таа навистина не се наоѓаше на било кое друго место на Земјината топка, ами "на ова Боже-ме-прости забаталено место", за г-ѓата Таа-и-таа беше колку казна толку и благослов.

Се разбира зборот "казна" е предраматичен, но г-ѓата Таа-и-таа неретко имаше обичај да драматизира. Ништо необично кога ќе се земе во предвид фактот што г-ѓата Таа-и-таа потекнуваше од семејство, кое слободно можеше да се нарече "Комплетна збирка на примероци од разновидни човечки карактери", па еден од најдобрите начини, а понекогаш и еден од единствените начини да се привлече и задржи вниманието на околината врз себе, беше токму тоа - употребување на драматизација при изразувањето на желбите, мислите, идеите и чувствата.

Како второродена ќерка во семејството на г-ѓата и г-динот Фиљан-и-фиљан, а воедно и како последнородена, односно најмала, поточно најгалена внука во рамките на поширокото семeјство Фиљан, г-ѓата Таа-и-таа, тогаш се разбира само г-гица Второродена-ќерка-на-г-ѓа-и-г-дин-фиљан-и-фиљан, ја имаше можноста одблизу да ги набљудува разновидните примероци од човечки карактери кои го исполнуваа нејзиното секојдневие.

Тогаш сеуште малата г-ѓица Второродена-ќерка-на-..... имаше необично силна дарба не само за набљудување, ами и за забележување на секакви детали, се` до оние најситните, па не ѝ претставуваше никаква тешкотија да сфати како и зошто функционираат нештата во рамките на поширокото семејство Фиљан. Па така, за брзо време си ги дефинираше насоките по кои треба да се движи, како и начините на кои треба да се движи. Во зависност од тоа што ѝ се вртеше низ главатa како желба или замисла, тогаш сеуште малата г-ѓица Второродена-ќерка-на-..... , дефинираше каква и колку обемна драматизација ќе ѝ биде потребна.

Сепак, генетиката не е така едноставна работа, па понекогаш при комбинирањето на дадените генетски материјали се провлекуваат и непредвидени детали, доволни за да ја нарушат однапред утврдената математичка формула. Така, при комбинирањето на генетските материјали на г-ѓата и г-динот Фиљан-и-фиљан, процес чиј крајна цел беше билa г-ѓицата Сеуштенеродена-второродена-ќерка-на-...., успешно да го помине патот од идеја до реализација, се беше провлекла една нишка, (до денес не е со сигурност утврдено по чија вина, иако трагите повеќе насочуваат кон г-ѓата Фиљан-и-фиљан, отколку кон г-динот Фиљан-и-фиљан) која во вообичаените збирки на примероци на разновидни човечки карактери, дополнети со списоци на човечки карактеристики, се наоѓа под буквата "Д", според општоприфатеното име кое го носи. Поточно, според името "Добрина".

Не треба да се нагласува дека драматизацијата не може ни одблизу да ги достигне врвните резултати кои без проблем би ги достигнала, кога не би го имала пред себе постојано присутниот предизвик, наречен "Надитрување на Добрината во два, три, десет или повеќе чекори".

Треба ли воопшто да се нагласи дека предизвикот најчесто завршуваше со неуспех?

( „Приказни од врвот на иглата“)

[QUOTE="lady_blue, post: 62905, member: 67"] 3. Тоа што атељето на г-ѓата Таа-и-таа навистина не се наоѓаше на било кое друго место на Земјината топка, ами "на ова Боже-ме-прости забаталено место", за г-ѓата Таа-и-таа беше колку казна толку и благослов. Се разбира зборот "казна" е предраматичен, но г-ѓата Таа-и-таа неретко имаше обичај да драматизира. Ништо необично кога ќе се земе во предвид фактот што г-ѓата Таа-и-таа потекнуваше од семејство, кое слободно можеше да се нарече "Комплетна збирка на примероци од разновидни човечки карактери", па еден од најдобрите начини, а понекогаш и еден од единствените начини да се привлече и задржи вниманието на околината врз себе, беше токму тоа - употребување на драматизација при изразувањето на желбите, мислите, идеите и чувствата. Како второродена ќерка во семејството на г-ѓата и г-динот Фиљан-и-фиљан, а воедно и како последнородена, односно најмала, поточно најгалена внука во рамките на поширокото семeјство Фиљан, г-ѓата Таа-и-таа, тогаш се разбира само г-гица Второродена-ќерка-на-г-ѓа-и-г-дин-фиљан-и-фиљан, ја имаше можноста одблизу да ги набљудува разновидните примероци од човечки карактери кои го исполнуваа нејзиното секојдневие. Тогаш сеуште малата г-ѓица Второродена-ќерка-на-..... имаше необично силна дарба не само за набљудување, ами и за забележување на секакви детали, се` до оние најситните, па не ѝ претставуваше никаква тешкотија да сфати како и зошто функционираат нештата во рамките на поширокото семејство Фиљан. Па така, за брзо време си ги дефинираше насоките по кои треба да се движи, како и начините на кои треба да се движи. Во зависност од тоа што ѝ се вртеше низ главатa како желба или замисла, тогаш сеуште малата г-ѓица Второродена-ќерка-на-..... , дефинираше каква и колку обемна драматизација ќе ѝ биде потребна. Сепак, генетиката не е така едноставна работа, па понекогаш при комбинирањето на дадените генетски материјали се провлекуваат и непредвидени детали, доволни за да ја нарушат однапред утврдената математичка формула. Така, при комбинирањето на генетските материјали на г-ѓата и г-динот Фиљан-и-фиљан, процес чиј крајна цел беше билa г-ѓицата Сеуштенеродена-второродена-ќерка-на-...., успешно да го помине патот од идеја до реализација, се беше провлекла една нишка, (до денес не е со сигурност утврдено по чија вина, иако трагите повеќе насочуваат кон г-ѓата Фиљан-и-фиљан, отколку кон г-динот Фиљан-и-фиљан) која во вообичаените збирки на примероци на разновидни човечки карактери, дополнети со списоци на човечки карактеристики, се наоѓа под буквата "Д", според општоприфатеното име кое го носи. Поточно, според името "Добрина". Не треба да се нагласува дека драматизацијата не може ни одблизу да ги достигне врвните резултати кои без проблем би ги достигнала, кога не би го имала пред себе постојано присутниот предизвик, наречен "Надитрување на Добрината во два, три, десет или повеќе чекори". Треба ли воопшто да се нагласи дека предизвикот најчесто завршуваше со неуспех? ( „Приказни од врвот на иглата“) [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е Сонцето?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази
На врв
Bottom